Контакт

Надворешна политика

Јолевски во САД се заложи за поскоро интегрирање на Македонија во НАТО

Објавено пред

Министерот за одбрана Зоран Јолевски, кој престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави оствари средба со генералот Џим Џонс, поранешен советник за национална безбедност на претседателот Обама и командант за Европа на Алијансата.

dobivaj vesti na viber

На средбата беа разменети мислења за глобалната безбедносна ситуација, за кризните жаришта на Блискиот исток, како и за безбедносните предизвици со кои се соочува светот и Европа. Генералот Џонс кој како американски генерал беше вклучен во воспоставувањето на мисијата УНПРЕДЕП, го поздрави напредокот што го постигна Република Македонија во областа на одбраната. Тој високо го оцени квалитетот на придонесот што Македонија го дава во НАТО мисијата „Одлучна поддршка“.  Министерот Јолевски ги презентираше аргументите за што поскоро интегрирање на Република Македонија во НАТО. Двата соговорници разменија мислења како може да се зајакне соработката во областа на одбраната меѓу Македонија и САД, во духот на Декларацијата за стратегиско партнерство и соработка потпишана меѓу двете земји во 2008 година. Иако оваа соработка е оценета како одлична, министерот Јолевски истакна дека постои простор за нејзино уште големо интензивирање.     Министерот Јолевски во текот на денот оствари средба и со потенцијален инвеститор од САД во областа на воената индустрија. Беа разменети мислења за потенцијалите за унапредување на соработката во наменската индустрија.  Министерот за одбрана Зоран Јолевски го продолжи својот престој во САД со присуство на Конвенцијата на Демократската партија на која се очекува да се потврди номинацијата на Хилари Клинтон за претседателски кандидат. Присуството на Конвенцијата ќе биде искористено за остварување на средби со повеќе сенатори и конгресмени, како и високи функционери на американската администрација.  /крај/со/ст

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

Четворица пациенти со тешки телесни повреди се примени на хируршките клиники во Скопје

Четворица пациенти со тешки телесни повреди беа примени денеска на хируршките клиники во Скопје по вооружена пресметка на улиците во...

Македонија13 часа

ДСЗИ ќе врши вонреден надзор откако пациентка на 30 години почина во болница

Министерството за здравство инфомира дека иницира инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со случајот со починатата пациентка...

Топ13 часа

Се запали глисер во Охридско Езеро

Пожар избувнал во глисер укотвен во водите на езерото, на плажите помеѓу населбата и автокампот „Елешец“, на околу 30 метри...

Топ14 часа

Убиство среде бел ден во Тетово, во пукањето повредени се четири лица меѓу кои и дете

Едно лице загина, а четворица се повредени, меѓу кои и малолетно девојче, во вооружена пресметка што денеска околу 12:30 часот се случила...

Македонија15 часа

Војниците во касарната „Илинден“ оддадоа почит за хероите загинати кај Љуботенски бачила

Во касарната „Илинден“ во Скопје, со положување венци и цвеќе, највисоките државни претставници оддадоа почит на хероите кои го загубија...

Македонија16 часа

На 12 и на 14 август ќе биде полагањето на двата екстерни испита од државната матура

Двата екстерни испита во августовската испитна сесија од државната матура, за матурантите кои во јуни не ги положиле или не...

Македонија19 часа

Храбрите и неуморни пожарникари изгаснаа 21 пожар, активен е само уште еден

Центарот за управување со кризи информира дека до 9 часот наутро, регистрирани се вкупно 22 пожари на отворен простор. Од...

Македонија22 часа

Денес се навршуваат 24 години од загинувањето на бранителите кои нагазнаа на мина кај Љуботенски бачила

На повеќе локации во Скопје денеска ќе бидат одбележани 24 години од загинувањето на осуммината бранители, припадници на резервниот состав...

Топ1 ден

Пијан скопјанец преминал на спротивна лента кај Петровец, удрил во автомобил- повредени се две бебиња

Против 57-годишен жител на селото Трубарево, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело – Загрозување на безбедноста во...

Македонија2 дена

МВР се огласи по случајот со началникот во Демир Хисар: Преземаме соодветни мерки

Во однос на реакциите на јавноста поврзани со постапувањето на полициските службеници за време на претресот, Одделот за внатрешна контрола,...

Македонија2 дена

Сомнежи за финансиски злоупотреби и низа неправилности во Стоматолошката комора: Здравство ги презема нејзините надлежности

Поради сомнежи за финансиски злоупотреби и низа неправилности во Стоматолошката комора, Министерството за здравство ги презема нејзините надлежности, изјави министерот...

Македонија2 дена

(Видео) СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра

СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра, најави потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски. „Владата е...

Македонија2 дена

(Видео) Началник бара Итната помош на носилка да однесе директорка на информативен разговор во станица

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа началник во домот на директорка на училиште во Демир Хисар...

Свет2 дена

Зеленски остро им одговори на Трамп и Путин: Украинците нема да му ја дадат својата земја на окупаторот

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, остро ја отфрли секоја можност за територијални отстапки во замена за мир, нагласувајќи дека суверенитетот на...

Македонија2 дена

Пронајдени неексплодирани гранати од Првата светска војна во близина на ГП Меџитлија и во Старо Градско

Припадници на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) успешно реализираа две интервенции за отстранување на неексплодирани убојни средства (НУС) останати...

Свет2 дена

„Волстрит џурнал“ го објави планот за мир на Путин

Рускиот претседател, Владимир Путин, наводно му презентирал сеопфатен предлог за прекин на огнот на американскиот претставник Стив Виткоф, нудејќи прекин...

Свет2 дена

Путин и Трамп ќе се сретнат во Алјаска

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави на својата социјална мрежа Truth дека долгоочекуваната средба со неговиот руски колега, Владимир Путин, ќе...

Свет2 дена

Маск: Вештачката интелигенција ќе ги замени сите работни места, дури и моето

Илон Маск, извршен директор на „Тесла“ и еден од најбогатите луѓе во светот, издаде остро предупредување до секој што е...

Македонија2 дена

Клиниките за Токсикологија, Неврологија и Кардиологија добија нови директори

Министерството за здравство информира дека се именувани нови в.д. директори во четири јавни здравствени установи. На Универзитетската клиника за токсикологија...

Свет3 дена

Објавено е што е подготвен Путин да направи

Русија и САД  се обидуваат да постигнат договор што би ја запрел војната во Украина и би ја потврдил руската...