Надворешна политика
Македонија и Унгарија одбележа 20 години дипломатски односи
Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски престојуваше во четвртокот во официјална посета на Унгарија на покана на министерот за надворешни работи и трговија Петер Сијрато.
Реализирањето на посетата се совпаѓа во годината кога Македонија и Унгарија одбележуваат 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи, се вели во соопштението на МНР.
За време на средбата политичките односи беа оценети како одлични. Беше нагласена континуираната и принципиелната поддршка на Унгарија во поглед на зачленувањето на Македонија и останатите земји од регионот на западен Балкан во ЕУ и НАТО.
„Во услови кога Европската унија го менува пристапот кон земјите кандидати, значајно е и од голем интерес замја како Унгарија да ја поддржува агендата на ЕУ во однос на проширувањето. Блокирањето има цена. Седењето и чекањето не ги решаваат проблемите сами по себе“, истакна министерот Попоски.
Разговорите се водеа со фокус на економските односи особено во привлекувањето на странски инвестиции и зголемување на трговската размена. Заеднички беше поздравено отворањето на унгарско трговската куќа во Скопје и најавено е оддржувањето на состанокот на заедничкиот комитет за економска соработка за почетокот на 2015.
Унгарија претставува одличен модел за успешен економски развој и привлекување на странски инвестиции. Зголемена трговска размена и заеднички проекти од областа на енергетиката и железничката инфраструктура ќе придонесе до зголемен економски развој.
Во таа насока, Министерот Попоски информираше за приоритетите на македонското претседавање со Централно Европската Иницијатива, кои ќе бидат фокусирани на зголемување на економска размена и подобра енергетска поврзаност.
За време на посетата министерот Попоски беше примен од претседателот на унгарскиот Парламент, Ласло Ковер. На средбата стана збор за севкупната билатерална соработка помеѓу двете земји изминатите две децении, вклучително и европските и евро-атлантските стремежи на Република Македонија. Беше констатирана потребата од дополнително зголемување на парламентарната димензија помеѓу двете земји.
Министерот Попоски ja заокружи посетата со предавање на Унгарскиот Институт за меѓународни односи и трговија за важноста на интеграцијата на земјите од Балканот во Европската унија. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.