Контакт

Надворешна политика

Колумна на Попоски за Frankfurter Allgemeine Zeitung: Што може да стори Грција за подобрување на својот углед?

Објавено пред

Наплив на мигранти, конфликти во соседството, голем должнички товар, недоволно наплатени даноци, загуба на работни места, општа неизвесност – доколку се праша еден просечен германски даночен обврзник денес, на која држава го асоцираат овие феномени, веројатно би ја навел земјата на Хомер, порачува во својата колумна за Frankfurter Allgemeine Zeitung, министерот за надворешни работи Никола Попоски.

dobivaj vesti na viber

Доколку истото прашање би му се поставило на еден македонски даночен обврзник, веројатно во мислите би се навратил на деведесеттите години, кога Македонија стана независна држава и беше токму во истата ситуација: Наплив на мигранти, конфликти во соседството, голем должнички товар, недоволно наплатени даноци, загуба на работни места, општа неизвесност. Ситуацијата во тоа време стануваше и уште посложена бидејќи стремежите на Македонија да се приближи до ЕУ и НАТО беа спречени со нелегалното барање на Грција за промена на нашето државно име. Македонија во Атина беше претставена како закана за територијалниот интегритет и безбедност на Грција. Но, дали тоа навистина беше така?

Мора да признаеме дека Македонија на почетокот од својата самостојност како независна држава се соочуваше со големи тешкотии. Нејзината армија не го заслужуваше тоа име, стопанството беше урнисано, додека на другата страна на континентот проектот за европска интеграција ги живееше своите најуспешни години. Германија тежнееше кон тоа предноста од обединета Европа да ја сподели со источноевропските земји. Тоа беше секако и повеќе од разумно: со стабилизирањето на демократиите се ширеше општото чувство на сигурност, а на пазарите им беше препуштена задачата нудејќи различни можности за сите да ја зголемат општата благосостојба.

Грција беше (и се чини се уште) во состојба, за Македонија да ја игра истата улога како Германија за Полска. Но, факт е дека Грција ја играше токму спротивната улога. А таа гласеше: „Ние сме внатре, вие сте надвор – и тоа така ќе остане се додека сметаме дека е потребно„. Блокадата при ЕУ-интеграцијата имаше дестабилизирачко влијание на стопанството и на општеството во Македонија. Истовремено, Грција заземаше стратешка позиција во евроатлантската заедница, земјата беше предводник во искористувањето на европските фондови, уживаше во поддршката на веројатно втората највлијателна дијаспора во светот и мерено според економската моќ, трошеше најмногу пари за одбраната од која било друга земја од Европа. Мерено со сето понапред наведено, ембаргото против Македонија беше само една ситница.

Сега се е поинаку – или сепак не? Грчките претпријатија се во врвот на петте најважни инвеститори во Македонија. Грција е трет трговски партнер на нашата држава. Денес сме согласни дека никој не претставува закана за другиот. Напротив, можностите се многубројни. Македонија е поволна дестинација за инвеститори од областа на економијата, македонската валута во последните 17 години е стабилно поврзана најнапред со германската марка, а потоа и со еврото. Јавниот долг се движи околу 40% од нашиот бруто-домашен-производ и со тоа еден од најниските во Европа. Европскатакомисија предвидува дека Македонија оваа и следната година ќе го има највисокиот пораст во Европа. Но, ниту еден од овие факти не успеа да создаде услови Македонија во изминатата деценија да се приближи до ЕУ и НАТО. Од 2008 година Грција успешно го блокира членството на Македонија во НАТО-Алијансата, иако тоа е поддржано од сите останати земји-членки, барајќи промена на името на државата.

Истиот аргумент со години се употребува и во однос на ЕУ-членството, и покрај тоа што Меѓународниот суд на правдата во 2011 година блокадата ја ја осуди како противправна. Македонците немаат ни малку причина да се радуваат за актуелните грчки тешкотии, исто толку малку колку и Германците. Тешкотиите пред кои е исправена Грција можат да имаат само негативно влијание врз регионот и врз целата Европска унија. Кладбите дека ослабената состојба на соседот отвара можности за себе, се глупави. Во случајот на Македонија, тоа само би покажало дека ништо не сме научиле од грешките на другите. Нашиот одговор на грчката криза од 2010ггодина мора да биде различен од грчкиот одговор на нашата криза, која ја доживеавме во деведесеттите години.

Грција на останатите Европјани може да им покаже дека презела водечка улога при регионалната интеграција. Еден добронамерен став наспроти желбата на Македонија за почеток на преговори со ЕУ би бил поздравен како гест на прагматизам и солидарност. Тоа би одговарало на солидарноста што Грција ден за ден ја добива од ЕУ.

Стабилизацијата на Балканот може да се одвива само преку неговата интеграција во ЕУ. Ништо друго не нуди подобра гаранција за тоа, од еден веродостоен процес на европска интеграција. Токму тоа и недостасуваше на Македонија со години и токму тоа повеќе од се друго и е потребно сега. Пробивот кон почеток на преговорите за членство со ЕУ би ги амортизирале локалните затегнатости и би фрлиле позитивно светло врз земјите-членки на ЕУ од Балканот. Тука Грција ја има можноста да стори нешто за својот углед. Тоа би бил клучот за заокружување на европскиот проект – единствено, слободно и мирно, заклучува Попоски во својата колумна./крај/мф

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минути

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија57 минути

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион2 часа

(Фото) Загина планинар во Црна Гора

Црногорски планинар загина на планината Хајла. Неговото тело беше пронајдено вчера на црногорската страна од планината, откако беше пријавен за...

Регион2 часа

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...

Свет3 часа

Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече...

Македонија3 часа

МВР потврди: Уапсен Артан Груби

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. „Денеска (23.02.2026) во...

Европа4 часа

(Видео) Трамп го обвини дека е диктатор, Зеленски одговори со насмевка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски возврати на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп во кои тој сугерираше дека е диктатор...

Свет4 часа

Силна зимска бура во САД: прогласена вонредна состојба во пет држави

Силна зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што е издадено предупредувања за 59 милиони луѓе. Во Њујорк...

Свет4 часа

(Видео) Убиен Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико: избувнаа немири

Немесио Осегера Сервантес, попознат како „Ел Менчо“, најбараниот човек во Мексико и водач на моќниот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG),...

Свет5 часа

Иран и САД ќе ги продолжат разговорите в четврток

Иран и САД ќе одржат трета рунда разговори во Женева в четврток, изјави министерот за надворешни работи на Оман, поради...

Свет5 часа

Кина ја повика Америка да ги укине царините

Кина спроведува „целосна проценка“ на одлуката на Врховниот суд на САД за царините и го повика Вашингтон да ги укине...

Европа5 часа

(Фото) Полицајка убиена во Лавов, 24 ранети; Зеленски: Русија регрутирала напаѓачи преку интернет

Полицајка е убиена, а 24 лица се ранети откако неколку експлозивни направи беа детонирани во Лавов, западна Украина, соопшти полицијата...

Свет16 часа

Иран e подготвен на компромис со САД за да избегне американски напад, објави Ројтерс

Иран кажал дека е подготвен да направи отстапки во својата нуклеарна програма во разговорите со САД, во замена за укинување...

Свет18 часа

Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат

Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида....

Свет21 час

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет23 часа

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...

Свет1 ден

Индија го одложи патувањето на трговска делегација во Вашингтон поради нејасности околу царините на САД

Индија го одложи планираното испраќање трговска делегација во Вашингтон оваа недела, главно поради неизвесност по одлуката на Врховниот суд на...

Свет1 ден

(Фото) Трамп објави дека испратил болнички брод на Гренланд, Данска вели дека нема сознанија

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го стави Гренланд во фокусот со објава на Truth Social, тврдејќи дека испраќа голем болнички...

Свет1 ден

(Видео) Први масовни студентски протести во Иран по жестокото задушување на демонстрациите

Студенти на неколку универзитети во Иран излегоа на протести против владата – први вакви масовни собири откако минатиот месец властите...

Свет1 ден

(Фото+видео) Терористички напад во Лвов: загина полицајка, десетици ранети

Најмалку едно лице загина, а десетици други се ранети во експлозии што рано утрово го потресоа западниот украински град Лвов....