Контакт

Надворешна политика

Попоски: Европски чекори за побрзо решавање на мигрантско-бегалската криза

Објавено пред

На маргините на Бледскиот стратешки форум што се одржа од 31-ви август до 1-ви септември годинава, министерот за надворешни работи Никола Попоски оствари низа билатерални средби со своите колеги и меѓународни претставници, на кои стана збор за билатералните односи и актуелните прашања и предизвици со кои се соочува Македонија, регионот и меѓународната заедница.

dobivaj vesti na viber

Попоски се сретна со неговиот домаќин, министерот за надворешни работи на Словенија, Карл Ерјавец, со заменик помошникот на државниот секретар за Европа и Евроазија во Стејт Департментот, Хојт Ји, со германскиот државен министер за европски прашања Михаел Рот, како и со министерите за надворешни работи на Босна и Херцеговина и Унгарија, Игор Црнадак и Петер Сијарто.

Посебен акцент се стави на моменталната политичка состојба во Македонија, како и проблемот со зголемениот наплив на мигранти. Во однос на состојбата со мигрантите соговорниците потврдија дека е неопходно заедничко решение, со што поскоро унифицирање на позицијата на ЕУ за побрзо решавање на мигрантско-бегалската криза, со соодветен хуман третман на мигрантите, во согласност со меѓународните норми и правила. Беше истакнато дека мигрантската криза е сега во фокусот на повеќето европски земји.

„Добро е што е поттикната свеста дека тоа не е само македонски, германски, српски или грчки предизвик. Остава надеж дека можеби конечно ќе се преземат и европски чекори. Солидарноста е подобро да се изрази во кризни ситуации и за хумани причини, отколку за остварување локални агенди“, истакна Попоски.  Исто така, комплетирањето на Собранискиот состав беше поздравено во контекст на приближување во позитивен правец.

На средбите се разговараше и за регионалната соработка и економските можности во Македонија и опкружувањето, со фокус врз инфраструктурата и привлекувањето странски инвестиции./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет21 минута

Сателитските снимки го покажуваат обемот на ужасот во Лос Анџелес, изгоре сè до океанот

Пожарот речиси целосно уништи голем дел од Пацифик Палисадес во Лос Анџелес, покажуваат новите сателитски снимки од Maxar Technologies. Сликите...

Свет33 минути

Трамп: Путин сака да се сретнеме, се договара состанок

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека се договара средба меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин. „Тој сака да...

Топ44 минути

Истрага против две лица за изнуда и палење автомобил во Штип

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца соизвршители на кривични дела – Изнуда од член...

Свет10 часа

(Видео) „Една од најразорните катастрофи во историјата на Лос Анџелес“, сцените се ужасни

Потврдениот број на пет загинати веројатно ќе се зголеми, изјавија официјални лица, бидејќи снимките од беспилотни летала ги доловуваат размерите...

Свет12 часа

(Видео) Бајден, Трамп, Обама, Буш и Клинтон присуствуваа на државниот погреб на Џими Картер

Поранешниот американски претседател Џими Картер, кој мораше да се справи со лошата економија и заложничката криза и беше почитуван за...

Македонија15 часа

Најотворана веб страница во Мала Речица е таа на Стејт департментот, секое утро проверуваат да не имаат некој член на црна листа, велат од ВЛЕН

„ДУИ е прва партија на Албанците која ги оддалечува Албанците од нивните западни стратешки партнери, заради својот криминал и корупција....

Македонија17 часа

Министерството за надворешни работи со осуда: Злонамерните изјави на официјални личности од бугарската политичка сцена се директен напад на суверенитетот, интегритетот и независноста на нашата држава

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија силно ја осудува објавата на лидерот на бугарска политичка...

Македонија20 часа

Таравари нема информација оти некој рендген не работи, а матичните од Скопје два дена немаат каде да ги испратат на снимање пациентите

Министерот за здравство Арбен Таравари не знае за проблемите со кои се соочија матичните лекари оваа недела кога ординациите им...

Македонија20 часа

Докторите немаат никаква грешка за смртта на седуммесечното бебе на Детската клиника, Таравари го доби извештајот од стручната комисија

Лекарите на Детската клиника не направиле грешка при лекувањето на седуммесечното бебе, кое почина на клиниката на почетокот на минатиот...

Македонија20 часа

Измамници се претставуваат како банки и институции, МВР апелира граѓаните да не споделуваат лични податоци

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи активно презема мерки за истрага и справување со телефонските измами кои...

Македонија21 час

Бугарската агенција за патишта има делумна вина за несреќата на автобусот на „Беса транс“

Агенцијата за патна инфраструктура на Бугарија (АПИ) има делумна вина за трагичната несреќа на автобусот на „Беса транс“ во 2021...

Македонија21 час

Лидерот на Преродба побара присоединување на Македонија кон Бугарија

Лидерот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов, ја повика владата во Софија официјално да излезе со претензии за присоединување...

Свет22 часа

Сателитски снимки го покажуваат обемoт на катастрофата во Лос Анџелес

Петте активни пожари во Лос Анџелес, двата најголеми – Итон и Палисадес – сè уште се целосно надвор од контрола....

Свет22 часа

(Видео) Знакот „Холивуд“ во опасност, пожарот им се заканува на повеќе знаменитости

Последниот пожар што го зафати врвот на познатиот Холивуд Хилс ги принудува жителите да се евакуираат, а луѓето во близина...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Гасната централа ќе обезбеди топлинска енергија со драстично намалување на загаденоста

Загадениот воздух во градовите во државата е сериозен проблем, кој бара системски и долгорочен пристап за негово решавање. И првите...

Свет1 ден

(Видео) Исцрпени пожарникари, недостиг од вода, штетата во пожарите во Лос Анџелес се проценува на повеќе од 50 милиони долари

Деструктивните шумски пожари, кои го опкружуваат Лос Анџелес, се проширија на Холивуд Хилс, откога во другите пожари во областа загинаа...

Свет1 ден

Бајден: Можев да го победам Трамп на изборите

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека верува оти ќе го победел Доналд Трамп на ноемвриските избори, објави Би-би-си. Бајден (82)...

Свет1 ден

(Видео) „Имавме неколку часа да се спасуваме и да заминеме“ – опожарени цели блокови во Пасадена

Уште една куќа гори втора ноќ по ред во Пацифик Палисадес, а пожарникарите признаваат дека немаат доволно вода за да...

Македонија2 дена

Во ек на сезона на пневмонии и грипови, нема рентген на државно – матичен лекар ја критикува состојбата на клиниките

Матичен лекар укажа на проблеми со упатите на клиниките во Скопје, додека амбулантите се преполни со пациенти болни од грип....

Регион2 дена

Бајден го прошири опсегот на санкции за Западен Балкан пред крајот на неговиот мандат

Американскиот претседател Џо Бајден ги прошири категориите на поединци кои подлежат на американски санкции поради оспорување на суверенитетот и територијалниот...