Контакт

Надворешна политика

Новоименуваните амбасадори на Бразил, Ангола, Гана и Того му ги предадоа акредитивите на Иванов

Објавено пред

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во петокот ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Бразил, Ангола, Гана и на Того.

dobivaj vesti na viber

На средбата со новоименуваниот амбасадор на Бразил за Македонија, со седиште во Белград, Ана Марија Фернандеш, македонскиот претседател истакна дека  постои заедничка желба и голем потенцијал за унапредување на меѓусебните односи помеѓу двете земји, а  во тој правец е и отворањето на првата македонска амбасада во оваа земја, којашто воедно е и прва македонска амбасада на целиот јужноамерикански континент, изразувајќи уверување дека во блиска иднина ќе следи и отворање на Амбасада на Бразил во Македонија.

„Сигурен сум дека отворањето на Амбасадата во Бразилија ќе даде нов импулс за продлабочување на нашите односи. Постои исклучително голем простор за подобрување на соработката, особено во економијата, за што е потребно да се постави правната рамка. Се надевам дека за време на Вашиот мандат соработката ќе се подигне на многу повисоко ниво, за што прв чекор може да биде завршувањето на постапката за целосна либерализација на меѓусебниот визен режим“, истакна претседателот Иванов.

Во контекст на унапредувањето на билатералните односи помеѓу двете земји, новоименуваниот амбасадор за Бразил, Фернандеш  подвлече дека нејзиниот ангажман ќе биде во насока на продлабочување на взаемните дипломатски односи, меѓу кои е и воспоставувањето на неформален механизам за политички консултации со можности за дискутирање на теми од заеднички интерес на билатералната и меѓународната агенда.

„Понатаму, исто така очекувам да ги завршиме преговорите за билатералниот инструмент за визно ослободување, како што предложи Бразил во 2014-та година и да започнеме со преговори кои се однесуваат на културниот билатерален договор, неодамна предложен од министерството за култура на Македонија“, истакна амбасадорката Фернандеш.

Иванов на средбата со новоименуваниот амбасадор на Ангола за Македонија со седиште во Белград, Жозе Жоао Мануел, ја истакна подготвеноста на нашата земја за унапредување на билатералните односи и меѓусебната соработка во сите области од заемен интерес, особено со збогатување на нормативно-правната рамка за  нивно уредување.

На средбата беа разменети и мислења зa утврдување на конкретни форми на соработка за што дополнителен импулс би дало взаемното именување на почесни конзули во Ангола и Македонија, можностите за воспоставување на економска соработка со оглед на фактот дека Ангола е една од земјите со најбрз економски раст во Африка, а студентите од Ангола би можеле да ја искористат можноста за студирање во нашата земја преку стипендиите за странски студенти кои ги доделува Владата на Република Македонија.

Подготвени сме и искрено се надеваме дека ни претстои интензивирање на политичкиот дијалог, порача претседателот Иванов на средбата со новоименуваниот амбасадор на Гана за Република Македонија со седиште во Прага, Сабах Зита Окаикои, и истакна дека и покрај географската оддалеченост и двете земји негуваат пријателски односи и имаат потенцијал за нови форми на соработка.

Амбасадорката Окаикои истакна дека од воспоставувањето на дипломатските односи, досега се зацврстија односите помеѓу двете земји на билатерално и мултилатерално ниво и изрази уверување дека во блиска иднина ќе се развие соработката во областа на образованието, здравството, трговијата, инвестициите, науката и технологијата.

Македонскиот претседател на свеченоста на предавањето акредитивни писма на новоименуваниот амбасадор на Того за Република Македонија со седиште во Берлин, Квами Кристоф Дикену, рече дека прв пат од воспоставувањето на дипломатските односи, Того назначува нерезидентен амбасадор за Република Македонија што претставува значаен момент во односите меѓу двете земји.

Претседателот Иванов на новоименуваните амбасадори им честита за функцијата и им посака успех во вршењето на одговорната дипломатска должност./крај/мф/бс

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за...

Македонија5 часа

(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени...

Македонија6 часа

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...

Македонија7 часа

(Видео) Филипче: СДСМ повторно го поднесе законот за 600 евра минимална плата

Денеска пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за...

Македонија8 часа

Мицкоски: Не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со запленетата марихуана, дали ќе има некакви одлуки...

Македонија8 часа

Најнов извештај: Во Македонија нема суштински напредок во борбата против корупцијата

Република Северна Македонија и годинава бележи 40 поени на Индексот за перцепција на корупцијата, што значи дека нема суштински напредок...

Македонија9 часа

Левица: Усвоен предлог – законот со кој се укинува дискреционото право на директорите за вработувања во болниците

На денешната седница, Собранието на Република Македонија, во прва фаза, го усвои Предлог-законот поднесен од Левица со кој се укинува...

Македонија10 часа

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

Добро утро на сите, освен на пратениците, поздрави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, пред почетокот на...

Свет10 часа

Лавров: Долг е патот до мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека нема причина да се биде ентузијастичен за притисокот на американскиот претседател...

Македонија11 часа

„Инјекција“ од 112 милиони евра од Владата за општините во годината на локалните избори, соопшти Центарот за граѓански комуникации

Денеска, Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од следењето на доделувањето пари од Владата за инфраструктурни проекти во општините...

Македонија11 часа

Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски

Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени...

Македонија12 часа

ЈО да ја испита улогата на Заев и Филипче во случајот со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената...

Свет12 часа

Вознемирувачки епизоди и морничави детали од новите документи за Епстин

Јавноста во голема мера се фокусираше на откритијата за Доналд Трамп, Бил Гејтс, Илон Маск и други познати личности во...

Свет13 часа

(Видео) Објавена снимка од пронаоѓањето на телото на Џефри Епстин

Британскиот „Телеграф“ објави досега невидени снимки од надзорни камери кои го прикажуваат моментот кога затворските чувари го пронашле телото на...

Свет13 часа

Американски конгресмен: Аферата Епстин може да биде крај на монархијата

Член на американскиот конгресен комитет што ја истражува аферата Епстин изјави дека скандалот би можел да означи „крај на монархијата“....

Свет14 часа

(Видео) Насилни протести во Сиднеј: Демонстрантите се судрија со полицијата

Триесет лица се уапсени, а десетици демонстранти побарале медицинска помош во Сиднеј откако избувнаа судири со полицијата поради посетата на...

Европа14 часа

(Видео) Нови детали за филмскиот напад во Италија: Разбојниците се преправале дека се полицајци

Организиран и вооружен напад врз возило за трансфер на пари беше извршен вчера утрото на автопатот SS613 што ги поврзува...

Свет14 часа

Мета и Гугл обвинети за намерно предизвикување зависност кај млади корисници

Судењето против Мета и Гугл започна во понеделник во граѓанскиот суд во Лос Анџелес, а адвокатите на тужителите ги обвинија...

Свет14 часа

(Видео) Американската војска нападна уште еден брод во Пацификот, двајца мртви

Американската војска објави на социјалната мрежа X дека извршила напад врз брод во источниот Пацифик ноќеска по централноевропско време, при...

Македонија24 часа

ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на повеќе партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување...