Контакт

Надворешна политика

Македонија и Унгарија се посветени на развојот на меѓусебната соработка

Објавено пред

Меѓуармиската соработка е од огромно значење и за Македонија и за Унгарија, посочи министерот за одбрана, Зоран Јолевски на средбата со началникот на Генералштабот на унгарските вооружени сили, генералот Тибор Бенко, кој престојува во официјална посета на Македонија. 

dobivaj vesti na viber

 

Заблагодарувајќи се за поддршката на Унгарија за членство на Македонија во Алијансата, Јолевски посочи дека „гледајќи ја севкупната слика, со покана за членство на сите земји-аспиранти за влез во Алијансата, како Македонија, Црна Гора и останатите, целосно ќе се зајакне безбедноста и просперитетот во регионот и во Европа“.

 

На средбата, генералот Бенко истакна дека постојат големи можности за развој на соработката, што е и целта на оваа прва посета на началник на Генералштаб на унгарските вооружени сили на нашата земја.

 

Развојот на соработката, додаде генералот, може да оди во насока на едукација и обука на припадниците на АРМ во Унгарија, особено на полето на воената медицина. Воедно, генералот Бенко изрази честитки за значајниот придонес на Армијата на Република Македонија во рамки на меѓународните мировни мисии./крај/мф/бс

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Трајкоска-Стрезоски за случајот со прегазената Фросина: Одговорност на судијката не би требало да има, лично ја познавам

Претседателката на Академијата за судии и обвинители, Ирина Трајкоска-Стрезоски, оценува дека судиите се професионалци, кои работат во согласност со законот,...

Македонија2 часа

Не би сакал во вакви моменти на чувства да се носат избрзани одлуки, вели Камбовски за случајот на смртно прегазената Фросина

Судскиот совет будно го следи случајот со смртно прегазената Фросина Кулакова од Неготино, уверува претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски....

Македонија2 часа

Секоја година од рак на грлото на матката заболуваат речиси 200 жени, Владата итно да ги зголеми средствата, бараат здруженијата

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), по повод Светскиот ден за борба против ракот, ги повикува Владата...

Македонија3 часа

Се проширува истрагата во „Адитив“- осомничени осум нови лица, а тројца претходно осомничени се товарат и за перење пари

Од досега спроведената истражна постапка за предметот познат во јавноста како „Адитив“, во насока на проширување на постапката, под раководство...

Топ3 часа

(Видео) Претреси на повеќе локации во Скопје, Велес и Прилеп, уапсени 10 лица, запленети 500.000 евра: МВР објави снимка

На 02.01.2025 реализирана е меѓународна истрага координирана од страна на ЕУРОПОЛ, македонската и српската полиција, а под раководство на надлежните...

Македонија4 часа

Мицевски: Поднесовме барање за јавна расправа во Собранието за законски измени и зајакнување на безбедноста во сообраќајот

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски преку социјалните мрежи информираше дека пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и...

Македонија5 часа

СДС го партизира судството, во куќа на таткото на судијката Алексовска-Стојановска смести општински штаб, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС го окупираше и го зароби правосудниот систем. Во судството се потребни итни и неодложни реформи. Седум години власт наместо...

Свет5 часа

Путин: Трамп многу бргу ќе го врати редот, а европските елити ќе застанат пред нозете на својот господар и нежно ќе мавтаат со опашката

Американскиот претседател Доналд Трамп со својот лик многу брзо ќе го врати редот, а европските елити ќе застанат пред нозете...

Европа6 часа

Француски хирург со години силувал деца под анестезија: почнува неговото судење

Поранешен хирург обвинет за злоупотреба на стотици млади пациенти, често додека тие биле под анестезија, ќе оди на суд овој...

Европа6 часа

(Видео) Голем украински напад со дронови, Русија ги затвора аеродромите

Украина синоќа употреби беспилотни летала за да ги нападне објектите за гориво и енергија во руските региони Астрахан и Волгоград....

Европа6 часа

(Видео) Зеленски: Украина е поблиску до мир од кога и да било од почетокот на војната

Украина успеа да ја одбрани својата држава и независност и сега е поблиску до мир отколку кога било во речиси...

Свет7 часа

Трамп: Набргу воведуваме царини за Европската Унија, тие навистина нѐ искористија

Царините за стоките увезени во САД од ЕУ ќе се случат „многу наскоро“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп. „Тие навистина...

Свет7 часа

(Видео) Канадските навивачи ја исвиркаа американската химна неколку часа по одлуката на Трамп

Неколку часа откако претседателот на САД, Доналд Трамп, најави воведување високи царини за канадски увоз, а по контроверзните предлози на...

Македонија19 часа

(Фото) Илјадници граѓани пред Кривичниот суд, извикуваат „оставка“ и „правда за Фросина“

Граѓаните кои протестираат пристигнаа пред Кривичниот суд. Поради масовноста на протестот, толпата не продолжи кон Обвинителството, па од Собранието тргнаа...

Македонија20 часа

(Фото) Три минути молк пред Собранието на Македонија

Демонстрантите стигнаа до Собранието. Во тек е триминутен молк и тука. Стотици граѓани со транспаренти во ист глас извикуваа „Убијци!“...

Македонија20 часа

(Фото) Граѓаните тргнаа кон Собранието

Присутните граѓани на протестот „Секој еден може да е следен“ тргнаа кон Собранието, оттаму ќе се уптатат кон Основното јавно...

Македонија20 часа

(Видео) Три минути молк на почетокот на протестот

Протестот на Партизанска започна со три минутен молк. Присутни се голем број граѓани со транспаренти на кои пишува „Безбедноста е...

Македонија21 час

(Видео) Почна протестот „Правда за Фросина“, во првиот ред родителите и сестрата

Почна протестот на Партизанска на кој се бара правда за смртта на младата Фросина. Присутни се голем број граѓани со...

Македонија21 час

(Фото) Граѓани веќе се собираат на Партизанска за протестот закажан во 17 часот

На булеварот Партизански одреди во Скопје веќе се собираат луѓе за протестот кој е најавен за во 17 часот. Дел...

Топ1 ден

Бараме да одговара и таткото на убиецот и судијката кои наместо да изразат сочувство, кукавички бришат профили, рече сестрата на Фросина на протестот во Кавадарци

Во Кавадарци е одржан протест поради смртта на Фросина. Нејзината сестра, Росица Кулакова, порача дека ќе бара одговорност и од...