Контакт

Надворешна политика

Попоски: Иницирањето на пристапните преговори е од интерес и за Македонија и за ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи Никола Попоски во понеделникот беше домаќин на традиционалниот новогодишен прием за дипломатскиот кор во Македонија, а покрај шефот на македонската дипломатија, свое обраќање имаше и доајенот на дипломатскиот кор во Македонија, амбасадорот на Русија, Олег Николаевич Шчербак.
 

dobivaj vesti na viber

Министерот за надворешни работи Никола Попоски во понеделникот беше домаќин на традиционалниот новогодишен прием за дипломатскиот кор во Македонија, а покрај шефот на македонската дипломатија, свое обраќање имаше и доајенот на дипломатскиот кор во Македонија, амбасадорот на Русија, Олег Николаевич Шчербак.

 

Министерот Попоски, при своето обраќање се осврна на најзначајните активности на полето на надворешната политика во 2015: процесот на европското и евроатлантско интегрирање, односите со државите од соседството и пошироко во светот, економската и јавната дипломатија, при што истакна дека економската дипломатија останува еден од главните приоритети на Министерството преку активности за претставување на Македонија како привлечна дестинација за странски инвеститори, но и атрактивна туристичка дестинација.

„Членството во ЕУ, и натаму, останува основен приоритет кон кој се стремиме. Европската комисија ја даде седмата по ред препорака за почеток на преговори со Унијата. Свесни дека секогаш постои простор за напредок, на внатрешен план, засилено ги спроведуваме преостанатите обврски од политичкиот договор и реформските приоритети. Сметаме дека е од взаемен интерес, Унијата на пролет да ги иницира пристапните преговори.  На тој начин,  кредибилитетот на политиката за проширување дополнително ќе се зајакне,“ истакна Попоски.

Тој информираше и за успешното претседавање со Централно-европската иницијатива. Воедно се осврна и на предизвиците со кои се соочија во 2015-та година земјите од Европа и пошироко, меѓу кои терористичките напади и мигрантската криза се особено значајни. Попоски истакна дека Македонија продолжува да обезбеди хуман и безбедносен третман на мигрантите но притоа е потребна поддршка од европските партнери со цел заедничко одржливо решение.

При своето обраќање доајенот на дипломатскиот кор во РМ, амбасадорот на Русија, Олег Николаевич Шчербак, во име на сите членови на дипломатскиот кор му се заблагодари на Попоски за организираниот прием , честитките за новогодишните празници, Министерството за надворешни работи и сите владини институции на сите нивоа, од општинското до централното, за сета соработка и помош при нивната работа како гости во Република Македонија.  Амбасадорот Шчербак ја подвлече извонредната македонска гостопримливост и вистинска волја за соработка со странските дипломати./крај/мф/бс

 

Извор: Макфакс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Телефонски броеви и информации за семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство, објави Муцунски

Преку социјалните мрежи министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски објави како што пишува, важни информации за семејствата на пациентите кои...

Македонија12 часа

Во Кочани полициска акција за приведување на лица за пожарот во дискотеката

Во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за...

Македонија13 часа

Медицински центри во странство каде се лекуваат пациенти од пожарот во Кочани, објави Таравари

Министерот за здравство Арбен Тараври на социјалните мрежи објави список со медицински центри во странство каде се лекуваат пациентите од...

Македонија15 часа

Пробиштип ги испрати Никола, Матеј и полицаецот Тоше кои загинаа во дискотеката

Пробиштип денес се прости од Никола Насевски, Матеј Марковски и Тоше Тодоровски, испраќајќи ги во нивните вечни почивалишта. „Тие ќе...

Македонија16 часа

Штип се прости од петтемина свои сограѓани кои загинаа во пожарот во Кочани

Граѓаните на Штип денеска се простија од петтемина загинати во пожарот во дискотеката во Кочани. Последна почит им оддадоа на...

Македонија19 часа

Објавени имињата на сите загинати во пожарот во дискотеката во Кочани

Министерството за здравство ги објави имињата на сите загинати во пожарот во дискотеката во Кочани. „Не постои збор со кои...

Македонија20 часа

Меѓу загинатите од пожарот во Кочани има шест деца под 18 години

По извршените обдукции, Обвинителството ја објави возраста на загинатите во пожарот во Кочани. Според информацијата, три лица се на возраст...

Македонија20 часа

Токсиколошки анализи ќе им се прават на сите пациенти пред испишување, утре од болница си заминуваат тројца повредени во пожарот во Кочани

Четврти ден по трагедијата во Кочани со 59 починати и 196 повредени, министерот за здравство Арбен Таравари соопшти дека сите...

Македонија21 час

„Си замина дел од моето второ семејство, остана само пепел и празнина“, се огласи Ана, придружниот вокал на ДНК, која го преживеа пожарот во Кочани

Се огласи Ана Костадиновска, придружниот вокал во бендот ДНК, една од преживеаните во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Таа...

Македонија21 час

(Видео) Македонија се простува од членовите на ДНК, кои загинаа во пожарот

Денес, ќе бидат погребани членовите на бендот ДНК, кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Пејачот на бендот,...

Македонија23 часа

„Кај еден пациент има подобрување, но претстои голема борба за закрепнување“, се огласија од ВМА во Белград

Поминаа четири дена од трагедијата што го погоди градот Кочани во Македонија кога во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“...

Топ23 часа

Уапсени двајца 18-годишници, кои правеа огномет синоќа во Скопје: прославувале роденден во Градскиот парк

Вчера, околу 21.25 часот, во СВР Скопје е пријавено дека во Градскиот парк во Скопје има огномет и не се...

Македонија23 часа

Ангелов: На погребот во Кочани ќе бидат само најблиските, ужалените грѓани ги молам да не влегуваат внатре

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојнче Ангелов, ги замоли ужалежните граѓани да не влегуваат на гробиштата на денешната...

Регион24 часа

Во Софија илјадници луѓе им оддадоа почит на загинатите во Кочани

Неколку илјади луѓе синоќа со едноминутно молчење во центарот на Софија, оддадоа почит кон жртвите од трагедијата во Кочани. Тие...

Македонија1 ден

Денес погребни церемонии за загинатите во дискотеката во Кочани

Погребните церемонии за починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ ќе се одржат во текот на денешниот ден во Кочани, Штип,...

Топ1 ден

Приведен раководител во општина Маврово Ростуше: побарал поткуп од 13.000 евра и ветил дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење апартмани

Вчера, полициски службеници го лишиле од слобода С.Е., раководител на Одделението на урбанизам и комунални дејности при општина Маврово Ростуше....

Македонија1 ден

19-годишниот Јован Костадинов спасил 21 дете во пожарот – „Го зеде мојот син и го носеше на својот грб“, сведочи мајка

Деветнаесетгодишниот Јован Костадинов од Виница е еден од повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“, а денес сите зборуваат за неговиот...

Македонија2 дена

Сите вработени во Кочани утре да бидат ослободени од работа, порача Владата

Владата ги задoлжи државните институции, а препорача и до локалната самоуправа и приватниот сектор да ги ослободат од работа сите...

Македонија2 дена

Притвор за седумте полициски функционери поради издавање на согласност за дискотеката во Кочани

Определен е 30-дневен притвор за седумте службени лица од Штип и Кочани, кои се осомничени за тешки дела против општата...

Македонија2 дена

Палчо си запали цигара откако ја закопавме Вања, ја чистеше лопатата за да прикрие траги, сведочеше Манев

Koга завршивме со закопувањето на Вања, Љупчо Палевски ладнокрвно запали цигара и си го отвори телефонот за да види што...