Надворешна политика
Маја Иванова ја посети ватиканската детска болница „Бамбино Џезу“
Во рамки на официјалната посета на претседателот Иванов на Ватикан, неговата сопруга Маја Иванова ја посети детската болница „Бамбино Џезу“, една од најпознатите педијатриски болници во светот и врвен истражувачки центар, која го има статусот на Ватиканска институција.
Сопругата на македонскиот претседател оствари средба со раководството на болницата на која беше информирана за соработката што Бамбино Џезу ја остварува со Клиниката за детски болести од Скопје и со здравствените власти во Република Македонија.
На средбата, Иванова информираше за нејзините активности во Република Македонија. Таа ги запозна соговорниците за првиот специјализиран педијатриски Ургентен центар на Клиниката за детски болести во Скопје, што под нејзино покровителство прерасна во врвна установа во регионот и пошироко.
Сопругата на македонскиот претседател потсети и на македонското учество во Европската организација за ретки болести, каде што три години по ред, Иванова е Европски почесен покровител на оваа организација. Во тој контекст, Иванова, посочувајќи дека ретката болест не значи реткост на третманите, се заложи за подигнување на јавната свест за ретките болести. Запознаваќи ги соговорниците со активностите на државните институции во таа област, Иванова изрази благодарност до ватиканската болница за досегашната соработка и изрази надеж дека научно-истражувачката и клиничката соработка на Бамбино Џезу и Клиничкиот центар ќе се одвиваат и во областа на ретките болести.
„Бамбино Џезу“ има склучено договор за соработка со Министерството за здравство на Република Македонија, врз основа на кој се отворија можности за усовршување на нашиот медицински персонал, како и за прифаќање на потешките случаи кои се уште не можат да се третираат во Македонија.
Сопругата на македонскиот претседател го посети и единствениот пациент во моментов од Македонија, кој е згрижен во детската болница „Бамбино Џезу“.
Маја Иванова беше покровител на националната кампања „Да помогнеме навреме” со која се овозможи отворањето на првиот специјализиран педијатриски Ургентен центар на Клиниката за детски болести. Воедно, Иванова е силен поддржувач на борбата против аутизмот и континуирано се залага за подобрување на квалитетот на животот на децата и унапредување на нивното здравје. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.