Контакт

Надворешна политика

Конференција Paris Balkans 2016: Предизвици и очекувања за земјите од Балканот

Објавено пред

По повод претстојниот Париски Самит, како дел од Берлинскиот процес, во средата во Скопје одржа конференција Париз – Балкан 2016 , околу односите ЕУ-Балкан и предизвиците и очекувањата за следниот период, а на која се обратија министерот за надворешни работи Никола Попоски, француската амбасадорка Лоренс Оер и амбасадорот Антоан Грассан, кој е задолжен од страна на француската влада за реализација на Парискиот самит.

dobivaj vesti na viber

„Предизвикувачки е што сме во период кога за ЕУ е многу позначајно да работи на продлабочување и зацврстување на меѓусебните односи внатре во Унијата отколку на прашањето за проширување, чиј квалитет ќе стане видлив години подоцна, но ние мора да се интегрираме во оваа реалност, да се фокусираме на конкретни инфраструктурни проекти. Добра вест е  што имаме ангажман за мобилизирање на средстваво вид на грантови и кредити. За нас е значајно да има фер дистрибуција на средтсвата.

Исклучително важна димензија на целиот овој процес и самит е  отворањето на канцеларија за мобилност на младите од регионот. Иднината на земјите од Балканот е во ЕУ, но иднината на нашите млади се во нашите земји“, нагласи Попоски во своето обраќање.

„Значаен аспект е и миграцијата, борбата против тероризмот и радикализмот, што не не тангира само нас, земјите од регионот туку ги тангира и земјите од ЕУ. Покажавме солиден резултат од соработката меѓу земји кандидати и земји членки на ЕУ – најсвеж пример за тоа е справувањето мигрантската криза. Најбитно е да покажеме одлучност-цел за ЕУ членство кој што претставува благороден  и најуспешен мировен договор во Европа“, додаде Попоски.

Амбасадорката Оер ја истакна значајноста на парискиот самит кој претставува продолжување на Берлинскиот процес, додека амбасадорот Грассин се задржа на презентација на организационите аспекти. Свои обраќања имаа и амбасадорите на Австрија, Рената Коблер, на Германија, Кристина Алтхаузер и на Италија, Ернесто Масимо Белели.

„Договорот за основање на регионална канцеларија за соработка за младите претходи на Берлинскиот процес а ќе биде потпишан во Париз, чија мисија ќе биде поддршка на младите од земјите од Западен Балкан и подобра поврзаност“, рече амбасадорката на  Германија, Кристина Алтхаузер

„На Самитот во Виена 2015 се воспостави иницијатива за разрешување  на отворените билатерални прашања (меѓу земјите од ЗБ6, а и останатите од ЕУ, а неодамна беше одржана и Виенска конференција за билатерланите спорови , декларацијата за соработка што беше потпишана во Виена и двата веќе склучени договори за демаркација се веќе значајни резултати. Од решени билатерални спорови зависат добро-соседските односи кои што имаат влијание врз стабилноста на регионот“, порача амбасадорката на Австрија, Рената Коблер.

Италијанскиот амбасадор Белели се задржа на континуитетот на целиот процес, во контекст на организирање на следниот самит после Парискиот од страна на Италија. „Италија се придружи на Берлинскиот процес за економски развој и зацврстување на соработката во регионот. Сакаме да го продолжиме овој процес и да работиме на поврзаноста, безбедноста и младите, со искористување на сите расположливи инструменти“, рече Белели.

Свое обраќање имаше и државниот секретар при МНР , Елена Кузмановска во однос на енергетиката и инфраструктурните проекти. Попоски, пак, ја затвори конференцијата со нагласување на четирите заклучоци, поенти од целокупниот процес : справување со очекувањата, регионална сопственост, самоодржива соработка и сет на достигнување на европски стандарди./крај/мф/бс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија15 минути

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија2 часа

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија3 часа

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија3 часа

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...

Македонија3 часа

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија4 часа

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион6 часа

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...

Свет6 часа

Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече...

Македонија7 часа

МВР потврди: Уапсен Артан Груби

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. „Денеска (23.02.2026) во...

Европа7 часа

(Видео) Трамп го обвини дека е диктатор, Зеленски одговори со насмевка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски возврати на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп во кои тој сугерираше дека е диктатор...

Свет7 часа

Силна зимска бура во САД: прогласена вонредна состојба во пет држави

Силна зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што е издадено предупредувања за 59 милиони луѓе. Во Њујорк...

Свет7 часа

(Видео) Убиен Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико: избувнаа немири

Немесио Осегера Сервантес, попознат како „Ел Менчо“, најбараниот човек во Мексико и водач на моќниот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG),...

Свет8 часа

Иран и САД ќе ги продолжат разговорите в четврток

Иран и САД ќе одржат трета рунда разговори во Женева в четврток, изјави министерот за надворешни работи на Оман, поради...

Свет8 часа

Кина ја повика Америка да ги укине царините

Кина спроведува „целосна проценка“ на одлуката на Врховниот суд на САД за царините и го повика Вашингтон да ги укине...

Европа8 часа

(Фото) Полицајка убиена во Лавов, 24 ранети; Зеленски: Русија регрутирала напаѓачи преку интернет

Полицајка е убиена, а 24 лица се ранети откако неколку експлозивни направи беа детонирани во Лавов, западна Украина, соопшти полицијата...

Свет19 часа

Иран e подготвен на компромис со САД за да избегне американски напад, објави Ројтерс

Иран кажал дека е подготвен да направи отстапки во својата нуклеарна програма во разговорите со САД, во замена за укинување...

Свет22 часа

Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат

Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида....

Свет1 ден

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет1 ден

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...

Свет1 ден

Индија го одложи патувањето на трговска делегација во Вашингтон поради нејасности околу царините на САД

Индија го одложи планираното испраќање трговска делегација во Вашингтон оваа недела, главно поради неизвесност по одлуката на Врховниот суд на...