Надворешна политика
Министерката Арсовска Томовска на конференција во Париз за реформи на администрацијата
Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска учествуваше на министерската конференција на високо ниво во Париз, на тема: „Предизвици во реформите на јавната администрација , во земјите од Западен Балкан”.
Во своето обраќање таа се осврна на досегашните искуства поврзани со процесот на спроведувањето реформи во Република Македонија во однос на јавната администрација и идните планови на тоа поле.
„Европскиот извештај од минатиот месец констатира дека е направен напредок во однос на законодавството и испораката на услуги за граѓаните и бизнисите. И извештајот на ,,Сигма-ОЕЦД” за принципите на јавната администрација ги констатира тие напредоци, но во исто време ни дава поширока перспектива за тоа, каде сме во моментов и кои цели треба да ги постигнеме. Во овој контекст, многу е важно да се нагласи дека првиот целосен циклус на реформски процес во Република Македонија ќе биде заокружен овој месец, кога ќе биде комплетирана првата Национална стратегија за реформа на јавната администрација 2010-2015. Извештајот за имплементацијата кој ќе биде изработен на почетокот на идната година, ќе го покаже квалитетот на претходното стратешко планирање, нивото на имплементирање на Стратегијата и како таа придонела за постигнување на европските стандарди за квалитетна администрација”, рече Арсовска Томовска, додавајќи дека овој извештај и останатите на ,,Сигма-ОЕЦД”, ќе послужат како основа за поставувањето на клучните стратешки приоритети и подготовка на наредната петгодишна стратешка рамка.
Според неа, законската рамка на реформата во јавната администрација е заокружена со новите закони како што се Законот за општа управна постапка, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници, кои откако целосно ќе се имплементираат во пракса, ќе доведат до значително зголемување на ефикасноста на јавната администрација во корист на јавниот интерес и интересот на граѓаните.
Министерката Арсовска Томовска оствари контакти и средби со учесниците од регионот, како и со претставници на заедничката иницијатива на Организацијата за економска соработка и развој и Европската Унија „СИГМА“.
На конференцијата свои обраќања имаа и заменик-генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) Мари Кивиниеми, Сајмон Мордју- директор во директоратот за проширување на Европската Комисија и Карен Хил- директорка на СИГМА(ОЕЦД и ЕУ), кои говореа на теми како што се: главни реформски предизвици за земјите, достигнувања и предизвици, презентација на добрите реформски практики.
Оваа дводневна конференција во Париз е продолжение на минатогодишната, одржана во Брисел, посветена на зајакнувањето на реформите во јавната администрација во процесот на проширување, на која беа претставени принципите на јавната администрација. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.