Контакт

Надворешна политика

Македонија и Виетнам ќе ја интензивираат економската соработка

Објавено пред

Продлабочувањето на економската соработка е приоритет во односите меѓу Македонија и Виетнам, согласни претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и заменик претседателот на Виетнам, Нгујен Ти Зоан.

dobivaj vesti na viber

 

Двете земји ги темелат своите односи на меѓусебно почитување и доверба, без отворени прашања и со добра политичка соработка.

 

„Се согласивме дека односите меѓу Виетнам и Македонија во изминативе 20 години, иако со скромен политички дијалог, иако со недоволна конкретна содржина во соработката, сепак се карактеризираат со пријателство, меѓусебно почитување и доверба. Денес се договоривме да го надоместиме пропуштеното, да го интензивираме политичкиот дијалог, да почнеме да ја граадиме правната рамка, со што на соработката меѓу двете земји ќе и дадеме конкретна содржина. Денес правиме значаен чекор во таа насока, го поздравувам денешното потпишување на договорот за економска соработка меѓу владите на двете земји“, изјави претседателот Иванов по средбата со Ти Зоан во вторникот во Скопје.

 

Потврда за добрите односи меѓу двете страни е користењето на уставното име на Република Македонија, како на билатерален, така и на меѓународен план од страна на Виетнам, потенцираше Иванов.

 

„Разговаравме за меѓународните и регионалните прашања кои се од заеднички интерес. Веруваме дека во блиска иднина традиционално добрите односи меѓу Виетнам и Македонија позитивно ќе се развијат во многу области и на сите нивоа. Се согласивме дека двете страни треба да продолжат да одржуваат редовна размена и посета на сите нивоа и унапредување на соработката во областа на економијата, образованието, културата и туризмот. Потоа преку соработката во трговијата и инвестициите да се создадат поволни услови за бизнисмените и инвеститорите“, изјави виетнамскиот заменик претседател, Тгујен Ти Зоан.

 

Производството, информатичката техонологија и хај-тек индустријата се најбрзо растечки дел на виетнаамската економија, а виетнамските компании имаат инвестирано во над 60 земји во светот, со износ во висина од над 15 милијарди долари, највеќе во рударството, земјоделието, телекомуникациите и производството на сток за широка потрошувачка./крај/мф/бс

 

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Бизнисменот Асмир Јахоски нуди еден милион евра гаранција да излезе од притвор

Бизнисменот Асмир Јахоски понудил еден милион евра гаранција за да излезе од притвор. Тој е осомничен за перење пари. Обвинителството...

Македонија3 часа

Културните работници на протест: Се надеваме дека платата за март ќе ја добиеме барем пред првомајските празници, стигнаа нови насоки

Голем број вработени во институциите од културата денес точно напладне излегоа на протест пред Министерството за култура, кое ги принуди,...

Македонија4 часа

(Видео) Филипче: Ако се обединиме на патот кон ЕУ, нема пречка што нема да ја совладаме

Патот кон Европската унија трае предолго, но не смее да се откажеме, мораме да се обединиме бидејќи кога сме заедно...

Економија4 часа

Се намалува цената на мазутот, а на дизелот и на бензините не се менува

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија6 часа

„Дали Зоран Заев во Дубаи гради високи згради над 50 ката и дали на тој начин ја стекнал златната виза“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Времето изминува, СДС се занимава со сè и сешто, шета од тема на тема, но за темите што ги интересира...

Свет7 часа

Објавено кога ќе биде погребан папата

Погребот на папата Франциско ќе се одржи в сабота, соопшти Ватикан. Погребот на папата ќе се одржи в сабота, со...

Топ7 часа

Сообраќајна несреќа кај планинскиот превој Пресека: неколкумина повредени, меѓу нив и две деца

Вчера во 15.30 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај планинскиот превој „Пресека“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило...

Европа7 часа

Објавени првите фотографии од телото на папата Франциско: во рацете има бројници

Ватикан утрово ги објави првите фотографии од телото на папата Франциско. Неговото тело е положено во едноставен дрвен ковчег, со...

Македонија8 часа

ДУИ: Институциите го деградираат користењето на албанскиот јазик на ниво пред усвојувањето на Законот за јазиците

„ДУИ изразува длабока загриженост поради систематското непочитување на албанскиот јазик на официјалните веб-страници на министерствата на Владата на Република Северна...

Свет9 часа

(Фото/Видео) Најпознатите градби во светот блескаат за папата Франциско

Откако вчера беше објавена веста за смртта на папата Франциско, бројни светски метрополи и верски заедници му оддадоа почит со...

Свет11 часа

„Харвард“ ја тужи администрацијата на Трамп поради замрзнување на финансирањето

Универзитетот Харвард ја тужеше администрацијата на претседателот Доналд Трамп во обид да го спречи замрзнувањето на повеќе од 2 милијарди...

Македонија11 часа

На Табановце и на Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини...

Европа18 часа

(Видео) Запечатена резиденција на папата, во Ватикан владее седисвакација

Ватикан ја запечати официјалната резиденција на папата Франциско, симболично започнувајќи период на жалост. На снимката објавена од Ватикан се гледа...

Свет18 часа

(Видео) Какви беа последните денови на папата Франциско: „Изгледаше како да се збогува“

Во понеделникот точно напладне црковните ѕвона ширум Италија одекнаа во жалост. Почина папата Франциско. Не поминаа ни 24 часа откако...

Свет19 часа

Верниците ширум светот го оплакуваат папата

Членовите на Католичката црква, која има 1,4 милијарди верници, денеска тагуваат за смртта на 88-годишниот папа Франциско, фалејќи го како...

Европа19 часа

„Гробот нека биде едноставен, без украси, на плочата нека стои еден збор“: Ватикан го објави тестаментот на Папата

Папата Франциско во својот последен тестамент потврди дека сака да биде погребан во базиликата Света Марија Велика во Рим, наместо...

Европа19 часа

Ватикан: Папата почина од мозочен удар и срцево затајување

Ватикан објави дека папата Франциско починал од мозочен удар кој предизвикал кома и неповратно срцево затајување. „Смртта е констатирана со...

Европа1 ден

Шок и солзи во Ватикан: „Големиот папа нè напушти, уриваше бариери“

„Почина голем папа“, вели Фабио Малвеси, сè уште видно шокиран, како и многумина од верниците и туристите кои се собраа...

Македонија1 ден

Струмичко-скопскиот епарх монсињор д-р Киро Стојанов упати писмо по повод упокојувањето на папата

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, на Светол Понеделник, 21 април 2025 година упати писмо до сите...

Европа1 ден

Светските лидери се збогуваа со папата: „Тој секогаш беше на страната на најранливите“

Реакции за смртта на папата Франциско доаѓаат од сите страни, а високи функционери од бројни земји се согласуваат дека „народниот...