Контакт

Надворешна политика

Мисајловски во Тирана за искуствата од електронски одобренија за градба

Објавено пред

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, учествува на вторатаа меѓународна конференција „Е-дозволи за конкурентен регион”, што се оддржува во Тирана, Албанија. 

dobivaj vesti na viber

На конференцијата, министерот Мисајловски ги презентираше реформите што ги спроведе Република Македонија во делот на електронско издавање на градежни дозволи.„Почнувајќи од 1 јуни 2013 година, постапката за издавање на одобрение за градење за сите видови на градби во Македонија се спроведува на електронски начин преку Информациски систем е – одобрение за градење, а од 1 ноември 2013 година преку истиот систем на електронски начин се спроведуваат и сите останати постапки за добивање на одобренија во делот на градежништвото“, рече Мисајловски. „Главната цел на овој информациски систем е овозможување на брзо и ефикасно поднесување на барањето за добивање на одобрение за градење како и другите барања предвидени со Законот за градење, без при тоа да се доаѓа во институциите, увид во секоја фаза од постапката, целосна информираност на барателот, увид во роковите за постапување, како и намалување на трошоците на постапката“, истакна министерот Мисајловски. Со воведувањето на оваа реформа, Македонија е рангирана на 10 место во светот и на прво место во Европа и централна Азија, во последниот Извештај на Дуинг Бизнис, на ранг листата за ефикасно спроведување на постапката за издавање на одобрение за градење.   Тој рече дека со размената на податоци што се спроведува во електронска форма преку овој систем, се редуцираа бројни административни процедури кои претходно се спроведуваа, со што се придонесе за значително скратување на роковите за издавање на одобрение за градење. Меѓународната конференцијата во Тирана е втора по ред од овој вид и се организра се со цел да се презентираат предностите на електронското издавање на градежни дозволи. Покрај министерот Мисајловски, на конференцијата присуствуваат и министрите за транспорт,  инфраструктура и просторно планирање на Албанија, Црна Гора, Косово, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина./крај/мф/бб

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ13 минути

Автомобил удри во велосипедисти од Исланд, учесници на Младинските европски олимписки игри, пренесени се во болница

Вчера попладне во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на село Зубовце, кумановско, патничко возило...

Македонија57 минути

Објавен оглас за ангажирање 300 невработени лица за помош на стари лица и лица со попреченост

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши ја презентира новата мерка од оперативниот план за 2025 година – програмата „Општинско...

Македонија2 часа

Муртезани од Берлин: Пристапните преговори мора да бидат заштитени од билатерални условувања

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани работната посета на Берлин ја почна со средба со државниот министер за Европа на...

Свет2 часа

„Никој не е поштеден“: деца и лекари умираат од глад во Газа

Палестинските новороденчиња умираат затоа што нивните мајки од глад го губат млекото. Дури и медицинските лица, кои се обидуваат да...

Регион4 часа

(Видео) Огромен пожар беснее на Кипар, две лица загинаа

Две лица загинаа во огромен шумски пожар што беснее на јужен Кипар, а стотици се евакуирани бидејќи пожарите уништуваат домови...

Европа4 часа

(Видео) Се урна патнички авион во Русија

Авион „ан-24“ на „Ангара ерлајнс“, со најмалку 40 патници, се урна во руската област Амур, на далечниот исток од земјата....

Топ5 часа

Кривична против градоначалникот на Крива Паланка и двајца вработени во Општината: ја злоупотребиле службената положба

СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.П.(59), М.К.(41) и С.М.(38), сите од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за...

Свет7 часа

Британија и Индија ќе потпишат трговски договор: пониски царини за виски и автомобили

Обединетото кралство и Индија ќе потпишат договор за слободна трговија во четврток, за време на посетата на индискиот премиер Нарендра...

Европа8 часа

Украинците по преговорите: Зеленски би се сретнал со Путин утре доколку може

Русија и Украина ги исполнија сите хуманитарни договори постигнати за време на втората рунда разговори во Истанбул минатиот месец, изјави...

Европа8 часа

(Видео) Најмалку 10 пожарникари и спасувачи загинаа во пожар во Турција

Најмалку десет пожарникари и спасувачи загинаа, а 14 припадници на службите за итни случаи и шумарски работници се повредени при...

Македонија8 часа

Претежно сончево и многу топло, максималната температура до 42 степена

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура...

Македонија19 часа

(Видео) Акција во мотел во Тетово: Приведено лице за проституција, повреден е полицаец

Полициски службеници од СВР Тетово спречија трагичен крај на млада девојка и истовремено приведеа маж под сомнение за посредување во...

Македонија20 часа

Ангелов ги замоли газдите на викендички да се заштитат од пожари: Со мотокултиватор или трактор нека изораат мек појас околу дворовите

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, апелира сопствениците на викендички и куќи надвор од градските средини да...

Македонија20 часа

Околу 500 невработени се пријавиле да гаснат пожари за 24.000 денари месечно, огласот истекува денес

Денес истекува огласот за владината мерка за справување со пожарите на кој се бараат 400 невработени за помош при гаснењето...

Македонија20 часа

Грција ја повтори поддршката за ЕУ интеграцијата, со порака за почитување на Преспанскиот договор

Поддршката од Грција за европскиот пат на Северна Македонија останува силна, но придружена со порака за целосна имплементација на Преспанскиот...

Македонија22 часа

Гаши имал интестинална опструкција на тенкото црево, неговата состојба е стабилна, соопшти МЗ

Министерството за здравство информира дека претседателот на Собранието, Африм Гаши е во стабилна здравствена состојба. Тој околу полноќ бил хоспитализиран...

Македонија1 ден

(Видео) Талески: Одбиени сите амандмани на СДСМ, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ заложници на Тошковски

На денешната седница на собраниската комисија, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги одбија сите амандмани поднесени од страна на СДСМ на измените...

Македонија1 ден

Претседателот на Советот за надзор на ревизијата од државни пари плаќал хотели, ресторани и патувања во странство

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против едно лице, на кое му се става...

Топ1 ден

Уапсен 71-годишен маж, предизвикал два пожара во Демиркаписко

Полицијата уапси 71-годишен маж кој предизвикал пожари во Демиркаписко. Според информациите на МВР, вчера во 18 часот полициски службеници го...

Македонија1 ден

„Компании за техника наводно нудат модерни телефони преку внатрешна програма поради оштетена амбалажа, ова е лажна објава“, МВР предупредува за измама на социјалните мрежи

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во последните денови актуелна е лажна објава на социјалните мрежи во која...