Контакт

Надворешна политика

Попоски – Кундерс: Процесот на реформи да биде пресликан во рамката за водење на пристапните преговори

Објавено пред

На вчерашната работна посета на Холандија, министерот за надворешни работи Никола Попоски имаше средба со својот колега, холандскиот министер за надворешни работи Берт Кундерс, како и со членови на Комисијата за ЕУ во холандскиот Парламент, а во фокусот на разговорите беа ЕУ перспективата и предизвиците со кои се соочува Македонија на тој пат.

dobivaj vesti na viber

„Холандија, како актуелен претседавач со Советот на Европската унија и долгогoдишен пријател и партнер за европската интеграција на целиот регион, сака да помогне да се придвижи македонското досие. Најдоброто сценарио е процесот на реформи да биде пресликан во рамката за водење на пристапните преговори. За таа цел потребно е час поскоро надминување на политичките предизвици со домашни ресурси.  Кај Холандија како и повеќе земји членки, следниот чекор кон ЕУ се гледа во успешно спроведување на избори врз објективни критериуми.  Перспективата за отворање на преговори е моќен инструмент за ЕУ процесот на пристапување, особено по клучните поглавја кои се поврзани со правосудството и внатрешните работи“, посочи Попоски

Воедно, соговорниците ги истакнаа потенцијалите за унапредување на економската и соработката во областа на туризмот.

Во реномираниот Институт за надворешни односи, Клингендајл, министерот Попоски имаше излагање за предизвиците и можностите на процесот на проширување на Европската унија низ призмата на Македонија.

За време на посетата, министерот Попоски ја посети и Организацијата за забрана на хемиското оружје со седиште во Хаг, при што со генералниот директор Ахмет Узумџу разговараа за досегашната успешна соработка помеѓу Република Македонија и оваа меѓународна организација и нејзиниот придонес кон глобалниот мир и безбедност./крај/мф/бс

 

 

 

 

Извор: Макфакс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет15 минути

Трамп: Зеленски е подготвен да преговара со Русија за ставање крај на војната

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен да преговара за договор со Русија за...

Свет39 минути

Документите за атентатот на Кенеди веќе нема да се чуваат во тајност

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди декласификација на документите поврзани со трите најзначајни атентати во историјата на САД – атентатите на...

Свет45 минути

(Видео) Одбивме непријателски дронови упатени кон Москва, соопшти градоначалникот

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин рано утринава изјави дека единиците за противвоздушна одбрана пресретнале три одделни напади на украински беспилотни...

Свет13 часа

Tрамп до светските компании: Произведувајте во САД или ќе се соочите со царини

Доналд Трамп порача до компаниите во светот дека ако не произведуваат во САД, ќе се соочат со царини во вредност...

Спорт14 часа

Македонија силна против Катар

Ракометната репрезентација на Македонија ја забележа втората победа, прва во главната фаза, на 29.Светско првенство. Попладнево во Вараждин, Македонија го...

Топ16 часа

Почина тримесечно бебе во Скопје

Вчера во 09.10 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош Скопје било пријавено дека во семејна куќа на подрачјето...

Македонија17 часа

Рокас од Куманово ја поздрави размената на честитки за новата влада во Бугарија и нагласи дека е фокусиран на реформите што се бараат од нас

Честитките што македонските политичари ги испратија за изборот на новата влада во Бугарија, евроамбасадорот во земјата, Михалис Рокас, смета дека...

Македонија19 часа

Вељаноски, Јанакиески, Ристовски и Атанасовски ослободени од гонење за „Oрганизатори на 27 април“

Трајко Вељановски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски се ослободуваат од кривично гонење во предметот „Организатори на 27 април“....

Топ19 часа

Верижен судир на скопската обиколница кај Смилковското Езеро, се судриле автобус, товарно возило и автомобили

Вчера околу 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот – обиколница на град Скопје, во близина на...

Македонија20 часа

„Прашањето е решено, конечно и неповратно“: грчкото МНР ја оценува како провокација изјавата на Мицкоски

Атина излезе со официјален одговор на неодамнешните изјави на премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, кој посочи дека Скопје не...

Македонија20 часа

(Видео) Надлежните си ја префрлаат топката кој е виновен, а пациентите на Онкологија седум дена се без потребната биолошка терапија, велат од СДСМ

„Додека надлежните си ја префрлаат топката кој е виновен, пациентите на Клиниката за онкологија седум дена се без потребната биолошка...

Македонија22 часа

Резил е што СДС е против купување нов државен авион по еден погинат претседател и еден врз кој е извршен атентат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Последиците што ги сносиме како држава со користење на моменталниот авион, кој не ги покрива потребите на државата и е...

Македонија23 часа

Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најстудено било во Берово каде биле измерени -6 степени, -4 било на Попова Шапка, -3 во Битола, Прилеп и...

Македонија23 часа

ДУИ: Невиден и нечовечки говор на пратеникот од „Влен“ во Собранието, кој употреби навредлива и неприфатлива реторика кон лидерот Ахмети

ДУИ ја изразува својата најдлабока огорченост од „невидениот и нечовечки говор на пратеникот од Влен во Собранието, кој употреби навредлива...

Свет24 часа

(Видео) Опасноста од пожар и понатаму е на критично ниво во Калифорнија, наредена е евакуација: „Изгледаше како да возиме во пеколот“

Опасноста од пожар и понатаму е на критично ниво во Јужна Калифорнија, каде што илјадници жители добија наредба да се...

Европа1 ден

Писториус: Русија може да ги нападне членките на НАТО во рок од пет години

Борис Писториус предупреди на теоретска закана од руски напад врз земјите на НАТО во 2029/2030 година. Според него, дотогаш Русија...

Свет1 ден

Јужнокорејските истражители бараат од обвинителите да го обвинат Јун за бунт

Антикорупциската агенција на Јужна Кореја побара од обвинителите во вторникот да го обвинат претседателот Јун Сук-Јол за бунт и злоупотреба...

Свет1 ден

Трагедија во Индија: скокнале од воз поради шпекулации за пожар, а друг воз ги прегазил, 13 мртви

Најмалку 13 лица загинаа од удар на воз во западна Индија кога патниците скокнале од друг на соседната пруга, бидејќи...

Свет1 ден

Америка испраќа дополнителни 1.500 војници на јужната граница

Американската војска се подготвува да испрати приближно 1.500 дополнителни војници на границата со Мексико, изјави американски официјален претставник само два...

Топ1 ден

Пијан маж избол во вратот 22-годишна девојка: Обид за убиство во Крива Паланка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...