Контакт

Надворешна политика

Политичката и бегалската криза во фокус на разговорите Бесими – Вајгл

Објавено пред

Известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл, порачал дека е подготвен да ги поддржи реформските процеси во Македонија, на средбата со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, во петок, во просторите на Секретаријатот за европски прашања.

dobivaj vesti na viber

Вицепремиерот Бесими истакна дека Евро – атлантската интеграција останува еден од клучните  стратешки приоритети на нашата земја, а Владата продолжува да работи во спроведувањето на  потребните реформи и мерките за понатамошно правно и институционално приближување кон Европската Унија. Дискусијата се фокусираше на активностите кои се преземаат за спроведување на клучните реформи од европската агенда на земјата, соопштија од Секретаријатот.Европратеникот  Вајгл ја истакнал својата подготвеност за овозможување на понатамошен придонес за поддршка на соработката и за реформските процеси во нашата земја, од аспект на неговиот личен ангажман и од аспект на улогата во Европскиот парламент. Тој исто така  ја истакнал и потребата од целосна имплементација на постигнатиот политички дијалог.Во поглед на мигрантската криза било речено дека Владата презема активни мерки за решавање на прашањето околу зголемениот бројот на мигранти кои доаѓаат главно од Грција, вклучувајќи контрола на границите, обезбедување на здравствена заштита, подобрување на условите во сместувачките капацитети. „Сепак, Македонија нема капацитет самостојно  да се справи со овој процес со глобални размери и затоа е потребна континуирана поддршка и директна помош од ЕУ“, рече Бесими.На крајот, соговорниците истакнале дека соработката помеѓу Република Македонија и Европскиот Парламент, како и досега ќе продолжи со силно темпо и динамика, и со заеднички пристап и поддршка во понатамошното подобрување на состојбите и реализација на реформите во секоја општествена сфера./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија54 минути

На Табановце за излез од државата се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е...

Македонија11 часа

Вкупно девет пожари на отворен простор, активен еден, а два се под контрола

На територијата на државата денеска до 18:00 часот имало вкупно девет пожари на отворен простор, од кои еден е активен,...

Свет12 часа

Лавров ги соопшти условите на Русија за постигнување мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ги изложи клучните услови на Русија за постигнување мир во Украина, предлагајќи...

Македонија15 часа

Мицкоски очекува историска победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, приоритет ќе биде хигиената во Скопје

Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата овие два дена, претставува, навистина, новитет на политичката сцена во Македонија. Добро е...

Топ15 часа

Во возило откриени 15 мигранти од Египет и Сирија

Вкупно 15 мигранти од Египет и Сирија се пронајдени синоќа во возило на регионалниот пат Богданци–Гевгелија, на место викано „Македонија...

Регион18 часа

Вучиќ најави намалување на цените на јајцата, зеленчукот, овошјето, млечните производи…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави денеска дека од идната недела ќе се ограничат маржите во трговските синџири, што ќе...

Свет18 часа

Палестински камерман убиен во појасот Газа

Палестинската новинска агенција (ВАФА) објави дека израелските војници убиле палестински камерман во северниот дел на Појасот Газа. Камерманот Калед ал...

Македонија20 часа

Пратениците се одморија, од утре почнуваат со редовни активности во Собранието

Пратениците од утре официјално почнуваат со работа по годишниот одмор. Претседателот на Собранието, Африм Гаши за утре закажа неформална средба...

Свет23 часа

Зеленски вели дека постои вистинска можност да заврши војната во Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа најави дека следните денови ќе бидат готови безбедносните гаранции за неговата земја. Тој, по...

Македонија2 дена

Тврдењата на д-р Кедев за операциите во приватните болници ќе ги „чешлаат“ експерти од Словенија, Италија и од Германија

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави дека до понеделник ќе биде комплетирана листата со странски експерти кои ќе ја анализираат...

Економија2 дена

Македонија е големо градилиште, над 1.200 проекти во општините, велат Перински и Николоски

Во моментов целата Македонија е едно големо градилиште, а само во општините се реализираат повеќе од 1.200 активни проекти поддржани...

Свет2 дена

(Видео) Украинците тешко ранија руски генерал, Абачев изгуби рака и нога по нападот

Украинските специјални сили објавија видео и детали од операцијата во која рускиот генерал-полковник Еседула Абачев беше тешко ранет, јавува „Украинска...

Скопје2 дена

„4 години работа за тебе“: Скопските градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ ја заокружија четиригодишната мисија

На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе” свое обраќање на панел дискусијата имаа скопските градоначалници. Градоначалникот...

Македонија2 дена

Мицкоски најави промени: По изборите ќе има нови луѓе во партијата и реконструкција на Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот отчет по повод четиригодишната работа на градоначалниците, порача дека веднаш по локалните избори...

Македонија2 дена

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ за 4 години локална власт ги разочара граѓаните со хаосот и корупцијата во општините

Почетокот на четиригодишниот мандат на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво се оцени како период на разочарувања, нечисти општини, урбанистички хаос и...

Македонија2 дена

Мицкоски на саемот „Четири години работа за тебе“: Делата, а не зборовите ја покажуваат вредноста

На денешниот настан „Саем-Отчет“ под мотото „4 години работа за тебе“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имаше свое обраќање пред...

Топ2 дена

Крвава драма во Битола: Со нож го повредил братот на поранешната сопруга, па ја нападна и неа

30-годишен маж од битолското село Лера е уапсен откако со остар предмет нападнал млад битолчанец и ја претепал својата поранешна...

Македонија2 дена

Алиу вети транспарентност, граѓаните ќе знаат кој го помага македонското здравство

Министерството за здравство воведе нов електронски модул за транспарентен преглед на донациите во здравството, со кој јавноста ќе може во...

Свет2 дена

(Видео) Телохранителите на Путин земаат сѐ, дури и урината и изметот на претседателот и го носат во Русија

Обезбедувањето на рускиот претседател Владимир Путин секогаш е предмет на големо внимание на социјалните медиуми од различни причини. Сега, тие...

Македонија2 дена

Попладне дожд и грмежи во западните делови

Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладневните часови носат локален пороен дожд и ретки...