Контакт

Надворешна политика

Kathimerini: За Меркел, спорот меѓу Македонија и Грција е „товар“ за Европа

Објавено пред

Според германската канцеларка Ангела Меркел, спорот за името меѓу Македонија и Грција претставува „товар“ за Европа, коментира грчкиот весник Kathimerini, осврнувајќи се на изјавата на Меркел во вторникот на средбата на регионалните лидери во Дубровник.

 

„На овие средби редовно има официјален гостин и лидер од една голема земја на ЕУ, а  во јули минатата година учествуваше францускиот претседател Оланд, кој вети дека Франција ќе гради пријателство со Грција за да се создаде можност за постигнување на  решение за прашањето за името. Канцеларката вчера отиде чекор подалеку, нарекувајќи го нерешеното прашање како „товар“. Сепак таа изрази оптимизам дека може да се најде решение“, коментира грчкиот весник, додавајќи дека ова било „втората голема интервенција на Меркел за прашањето за името, откако во ноември минатата година имаше средба со специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц во Берлин“.

 

Грчкиот весник исто така коментира дека „дипломатските кругови во Атина изразиле загриженост во последниве месеци поради иницијатива Македонија да стане членка на НАТО на Самитот на Алијансата во Кардиф во септември, но сепак генералниот секретар Расмусен потврдил дека прашањето за проширувањето нема да биде на агендата“./крај/мф/бс

Македонија

Спасовски со црногорската амбасадорка: Со пријателска Црна Гора чекориме по патот како сојузници во НАТО и идни членки на ЕУ

Објавено пред

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, придружуван од заменик-министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Неџад Мехмедовиќ, денеска се сретнаа со претставници на Здружението на Црногорците во нашата земја, предводени од претседателот Борис Попивода, како и амбасадорката на Црна Гора Н.Е. Марија Петровиќ.

Спасовски на претставниците на Црна Гора им го честиташе Денот на државноста, 13 Јули, со желби за продолжување на пријателските односи, како и продолжување и зајакнување на билатералната и економската соработка.

Премиерот Спасовски оценувајќи ја позитивно заложбата и соработката на Здружението на Црногорците во насока на унапредување на односите меѓу Северна Македонија и Црна Гора, упати честитки и до амбасадорката Петровиќ, за нејзината успешна работа и особен придонес во подобрувањето на билатералната соработка во сите области од заемен интерес.

„Црна Гора е една од најблиските, најпријателски и најбратски партнери на Северна Македонија и така и ќе остане. Благодарам за вашата поддршка на нашиот пат, кој го одиме заеднички, патот кон остварување на нашите евро-атлантски интеграции, како членки на НАТО и идни членки на Европската Унија“, истакна премиерот Спасовски.

На средбата беше разговарано и за неопходните мерки што се преземаат за успешно справување со корона-кризата и беше потенцирано дека изборите на 15 јули, идната недела, ќе бидат успешно, демократски спроведени, како што доликуваат на земја членка на НАТО и на земја на европската демократија, која ја чекори последната фаза до полноправното членство во ЕУ.

Претседателот Попивода, во име на Здружението на Црногорците во нашата земја, на премиерот Спасовски му подари пригоден подарок поздравувајќи го придонесот кон создавање услови за учество на Заедницата во граѓанскиот концепт на државата, во кој и тие како заедница сесрдно учествуваат и го поддржуваат.

Прикажи повеќе...

Македонија

Холштајн: Германија ќе се заложи максимално да ја засили европската перспектива на регионот

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, одржа средба со новата вонредна и ополномоштена амбасадорка на Германија, Анке Гизеле Холштајн, која во оваа пригода ги предаде копиите на акредитивните писма.

„Покрај интензивната билатерална соработка во изминативе три години, која посветено се стремиме да ја продлабочуваме и во иднина, со нетрпение го очекуваме и заедничкиот успех – првата меѓувладина конференција да биде организирана токму за време на германското претседавање со Советот на ЕУ. Благодарни сме за досегашниот германски придонес во градењето консензус и донесување  позитивна одлука за започнување преговори за членство во Европската Унија, во март ова година“, рекол Димитров на средбата, соопшти МНР.

Тој оценил дека во изминатиов период се бележи исклучително динамичен билатерален политички дијалог и соработка во повеќе области од заемен интерес.

Амбасадорката Холштајн ја повторила поддршката на Германија за реализација на нашите стратешки приоритети, подвлекувајќи дека иако германското претседавање со Советот на ЕУ е исправено пред најголемиот економски предизвик во историјата на ЕУ поврзан со заздравување на земјите погодени од коронавирусот, ќе се заложи максимално да ја засили европската перспектива на нашиот регион, а со тоа и да обезбеди стабилност и развој на Западниот Балкан.

Соговорниците се осврнале и на актуелните епидемиолошки состојби и здравствените предизвици со кои се соочува нашиот регион и пошироко, при што министерот Димитров упатил благодарност до Германија за нејзината досегашна помош за борба со пандемијата во нашата земја. На средбата станало збор и за подготовките за одржување демократски и фер предвремени парламентарни избори во Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров: За нас Македонците, македонскиот јазик е затворено прашање и дома и во светот

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, по покана на Македонската академија на науките и уметностите, денеска присуствуваше на промоција на четирите капитални изданија за македонскиот јазик.

„За нас Македонците, македонскиот јазик е затворено прашање и дома и во светот. Секое пријателство, за да биде вистинско, и европските интеграции, за да бидат европски, го подразбираат нашето право на самоопределување“, рече Димитров.

На иницијатива на МАНУ и со целосна поддршка и вклученост на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Советот за македонски јазик, деновиве од печат излегоа делата: „Македонскиот јазик – континуитет во простор и време“, колективна монографија во која е даден синтетски преглед на историскиот развој на македонскиот јазик од IX век, па сè до неговата кодификација; „Погледи за македонскиот јазик“, меѓународен зборник на трудови, во кој над 40 странски и македонски лингвисти имаат свои прилози за разни аспекти на македонскиот јазик; „Македонска хрестоматија“, избор на позначајни македонски текстови од IX до XX век; и „Лингвистички атлас на македонските дијалекти (според материјалите на ОЛА)“, кој дава продлабочен увид во лексичкото богатство на македонските дијалекти.

Прикажи повеќе...

Најново

Аја Софија, Истанбул Аја Софија, Истанбул
Регион15 минути

„Аја Софија“ повторно стана џамија

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска потпиша декрет со кој музејот „Аја Софија“ во Истанбул повторно станува џамија. Ова следи...

Македонија2 часа

Излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот

Во ГОБ „8 Септември“ е излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија3 часа

Патниците од регионот не треба да приложуваат негативни тестови ако само транзитираат низ земјава

Главниот координативен кризен штаб ги објави насоките и пропозициите врз основа на кои државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и...

Македонија4 часа

Шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус. Оздравени се 336 заболени....

Македонија4 часа

Затворени две текстилни фабрики во Свети Николе, пријавени се случаи на коронавирус

Двете фабрики на конфекцијата „Мода“ во Свети Николе ги затворија погоните по појавата на случаи на коронавирус, соопшти градоначалникот на...

Македонија4 часа

Петровска за случајот во Штип: Не станува збор за поткуп на гласачи, туку за економски криминал

„Очајници прават очајнички потези“, напиша заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во врска со објавата на министерот Наќе Чулев за...

Македонија5 часа

(Видео) Јанушев: Очекуваме победа и ќе коалицираме со оние што ќе ја прифатат нашата програма

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ очекува победнички изборен резултат и мандат за формирање влада, изјави генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, во интервју...

Свет6 часа

Казахстан ги негира кинеските тврдења дека во земјата има пневмонија поопасна од Кoвид-19

Министерството за здравство на Казахстан ги отфрли кинеските тврдења дека во земјата циркулира непозната пневмонија, која е посмртоносна од коронавирусот....

Топ6 часа

Пронајдени 26 украдени велосипеди, приведени крадци во Скопје

Три лица се приведени под сомнение дека краделе велосипеди од подруми и станови во Скопје. Е. М. (24) и А....

Топ7 часа

Сопственик на продавница им ветувал на купувачите дека ќе им ги прости долговите ако гласаат за СДСМ

Сопственик на продавница во Штип ветувал дека ќе им избрише долг на неколку лица ако на изборите гласаат за СДСМ,...

Регион8 часа

(Видео) Протестите во Белград поминаа мирно, се играше и оро

Во Србија се одржаа нови протести против мерките воведени поради епидемијата на коронавирус и против владата на Александар Вучиќ. По...

Македонија8 часа

Гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ, порача Оливер Спасовски од Тетовско

Граѓаните се сигурни со концептот едно општество за сите, гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ и тие се опасност,...

Свет9 часа

СЗО: Итно е потребно понатамошно истражување за пренoс на коронавирусот преку воздухот

Светската здравствена организација (СЗО) објави нови насоки за коронавирусот, кои признаваат некои извештаи за пренесување на вирусот преку воздухот, но...

Македонија10 часа

Италија забрани влез за граѓани од Македонија и уште 12 земји

Италија ги затвори своите граници за 13 земји, вклучително и за Македонија, сметајќи ги за најризични места за ширење на...

Македонија10 часа

Хоспитализирани се 412 заразени лица во земјата

Во моментов низ болниците во земјава, хоспитализирани се 412 лица кои се позитивни на ковид-19. На Инфективната клиника вкупно се...

Македонија10 часа

Мицкоски: Се обврзуваме на минимална плата од 18.000 денари која ќе расте со просечната

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа посочи дека до крајот на мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата ќе стигне...

Македонија21 час

(Интервју) Најчевска: Уставниот суд носи скандалозни одлуки

За скандалозните одлуки на Уставниот суд, довербата во институциите, за максималното почитување на човековите права, заложбите за истополови бракови, декриминализација...

Македонија22 часа

Заев најави укинување на министрите без ресор и отворање агенции и директорати

Ќе градиме уште поотчетна и потранспарентна влада која ќе работи за народот, за унапредување на правата на сите граѓани, порача...

Македонија24 часа

Бојан Јовановски пријави 40 функционери и бизнисмени: „Ќе ме спречат само ако посегнат по мојот живот“

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски преку писмо соопшти дека кривично ќе гони 40-ина функционери и бизнисмени порди злоупотреба на...

Македонија1 ден

Косово бара да се преиспита одлуката за влез во земјава со негативен тест

Косовскиот министер за здравство, Арменд Земај, побара од Македонија да ја преиспита одлуката за задолжителни тестови за влез на косовските...

Досие