Контакт

Надворешна политика

Пахор: Македонија и Грција би можеле да го применат словенечко-хрватското искуство

Објавено пред

Словенечкиот претседател Борут Пахор смета дека Македонија и Грција би можеле да го применат искуството на Словенија и Хрватска кои начелно ги решиле своите отворени прашања пред влезот на Хрватска во ЕУ.

dobivaj vesti na viber

Грција заради спорот со името ги блокира евроатланските интеграции на Македонија, а Пахор за оваа проблематика разговарал со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.„Словенија е пријател на Македонија и се обидува да и помогне, но при тоа сме отворени и мислиме дека без компромис и прилагодување од македонска страна нема да оди“, рече Пахор за словенечките медиуми по средбата со хан, при тоа додавајќи дека на компромис мора да биде подготвена и Грција и дека очекува соработка на другите држави во регионот.„Словенско-хрватското искуство говори дека се исплатува да се преговара и да се наоѓат решенија“, рече Пахор, алудирајќи на договорот постигнат со Хрватска за граничната арбитража, по што Словенија ги одблокира привремено запрените преговори на Хрватска со ЕУ за членство.Пахор рече дека очекува напредокот во дијалогот меѓу Македонија и Грција да биде можен и на конференцијата која наскоро ќе се одржи во Скопје во рамки на Брдо-Бриони процесот, покренат токму од Хрватска и Словенија, со цел унапредување на регионалната соработка и стабилизација на целото подрачје.„Словенија како пријателска држава и ководител на тој процес е подготвена да помага“, нагласи словенечкиот претседател. /крај/хн/ст

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

(Фото) Утре масовни протести за смртта на Фросина, точно на пладне во Кавадарци, во 17 часот пред Универзална во Скопје

Утре точно на пладне се организира протестен собир во Кавадарци за да се оддаде почит нa Фросина Кулакова од Неготино,...

Македонија13 часа

Јанев: Мапирани се црните точки низ државата, нѝ требаат системски решенија за безбедноста во сообраќајот

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, изјави дека се направени детални анализи на сообраќајната ситуација во државата, при...

Македонија14 часа

(Видео) Цветановски: Симовска веднаш да биде разрешена, за хаосот на Клиниката „Козле“ мора да има одговорност

После 40 години е доведено во прашање функционирањето на единствениот оддел за бронхоскопија во државата, многу важна за здравјето на...

Економија15 часа

Преполовен прометот на маркетите поради вчерашниот бојкот, УЈП ги објави податоците

Управата за јавни приходи го објави прометот на осумте најголеми трговски ланци во земјава на денот на бојкотот, но и...

Економија15 часа

(Видео) Мицкоски: Инспекторите влегоа во сите поголеми супермаркети, се прави детална анализа

Ден по бојкотот на маркети поради високите цени, премиерот Мицкоски изјави дека инспекторите се на терен во сите поголеми супермаркети,...

Топ19 часа

Приведена 42 годишна жена која вчера со автомобил удри во пешак и избега без да му помогне

Министерството за внатрешни работи информира дека е пронајдена и приведена 42 годишна жена која вчера со автомобил удрила пешак и...

Свет19 часа

(Видео) Русија со балистички проектили го погоди центарот на Одеса, има повредени

Руските сили синоќа извршија балистички ракетен напад врз центарот на Одеса, ранети се најмалку три лица, изјави Олех Кипер, шеф...

Македонија2 дена

Судот се брани: Дали за системскиот проблем со црните сообраќајни точки вината е на судството

Кривичниот суд излезе во јавноста со соопштение во врска со претходните судски постапки што биле водени против 20-годишниот Васил Јованов,...

Македонија2 дена

„Врските не враќаат човечки животи“ – протест на „Партизанска“ по смртта на Фросина Кулакова

Граѓаните излегоа на протест на улицата Партизански одреди, каде што 20-годишниот Васил Јованов завчера ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова. Се оставаат...

Македонија2 дена

И по 12 месеци да се направи контрола, ќе следуваат драконски казни за непочитување на Законот за нефер трговски практики, вели Димитриеска-Кочоска

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска апелира не само маркетите туку сите компании да го почитуваат Законот за нефер трговски практики...

Економија2 дена

Поскапува цената на парното

Парното поскапува за 5,03 проценти, информира на денешната прес-конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски. Според него,...

Топ2 дена

Со задушување ја убил својата партнерка: уапсен 42-годишник од Кавадарци

Вчера во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 42-годишниот И.П. од Кавадарци. Тој се сомничи дека...

Македонија2 дена

Почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

Денеска, по кратко боледување во Скопје, во 42. година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ. Томиќ со години беше дел...

Регион2 дена

Регионот денеска ги бојкотира продавниците: Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска и БиХ против големите супермаркети поради енормно високите цени

По повиците на социјалните мрежи, денеска се очекува граѓаните во државата да ги бојкотираат маркетите поради високите цени на прехранбените...

Македонија2 дена

Обвинителството со детали за возачот што ја усмрти Фросина: бил гонет и за други кривични дела, судот го упатил во поправен дом

Обвинителството соопшти детали за возачот од Скопје што ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова на „Партизански одреди“. „МВР против лицето поднело...

Македонија2 дена

Протест на „Партизанска“ поради трагичната смрт на Фросина

Голем број граѓани на социјалните медиуми за денеска во 13 часот повикуваат на протестен собир на местото на кое смртно...

Регион2 дена

Студент од Србија: Го одбив помилувањето на Вучиќ, сакав на суд да ја докажам мојата невиност

Студентот на Правниот факултет во Нови Сад, Михаило Младеновиќ, одбил помилување од претседателот на Србија. Тој рече дека ниту еден...

Европа2 дена

(Фото) 418 лица уапсени за фалсификувани лекови во голема операција на Европол во Европа

Операцијата на Европол од април до ноември минатата година резултираше со повеќе од 400 апсења за трговија со фалсификувани лекови,...

Свет2 дена

Трамп: Кина мора да престане да испраќа фентанил во нашата земја и да го убива нашиот народ

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа по американско време најави дека наскоро ќе одлучи дали ќе го исклучи увозот на нафта...

Свет2 дена

Објавени фотографии од екипата на урнатиот американски хеликоптер, жена била главниот пилот

Тројца членови на екипажот на хеликоптерот Блек Хок на американската армија загинаа во четвртокот кога се судри со патнички авион...