Надворешна политика
Македонија и Црна Гора да се приклучат на НАТО на наредниот самит, бара Полска – видео

Македонија и Црна Гора би требало да бидат поканети да му се приклучат на НАТО на наредниот самит на Алијансата во Варшава во 2016 година, изјави во петокот полскиот министер за одбрана Томаш Шимоњак.
„Тоа би биле одлични вести, ако на НАТО самитот во Варшава им се испратат покани на Македонија и на Црна Гора“ изјави Шимоњак на прес-конференција во полскиот град Вроцлав. „Се чини дека, ако на самитот на НАТО во Варшава му биде одземен овој елемент, тоа ќе значи разочарување за многу земји, вклучувајќи ја и Полска“, додаде.
Македонија и Црна Гора сакаат да ги следат стапките на Албанија и на Хрватска, кои станаа членки во 2009 година.
Но, Русија се спротивставува на какво и да е проширување на НАТО кон поранешните комунистички држави од источна и југоисточна Европа, што е дел од борбата за геостратешко влијание која се води уште од крајот на Студената војна и која е една од основните причини за тековниот конфликт во Украина, коментира Reuters.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров минатата година предупреди дека експанзијата на НАТО кон поранешните југословенски републики Боснаи Херцеговина, Македонија и Црна Гора од Москва ќе биде сватено како провокација.
На последниот самит во Велс, Алијансата одобри широк спектар планови со кои треба да се поттикне одбраната во источна Европа, со цел да ги увери своите сојузници, нервозни поради руската интервенција во Украина, дека НАТО ќе ги заштити од каков и да е напад.
Варшавскот самит ќе се одржи на 8-ми и 9-ти јули 2016 година./крај/мф/сс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.