Контакт

Надворешна политика

Мигрантската криза во фокусот на Вишеградската група

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, учествуваше на Министерската конференција на V4 и земјите од Западен Балкан, која се одржа во Прага, под покровителство на чешкото Министерство за надворешни работи.

dobivaj vesti na viber

Покрај министрите за надворешни работи на земјите од V4, Западен Балкан и Хрватска, на Конференцијата, како специјални гости учествуваа и потпретседателот на Европската комисија Фанс Тимерманс, Министерот за надворешни работи на Велика Британија Филип Хамонд и генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка, Горан Свилановиќ.Главни теми на Конференцијата беа  пакетот за проширување, миграцијата и регионалната соработка.На конференцијата беше реафирмирана посветеноста на Вишеградската група за натамошна поддршка на евроатлантската интеграција на Западен Балкан. Проширувањето е од подеднакво интерес и на земјите членки во ЕУ и на земјите од Западен Балкан.Мигрантската криза беше една од клучните теми на дискусија. Постои загриженост на земјите кои се дел од рутата и оние кои се крајна дестинација на рутата за капацитетите за справување со овој предизвик. Истакната беше потребата за засилени напори на надворешните граници на ЕУ како и на земјите кои се најизложени како Турција Јордан и Либан.Истакнат беше и ризикот од верижно затворање на границите од север кон југ, кое би можело да има катастрофални последици посебно по земјите кои не се дел од ЕУ а се дел од мигрнскатa кризa. Од страна на Вишеградската група беше истакната подготвеноста за конкретна помош до балканските земји кои се на наоѓаат на мигрантската рута.За време на конференцијата беа потпишани и основачките документи на Фондот за Западен Балкан. „Регионалната соработка е висок приоритет на земјите од Западен Балкан, во контекст на интеграцијата на регионот во ЕУ, но и пошироко. Блиската соработка меѓу државите е особено значајна за долгорочната стабилност и одржлив развој на секоја од овие национални економии.Сметаме дека, водени од искуствата на Вишеград Фондот, ќе успееме оваа институција да биде препознатлив генератор на регионална соработка, особено за граѓанскиот сектор, младите, развојот на образованието“, рече министерот Попоски.

Попоски на маргините на конференцијата оствари и формални и неформални средби со своите колеги./крај/со/бб

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

СДСМ: Нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница

Нема одговор како 5 тони дрога поминала преку граница – има вистина дека ВМРО го овозможи бизнисот со канабис, велат...

Македонија59 минути

„Да се забрани производство на марихуана за наводни медицински цели“, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз бара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство...

Свет2 часа

Лавров: Москва е во таен контакт со некои европски лидери, тие бараат разговорите да останат тајни

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва е во таен контакт со некои европски лидери и...

Македонија2 часа

Поднесена кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат полицајци на протестот за возачките дозволи

Независниот полициски синдикат поднесе кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат луѓе на протестот...

Свет3 часа

Објавени пораки меѓу поранешниот норвешки премиер и Епстин, започната е истрага

Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд е под полициска истрага поради сомнение за сериозна корупција поврзана со неговите врски со покојниот...

Свет4 часа

Трамп ја претстави TrumpRx: Нова платформа за поевтина набавка на лекови во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток ја претстави TrumpRx.gov, нова онлајн платформа што ќе им овозможи на американските потрошувачи да...

Регион4 часа

Турција ќе приватизира два клучни моста во Истанбул

Турција ја ангажираше консултантската фирма Ernst & Young LLP да ја води приватизацијата на два клучни моста во Истанбул и...

Свет4 часа

Аргентина бара од САД да го екстрадира Мадуро

Аргентински судија во среда побара од Соединетите Американски Држави да го екстрадираат поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро, кој беше заробен...

Европа4 часа

„Старлинк“ е блокиран за Русите, Украина: Бројот на напади веднаш се намали

Руските сили го намалија бројот на напади на фронтот откако Украина и SpaceX постигнаа договор за блокирање на нерегистрираните сателитски...

Свет4 часа

(Видео) Нов американски напад врз брод за дрога, двајца убиени

Американската војска соопшти дека во четвртокот нападнала друг брод во источниот Тихи Океан, за кој тврди дека превезувал дрога, при...

Економија17 часа

Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за...

Македонија19 часа

Воведување ред во државата, реализација на реформската агенда: Мицкоски порача дека годинава нема да има избори

„Ќе имаме можност да отпочнеме еден циклус на средби, односно брифинзи со претставници на земјите членки на Европската Унија, кои...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче: СДСМ има решение за 600 евра плата, помалку луксуз – поголеми плати за работниците

Стандардот на работниците практично е срозен изминатите две години. Соочени сме со ситуација во којашто владата на ВМРО и ЗНАМ...

Македонија22 часа

62-годишен маж од Тетово починал по компликации од грип, соопшти ИЈЗ

Минатата недела во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија е регистриран уште еден случај на починато лице...

Македонија22 часа

Во следните 15 дена платете го данокот на имот за 2022, 2023, 2024 и 2025 година, апелира Ѓорѓиевски кој веќе блокираше 15.000 сметки за неплатен данок од 2021 година

Близу 20 милиони евра по основ данок на имот за изминатите четири години должат на Град Скопје граѓаните и компаниите....

Македонија22 часа

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци, бараат надлежните да извршат проверка на мобилен телефон

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци преку Вибер комуникација од затворот. „Имаме сознанија...

Свет22 часа

Виткоф објави дека е постигнат првиот договор меѓу Русија и Украина по пет месеци

Ексклузивните разговори во Абу Даби донесоа конкретен резултат, Русија, Украина и Соединетите Американски Држави постигнаа договор за размена на затвореници,...

Македонија23 часа

Објавена петиција за забрана на социјални мрежи за деца до 12 години во Македонија

Граѓанската иницијатива „Иницијатива за безбедно детство“ објави петиција со која се бара воведување забрана за употреба на социјални мрежи за...

Македонија1 ден

Продлабочување на стратешкото партнерство со САД во фокусот на средбите на Гаши во Вашингтон

За време на работната посета на Вашингтон, претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Даниел Џ. Лотон, заменик-помошник секретар...

Македонија1 ден

Случајот со смртните закани врз новинарот Александар Видиновски да се истера до крај, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз жестоко ги осудува примитивните напади и смртните закани врз новинарот Александар Видиновски на социјалните мрежи и ја поздравува...