Надворешна политика
Новоименуваните амбасадори на Бразил, Ангола, Гана и Того му ги предадоа акредитивите на Иванов
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во петокот ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Бразил, Ангола, Гана и на Того.
На средбата со новоименуваниот амбасадор на Бразил за Македонија, со седиште во Белград, Ана Марија Фернандеш, македонскиот претседател истакна дека постои заедничка желба и голем потенцијал за унапредување на меѓусебните односи помеѓу двете земји, а во тој правец е и отворањето на првата македонска амбасада во оваа земја, којашто воедно е и прва македонска амбасада на целиот јужноамерикански континент, изразувајќи уверување дека во блиска иднина ќе следи и отворање на Амбасада на Бразил во Македонија.
„Сигурен сум дека отворањето на Амбасадата во Бразилија ќе даде нов импулс за продлабочување на нашите односи. Постои исклучително голем простор за подобрување на соработката, особено во економијата, за што е потребно да се постави правната рамка. Се надевам дека за време на Вашиот мандат соработката ќе се подигне на многу повисоко ниво, за што прв чекор може да биде завршувањето на постапката за целосна либерализација на меѓусебниот визен режим“, истакна претседателот Иванов.
Во контекст на унапредувањето на билатералните односи помеѓу двете земји, новоименуваниот амбасадор за Бразил, Фернандеш подвлече дека нејзиниот ангажман ќе биде во насока на продлабочување на взаемните дипломатски односи, меѓу кои е и воспоставувањето на неформален механизам за политички консултации со можности за дискутирање на теми од заеднички интерес на билатералната и меѓународната агенда.
„Понатаму, исто така очекувам да ги завршиме преговорите за билатералниот инструмент за визно ослободување, како што предложи Бразил во 2014-та година и да започнеме со преговори кои се однесуваат на културниот билатерален договор, неодамна предложен од министерството за култура на Македонија“, истакна амбасадорката Фернандеш.
Иванов на средбата со новоименуваниот амбасадор на Ангола за Македонија со седиште во Белград, Жозе Жоао Мануел, ја истакна подготвеноста на нашата земја за унапредување на билатералните односи и меѓусебната соработка во сите области од заемен интерес, особено со збогатување на нормативно-правната рамка за нивно уредување.
На средбата беа разменети и мислења зa утврдување на конкретни форми на соработка за што дополнителен импулс би дало взаемното именување на почесни конзули во Ангола и Македонија, можностите за воспоставување на економска соработка со оглед на фактот дека Ангола е една од земјите со најбрз економски раст во Африка, а студентите од Ангола би можеле да ја искористат можноста за студирање во нашата земја преку стипендиите за странски студенти кои ги доделува Владата на Република Македонија.
Подготвени сме и искрено се надеваме дека ни претстои интензивирање на политичкиот дијалог, порача претседателот Иванов на средбата со новоименуваниот амбасадор на Гана за Република Македонија со седиште во Прага, Сабах Зита Окаикои, и истакна дека и покрај географската оддалеченост и двете земји негуваат пријателски односи и имаат потенцијал за нови форми на соработка.
Амбасадорката Окаикои истакна дека од воспоставувањето на дипломатските односи, досега се зацврстија односите помеѓу двете земји на билатерално и мултилатерално ниво и изрази уверување дека во блиска иднина ќе се развие соработката во областа на образованието, здравството, трговијата, инвестициите, науката и технологијата.
Македонскиот претседател на свеченоста на предавањето акредитивни писма на новоименуваниот амбасадор на Того за Република Македонија со седиште во Берлин, Квами Кристоф Дикену, рече дека прв пат од воспоставувањето на дипломатските односи, Того назначува нерезидентен амбасадор за Република Македонија што претставува значаен момент во односите меѓу двете земји.
Претседателот Иванов на новоименуваните амбасадори им честита за функцијата и им посака успех во вршењето на одговорната дипломатска должност./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.