Контакт

Надворешна политика

Мирни, стабилни и демократски земји на западен Балкан се од стратешки интерес на ЕУ

Објавено пред

Дваесет години по војните на западен Балкан, регионот е мирен и сите држави од регионот се стремат да станат земји-членки на ЕУ, но  постигнатиот напредок сепак не треба се земе здраво за готово бидејќи стабилноста на регионот се уште се потпира врз несигурни темели и во голема мера зависи од поддршката на Европската унија (ЕУ), се вели во заедничката изјава на министрите за надворешни работи на Австрија и Германија, Себастијан Курц и Франк Валтер Штајнмаер, по повод одржувањето на Виенската конференција посветена на земјите од западен Балкан. 

dobivaj vesti na viber

„Очекувањата за членство во ЕУ досега беа единствен најважен поттик за имплементацијата на тешките но потребните реформи како и за оддржливи напори за помирувањето во регионот.Нашата посветеност, на западниот Балкан да му се даде европска перспектива останува клучна во обезбедувањето на трајна стабилност во регионот како и во однос на заокружувањето на трансформацијата на политичките системи, економии и општества во регионот. Мирни, стабилни и демократски земји на западен Балкан се од стратешки интерес на Европската унија“, порачуваат Курц и Штајнмаер.

Двајцата министри додаваат дека Берлинскиот процес, инициран во 2014 година од страна на Германија  оваа година продолжува и е организиран од страна на Австрија, додава нов момент и ја реафирмира посветеност на овие земји за таа перспектива.

Виенскиот самит на 27-ми август е втор по ред од петте планирани самити до 2018 година. Како и на првиот самит во Берлин така и на Виенскиот самит ќе учествуваат премиери, министри за надворешни работи и министри за економија на сите држави од западен Балкан, заедно со сите релевантни интересни групи од Европската унија и меѓународните институции. Целта е трикратна: прво – да се нагласи конкретниот постигнат напредок во регионот, второ – повторно потврдување и зајакнување на европската перспектива на сите земји во регионот и трето – забрзување на реформите, зголемување на економските можности и поттикнување на соработката во регионот.

„Минатата година во Берлин се согласивме да се фокусираме врз конкретни проекти, од едноставна причина што луѓето од западен Балкан очекуваат опипливи бенефити на патот кон Европската унија, во однос на поврзаноста, вработувањето, образованието, човековите права, владеењето на правото и демократијата. Како потпора на економскиот развој регионалните лидери се согласија за регионалната централна транспортна мрежа и соодветните коридори. Европската комисија е подготвена до 2020 година како поддршка да стави на располагање 1 милијарда Евра. Тоа ќе придонесе за подобро взаемно поврзување на земјите од западен Балкан како и за нивното поврзување со ЕУ. Исто така сакаме да помогнеме во создавањето на нови економски перспективи за младите во западен Балкан. Австрија и Германија можат да понудат ефикасна експертиза на тоа поле, нпр. преку нивен дуален образовен систем во стручните училишта. Ќе биде претставена регионалната иницијатива за размена на млади, базирана врз многу успешните француско-германски и полско-германски модели. Тоа треба да придонесе за уривање на се уште постоечките ѕидови во умовите на младите луѓе и за помирување“, порачуваат шефовите на дипломатиите на Австрија и Германија.

Двајцата, исто така, додаваат дека активното цивилно општество и слободни медиуми се основни столбови на секоја модерна и успешна демократија, а Виенскиот форум на цивилното општество ќе ги нагласи вредностите како форуми за дебати и мирно решавање на социјалните прашања како и нивната витална улога во барањето одговорност од владите.

„Без сомневање, треба уште многу да се сработи а тоа го покажуваат и непријатните инциденти во Сребреница оваа година како и најновата ситуација со мигрантите. Сепак, постојат и неколку впечатливи успешни приказни. ЕУ успеа да ги седне на преговарачка маса Србија и Косово. Тие постигнаа импресивен напредок на патот кон нормализацијата на нивните односи. Бидејќи сеуште многу работи треба да бидат решени, ние ги охрабруваме раководствата на Србија и Косово и понатаму да бидат посветени на таа работа. Неодамнешните успешни обиди на комесарот Хан во Скопје доведоа до договор меѓу најголемите политички партии. Ги повикуваме партиите сега да го трасираат патот за слободни и фер избори во април наредната година, со целосно имплементирање на потребните внатрешни реформи, создавајќи повеќе исти можности за сите политички кандидати. Во Босна и Херцеговина обновениот ЕУ пристап придонесе кон насочување на вниманието врз социо-економските реформи од кои сите граѓани во земјата ќе профитираат. Тие примери покажуваат дека ангажманот на Европската унија има позитивно влијание во надминувањето на најтешките ситуации“, велат Курц и Штајнмаер.

„За време на конференцијата исто така ќе биде посветено големно внимание на фактот што рутата преку западен Балкан стана главна рута на растечкиот број на бегалци кои бараат заштита во Европа. Најновите настани кај пограничниот македонски град Гевгелија се потврда за тоа. Тој развој претставува значителен предизвик за пограничните власти и системот за барање азил во некои од земјите на западен Балкан и во државите-членки на ЕУ. И државите на западен Балкан исто така треба да преземат одговорност во справувањето со тие предизвици. Но тие не се сами: Ние во Виена ќе дискутираме, на кој начин Европската унија и одделните држави-членки на ЕУ можат да ги поддржат земјите од западен Балкан во нивните напори за подобрување на обезбедувањето на границата и системот за азил. На 27-ми август ние ќе ја потврдиме нашата посветеност на европската перспектива за сите земји од западен Балкан како и нашата континуирана поддршка за овој регион. Вратата на Европската унија мора да остане отворена за регионот на западен Балкан со цел да се обезбеди, Европската унија да остане најуспешен мировен проект во светот. Јасно е дека без западен Балкан Европската унија не е комплетна“, заклучуваат Курц и Штајнмаер./крај/мф/бс

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет3 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет4 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет9 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет9 часа

Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми

Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која...

Свет12 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет13 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет13 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет14 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет14 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет14 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија15 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет15 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет15 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет18 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија19 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет19 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет1 ден

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет1 ден

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија1 ден

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...