Контакт

Надворешна политика

Попоски од ЕУ побара почеток на пристапните преговори со Македонија

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, на годишното обраќање пред Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент (ЕП) побара да се прифатат шесте последователни препораки на Европската комисија (ЕК) за почеток на преговорите за членство на Македонија во Европската унија (ЕУ), со цел да се врати кредибилитетот на процесот на проширување на Унијата.
 

dobivaj vesti na viber

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, на годишното обраќање пред Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент (ЕП) побара да се прифатат шесте последователни препораки на Европската комисија (ЕК) за почеток на преговорите за членство на Македонија во Европската унија (ЕУ), со цел да се врати кредибилитетот на процесот на проширување на Унијата.

 

 

Попоски заедно со неговите колеги од Албанија, Дитмир Бушати, Црна Гора, Игор Лукшиќ, претседателот на црногорскиот парламент, Ранко Кривокапиќ, шефот на дипломатијата на Косово, Енвер Хоџај, на Србија, Ивица Дачиќ и на Босна и Херцеговина, Златко Лагумџија, настапија пред европратениците, но и претставници на националните парламенти на земјите-членки на ЕУ, јавува МИА.

 

Претседателот на АФЕТ, Елмар Брок, пред почетокот на излагањата на министрите, истакна дека ЕП ја поддржува солунската агенда од 2003 година согласно која сите земји од западен Балкан треба еден ден да станат членки на Унијата.

 

На почетокот на своето излагање пред Комитетот за надворешни работи на ЕП, Попоски посочи три точки на кои треба да се посвети внимание, а тоа е контекстот во однос на Солунската агенда на ЕУ и големото охрабрување за сите на Балканот дека процесот на проширување не е заборавен и оти треба да се придржуваат кон начелата.

 

„Во моментов Македонија е фокусирана на тоа што Еврокомисијата го дефинира како Пристапен дијалог на високо ниво (ХЛАД),  што ни одговара, бидејќи се фокусира на клучните поглавја 23 и 24, што се однесуваат на правосудството, медиумите, транспарентноста, рекламирањето, политичките односи, политичката кутура, внатрешните односи меѓу актерите и препораките на ОБСЕ. Имаме и посебно поглавје кое се нарекува добрососедски односи, што не значи дека немаме добри односи со соседите, кои мислам дека ни се одлични“, истакна Попоски.

 

Според министерот за надворешни работи Попоски, со сите соседи кои не се членки на ЕУ, но и со Бугарија, Македонија има добра размена на информации и комуникација и добро се разбира. Но, според него, причината зошто земјата го има ова поглавје е Грција и прашањето за името. Сепак, Попоски истакна дека и односите на Грција и Македонија се одлични од економски поглед, дека голем дел од компаниите на берзата во Скопје се од Грција, а постои и многу добра трговска размена со Грција,а секој втор Македонец го минува летниот одмор кај јужниот сосед. Тој рече дека политичкиот контекст е поинаков и треба да има поголем ангажман кој сега недостасува за да се надмине проблемот.

 

„Тука говорам за ситуацијата во Македонија. Не почнавме преговори, не затоа што процесот долго трае, туку поради тоа што нема консензус. Одредени политичари тврдат дека доколку се задржи Македонија долго во оваа состојба, дека ќе доведе до проблеми и мислам дека тоа е работа на минатото. Реалност е дека ни треба консензус и тоа е начин дека состојбата на сила е доминантна, а земја-членка може да поставува услов, што не е во согласност со принципите на ЕУ. Меѓународниот суд од Хаг одлучи дека никој нема право да наметне друго име од демоокартски избраното од страна на оваа земја. Тоа не е причина да не продолжиме со засилување на инаку добри односи со јужниот сосед Грција оти имаме заедничка политичка, економска соработка и тоа е причина да работиме“, порача шефот на македонската дипломатија

По говорот на македонскиот шеф на дипломатијата, новиот известувач за Република Македонија во Европарламентот, Иво Вајгл, посочи дека неговата група на Алијанса на либералдемократи (АЛДЕ) е во ЕП за да го поддржи процесот на проширување на Унијата. Според европратеникот од Словенија, во ЕП не се дозволуваат било-какви стравови, кога станува збор за процесот на проширување и оти нема да има црвено светло на семафорот за процесот на проширување.

 

„Министерот на Македонија говореше за успешните економски реформи во земјата, за стапката на невработеност и за долгот кој не е голем и сето тоа е добро. Македонија е на пат кон Европската унија и е пример за многу земји од регионот, но има и бројни проблеми. Пред се, ЕУ не беше ефикасна во решавањето на нерешените прашања и неприфатливо е Еврокомисијата веќе шест години по ред да препорачува почеток на преговорите, а тоа се уште не се случило. Прашањето за името на земјата се уште не е решено, но мора да имаме поголеми амбиции за да се реши ова прашање и верувам дека новата Висока претставничка за надворешна политика на Унијата Федерика Могерини ќе има поголеми амбиции во таа смисла“, истакна Вајгл.

 

Според словенечкиот европратеник, ЕУ најверојатно ќе може прашање да го реши наметнатото прашање за името и дека треба да го реши, според него, барем делумно, со тоа што Македонија ќе почне преговори, а пред тоа да не мора да го реши прашањето за името. Тој додаде дека ЕУ треба да почне преговори со Македонија, иако, според него, земјата има некои проблеми, пред се да изврши реформа на правосудството, да се подобри слободата на медиуми и да го спроведе Охридскиот договор./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет5 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет7 часа

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет8 часа

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија11 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија12 часа

(Видео) Мицевски: Поднесовме Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, ја поднесовме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на...

Македонија14 часа

(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише резолуцијата на СДСМ, рече Кузеска

„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот....

Свет15 часа

(Фото) 10-годишно девојче, двајца рабини и маж што го преживеал холокаустот: познати жртвите од Сиднеј

Во терористичкиот напад на плажата Бонди вчера беа убиени најмалку 15 цивили, од кои многумина го славеа првиот ден од...

Свет17 часа

(Видео) Татко и син убија 15 луѓе во Сиднеј: „Се заколнале на верност на ИСИС“

Таткото и синот кои убија 15 лица на еврејски фестивал на плажата Бонди во Сиднеј во неделата можеби имале врски...

Европа17 часа

(Видео) Снимено уривањето на огромен руски воен транспортен авион, се преполови во воздухот

Рускиот канал на Телеграм „Маш“ објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го...

Македонија17 часа

Земјотрес почувствуван во Македонија

Утрово во 7.20 часот беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ. Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од...

Свет18 часа

(Видео) Нападот врз Бонди е чин на чисто зло, вели австралискиот премиер

Австралискиот премиер Ентони Албанез и началниците на полицијата одржаа прес-конференција во Сиднеј. „Она што го видовме вчера беше чин на...

Свет18 часа

(Видео) Преживеан од холокаустот загина штитејќи ја сопругата на плажата Бонди

Една од жртвите на терористичкиот напад во неделата за време на прославата на Ханука во Австралија беше Алекс Клајтман, преживеан...

Свет19 часа

(Видео) Американски режисер и неговата сопруга пронајдени мртви: полицијата се сомнева дека е убиство

Полицијата на Лос Анџелес истражува нешто што го опишува како очигледно убиство откога две тела беа пронајдени во домот на...

Македонија1 ден

Неправилности и проблеми со „Безбеден град“ ќе се пријавуваат преку специјален пункт или на интернет

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, е задоволен од резултатите од тест-периодот на проектот „Безбеден град“. Тошковски вели дека граѓаните...

Економија1 ден

Мицкоски: Буџетот е ликвиден, трезорот нема да се затвори на 15 декември

Премиерот Мицкоски изјави дека Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат тековно. Како што појасни Мицкоски, 15 декември не...

Македонија2 дена

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ предлага Резолуција за осуда на дезинформациите за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ денеска претстави „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“. „Во изминатите...

Македонија2 дена

(Видео) Димитријевиќ: Власта носи мигранти за пари

„Во буџетот нема пари. За првпат во историјата, утре – 15 декември – се затвора Трезорот. Државата доцни со сите...

Топ2 дена

Oбвинителство: За насилство во училиште во Сарај, побарана судска постапка спрема пет деца

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка за...

Македонија2 дена

АХВ: Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречија увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил...