Надворешна политика
Отворен меѓународниот одбранбено-безбедносен проект „Летен Кампус 2016“
Министерот за одбрана Зоран Јолевски, со свое обраќање го отвори меѓународниот одбранбено-безбедносен проект „Летен Кампус 2016“ во организација на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје.
Тој најнапред им посака добредојде на сите питомци од тринаесет земји учеснички на кампусот и на припадниците од муслиманска вероисповед им го честита празникот Рамазан Бајрам.„Да се биде заедно со припадници од другите земји присутни овде на кампусот од три континенти, членки и партнери на НАТО, ќе ве направи посилни личности. Заканите со кои сите ние се соочуваме и со кои треба да се справиме се глобални закани. Како кадети имате можност да работите заедно, да се дружите и да споделувате заеднички искуства. Вие сте едуцирани да бидете лидери во нашите армии. Инвестицијата во вашето едуцирање е инвестиција на вашите земји. Ние инвестиравме многу во капацитетите на Академијата, но со измените на легислативата ние ќе формираме Универзитет за национална одбрана и безбедност“, истакна министерот Јолевски.На крај министерот им посака успешен кампус и порача кога ќе се вратат во своите земји да го споделат искуството со своите колеги и да ги охрабрат да дојдат следната година.Деканот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, полковник Орце Поповски во своето обраќање на отворањето истакна дека овој проект е исклучително значаен за питомците, затоа што во наредните денови тие ќе имаат можност да разменат знаење, искуства, ќе вежбаат заедно и ќе се развијат многу пријателства. „Еден ден вие ќе стоите еден до друг, рамо до рамо во поддршка на регионалниот и глобалниот мир и безбедност“.Програмата на кампусот ќе биде спроведена од високо обучени инструктори од разни институции, како и професионални инструктори од македонската армија и од другите земји кои учествуваат на Кампусот. Овој Кампус е посветен на совладувањето на најразлични вежби и активности со цел да ја приближи комплексноста на идните предизвици во работењето во постконфликтни операции. На годинашниот Летен кампус кој се одржува во периодот од 04 до 13 јули, во Центарот за обука „Пепелиште“ и армискиот полигон „Криволак“ учествуваат 296 учесници – питомци од Романија, Босна и Херцеговина, Соединетите Американски држави, Црна Гора, Бугарија, Обединетото Кралство, Косово, Турција, Словачка, Албанија, Словенија, Италија и Република Македонија како домаќин. /крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.