Контакт

Надворешна политика

Попоски – Курц: Австриската политика за примање на бегалците ќе ја одреди и македонската за пропуштање на оние кои транзитираат

Објавено пред

Македонската политика во однос на пропуштањето на бегалците кои транзитираат низ земјата ќе биде во тесна координација со австриската политика во однос на ова прашање, најавија во петокот шефовите на дипломатиите на Македонија и Австрија, Никола Попоски и Себастијан Курц.

dobivaj vesti na viber

Според шефот на на македонската дипломијата, во однос на бегалската криза, она што е највжано е секој да ја врши својата работа во однос на сопствената територија, при што крајната цел е постигнување резултат кој ќе обезбеди хуман третман и безбедна ситуација во однос на справувањето со оваа криза. Попоски нагласи дека во разговорите со неговиот австриски колега се согласиле дека бројот на пропуштени бегалци во Македонија ќе зависи од вкупната бројка на тоа колку мигранти ќе бидат примени во земјите членки на Европската унија (ЕУ).

„Бројот на примените мигранти ќе зависи од тоа колку мигранти ќе бидат примени во земја членка на ЕУ, односно колку што ќе биде тој број, толку ќе пуштиме да транзитираат низ Македонија. Единствениот начин на кој ќе се влегува во Македонија ќе биде на легално место каде што може да се направи регистрација. Целата помош која е понудена од Австрија и другите земји е добредојдена. Маекдонија до овој момент сите напори во справувањето со оваа криза ги финансиира преку средства обезбедени од даночните обврзници на Македонија и билатералната помош како оваа од Австрија. Ја цениме помошта во персонал и опрема, без неа потешко ќе се справувавме со проблемите, а идејата е да има пријатели кои ќе помогнат, но една работа треба да биде јасна, на македонска територија газди се македоснките власти и ние одлучуваме за тоа какви мерки ќе бидат преземени“, потенцираше Попоски.

Според австрискиот министер за надворешни работи, пак, Австрија е една од трите најпосакувани цели на мигрантите, покрај Германија и Шведска, и токму поради оваа таа презеле мерки како што се поставување на горни граници за оваа година и евентуално затворање на границите.

„Ние сме втора земја во однос на тоа колку изнесува бројот на примени мигранти по жител, односно 90 илјади, што сепак за една мала држава не е малку. Разговаравме за постапката на Австрија во однос на мигрантите, како прво моравме да утврдиме горни граници за 2016-та, а тоа ќе бидат 37.500 мигранти кои ќе можеме да ги примиме, а одредивме и дневни контингенти, односно број на мигранти по ден на кои ќе им се дозволи влез. За некој месец нашата максимална бројка веќе ќе биде постигната така што Австрија ќе мора ги стопира мигрантите на границата. Австрија е една од тројката најпосакувани целни земји за мигрантите, покрај Германија и Шведска, а Шведска веќе направи слични одлуки што значи од овие наши одлуки ќе има секако последици долж рутата којашто е засегната,а меѓу кои е и Македонија. Македонија мора да биде подготвена комплетно да го стопира влезот на мигрантите со оглед на што по Грција таа е првата држава којашто се соочува со мигрантите“, рече Курц, додаваќи дека е задоволен од соработката со македонските власти, нагласувајќи дека истото не било возможно со Грција.

Покрај бегалската криза, двајцата министри разговарале и за процесот на евроинтеграциите и политичката криза во земјата, како и за економската соработка меѓу двете страни.

„Австрија е вториот најголем инвеститор во Македонија и е значајна за нашиот економски развој, разговаравме за акцискиот план кои го имаме усогласено меѓу двете министерства околу идната соработка. Во делот на евроинтеграциите, Австрија е дел од групата „Пријатели на Македонија“, кои се трудат да се овозможи кредибилен процес на евроинтеграции за Македонија и отпочнување на процесот на преговори. Австрија е заинтересирана за стабилноста и просперитетот на регионот. Разговаравме околу спроведувањето на политичкиот дијалог и навременето исполнување на сите обврски, од кои клучната е спроведувањето на избори на 24-ти април, што ќе ни ги отвори вратите кон поголемото посветување на евроатланската агенда“, рече Попоски.

„Мора да се почитуваат сите политички договори кои што се направени, за да може да се обезбедат фер и слободни избори“, додаде пак Курц, нагласувајќи дека Австрија и натаму ќе продолжи во својата поддршка за Македонија во сите можни области каде што постои простор за соработка. /крај/мф/бс

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 минути

(Видео) Протести против Зимските олимписки игри во Милано: демонстрантите фрлаа димни бомби и шишиња кон полицијата

Илјадници луѓе се собраа во Милано на протест против Зимските олимписки игри само еден ден по церемонијата на отворање во...

Македонија6 часа

(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат

Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на...

Македонија6 часа

Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло

Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад...

Македонија8 часа

(Видео) Петрушевски: Од 27 тони запленета дрога, повеќе од две третини е на фирма на соработник на Зоран Заев

Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев, рече денес...

Македонија8 часа

Левица ќе иницира разрешување на Ристовска, имаат информации за понижување, викање и навреди во ДКСК

Наместо да ја насочи својата енергија кон расчистување на корупцијата, членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета...

Свет9 часа

Низ разузнавачките канали протекоа детали за „Дмитриев пакет“, вреден е 12 трилиони долари, вели Зелениски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постои ризик САД и Русија да склучат билатерални договори кои се однесуваат на Украина,...

Свет9 часа

Судот нареди на администрацијата на Трамп да врати од Хондурас три депортирани семејства и да ги плати трошоците за враќање

Окружниот суд во Сан Диего пресуди федералната влада на САД да ги врати трите семејства од Хондурас, наведувајќи дека нивното...

Македонија12 часа

Независниот полициски синдикат утре организира протестен марш во Битола: За закани за тепање и убивање полицајци се оди во притвор

Независниот полициски синдикат (НСП) утре во Битола организира марш за еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела,...

Македонија13 часа

Магла ја намали видливоста до 60 метри на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози соопшти Авото-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ), Намалена видливост...

Македонија1 ден

Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски

Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна...

Македонија1 ден

Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните...

Македонија1 ден

Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија

Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за...

Македонија1 ден

Студентите што студираат во странство или се прогласени за најдобри, ќе имаат предност за вработување на државните универзитети

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование...

Економија1 ден

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец. Во споредба...

Македонија1 ден

СДСМ: Нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница

Нема одговор како 5 тони дрога поминала преку граница – има вистина дека ВМРО го овозможи бизнисот со канабис, велат...

Македонија1 ден

„Да се забрани производство на марихуана за наводни медицински цели“, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз бара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство...

Свет2 дена

Лавров: Москва е во таен контакт со некои европски лидери, тие бараат разговорите да останат тајни

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва е во таен контакт со некои европски лидери и...

Македонија2 дена

Поднесена кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат полицајци на протестот за возачките дозволи

Независниот полициски синдикат поднесе кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат луѓе на протестот...

Свет2 дена

Објавени пораки меѓу поранешниот норвешки премиер и Епстин, започната е истрага

Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд е под полициска истрага поради сомнение за сериозна корупција поврзана со неговите врски со покојниот...

Свет2 дена

Трамп ја претстави TrumpRx: Нова платформа за поевтина набавка на лекови во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток ја претстави TrumpRx.gov, нова онлајн платформа што ќе им овозможи на американските потрошувачи да...