Контакт

Надворешна политика

Попоски – Хан: Охрабрувачки чекори за зачувување на препораката од ЕК

Објавено пред

Министерот за надворешни работи Никола Попоски во четвртокот вечерта во Брисел оствари средба со еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан, со кого разговараа за сите прашања поврзани со политичката криза во Македонија, констатирајќи дека последните денови се превземени повеќе чекори во земјата што се охрабрувачки за Унијата.

dobivaj vesti na viber

„Имавме многу отворена средба со Хан. Пред се се фокусиравме на тоа што претставуваат главни приоритети во овој момент и констатиравме дека имаше повеќе чекори што се случија изминатите неколку дена што одат во вистинска насока. Тие се охрабрување на некој начин за Европската комисија во правец на задржување на препораката за преговори со Европската унија за членство на Република Македонија. Мислам дека уште повеќе напори ќе треба да бидат вложени во следниот период и тоа ќе биде наш фокус. Преку реформи да ги убедиме нашите партнери во ЕУ дека е важно да ја задржат Македонија на агендата“, истакна Попоски во изјава за МИА по средбата.

Според шефот на македонската дипломатија, се она што во претстојниот период ќе го стори македонската држава ќе го трасира и евроатлантскиот пат на земјата.

„Мислам дека таков напор што неопходно ќе зависи од тоа што ќе го сториме кај нас во Република Македонија ќе мора да биде награден со еден појасен сигнал дека нашата иднина во ЕУ е загарантирана и дека за македонските граѓани постои интерес во Европа поскоро да бидат отворени вратите на преговорите“, додаде Попоски./крај/мф/бс

 

Извор: Макфакс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Филипче: Власта врши притисок врз судството

Претседателот на СДСМ и на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешната седница на Советот упати сериозни критики за...

Македонија2 часа

Ќе се гласа на 11 јануари: Гаши го потпиша актот за одржување на повторените избори за градоначалници во четирите општини

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска го потпиша актот за одржување на локалните избори за четирите општини Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште...

Македонија3 часа

Бизнисмен од Штип крадел струја: манипулирал на сите три фази на броилото

Тимот на Електродистрибуција специјализиран за откривање неовластено користење на електрична енергија утврди основи на сомневање за наводна кражба на електрична...

Македонија4 часа

Несреќа на патот Градско – Велес, сообраќајот во прекин

АМСМ извести дека на регионалниот пат Градско – Велес се случила сообраќајна незгода. Поради тоа од 09 часот и 50...

Македонија4 часа

Почна пријавувањето за електронски ваучери за студенти преку Националниот портал за е-услуги

Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека од денеска е отворен Јавниот повик за доделување на вредносни ваучери за...

Македонија5 часа

(Видео) Мицкоски и Ѓорѓиевски во вечерна обиколка на Скопје: Сè беше чисто и средено како што и прилега

Премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил објави дека заедно со градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски биле во вечерна обиколка...

Македонија6 часа

Го турнале на земјата, го клоцале, го ограбиле, па се обиделе да му го скршат мобилниот телефон: eден осомничен за разбојништво во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член...

Европа7 часа

Што по падот на Покровск?

Додека Русија фокусира огромни сили врз Покровск во обид конечно да го освои рударскиот град во источна Украина, расте неизвесноста...

Регион7 часа

Хрватски навивачи нападнати со шипки во Црна Гора

Група хрватски навивачи вчера вечер беа нападнати на магистралниот пат Цетиње – Будва. Според неофицијални информации од Управата на црногорската...

Европа8 часа

(Видео) Пет млади лица загинаа во сообраќајна несреќа во Ирска

Тројца млади мажи и две жени на возраст од дваесет години загинаа во ужасна сообраќајна несреќа во округот Лаут, Ирска,...

Регион8 часа

РТС: Пукано кон српски војници во близина на воена база

Вооружена и маскирана група Албанци отвори оган врз припадници на српската армија во реонот на базата „Дебела Глава“, во близина...

Свет8 часа

(Видео) Тројца убиени во нов американски воен напад врз брод за шверц на дрога

САД извршија уште еден напад врз брод за кој се тврди дека шверцува дрога во источниот Пацифик, при што загинаа...

Европа8 часа

Десет ранети, тројца мртви во руски ракетен напад врз Украина

Во руски ракетен напад врз источноукраинскиот град Балаклија загинаа три лица, а десет беа повредени, меѓу кои и три деца,...

Свет22 часа

Поларен вртлог носи „декември за паметење“

Поради невообичаено рано затоплување на стратосферата, на прагот е да почне значително нарушување на поларниот вртлог. Прогнозите покажуваат дека поларната...

Македонија24 часа

(Видео) Попов: УМС е единствен претставник на младите во општините и парламентот

Македонија повторно стои исправено, а младите гордо и достоинствено го понесоа товарот да ги исправат неправдите кои со години ѝ...

Топ24 часа

Со нож усмртил жена и телото го закопал во дворот – расчистено свирепо убиство во Штип, поднесена е кривична пријава против едно лице

СВР Штип во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава против Д.А (74) од Штип поради...

Македонија1 ден

(Видео) Манасиевски: Реформите и напредокот на СДС се во втор план на Филипче, приоритет му се желбите на Заев

„Реформите и напредокот во СДС, не се во прв план на Филипче. На него во прв план му е реализацијата...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: Во предметот Физичко образование да вклучиме и планинарење

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свечената академија по повод 100-годишинината од основањето на Планинарскиот клуб „Љуботен“, одржана под нејзино...

Македонија1 ден

(Видео) Младеновска: Недозволив молк за најстрашниот скандал со операциите, дали власта се обидува да го заташка?

„Поминуваат денови од откривањето на еден од најстрашните скандали во македонското здравство со непотребни операции на срце направени во приватни...

Свет1 ден

Украина зимава ќе увезува гас од Грција

Украина ќе увезува гас од Грција за да ги покрие потребите за време на зимата, изјави денеска украинскиот претседател Володимир...