Контакт

Надворешна политика

Попоски-Петерле: Легитимни се очекувањата за успешно спроведување на изборите

Објавено пред

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски во четврток оствари средба со европратеникот Алојз Петерле.

dobivaj vesti na viber

На средбата двајцата соговорници заклучија дека се легитимни очекувањата за успешно спроведување на изборите во Република Македонија на 11 декември.

„Многу факти водат кон тоа дека пред-условите за таков развој се исполнети. Сериозен предизвик останува да се обезбеди логичен напредок кон членство во сегашни европски услови. Ќе биде неопходно да се согледуваат и ефектите од намалената видливост на европската перспектива. Ова е мотив повеќе да се зацврсти посветеноста на реформи дома, но и мобилизација во ЕУ за стабилен и просперитетен Балкан во рамки на Унијата“, истакна Попоски. /крај/со/ст

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Мицкоски патува на инаугурацијата на Трамп, Владата објави кој ќе го придружува

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски од утре па во наредните неколку дена ќе присуствува во САД. Премиерот коj ќе биде...

Свет1 час

Америка подигa бодликава жица на границата со Мексико пред инаугурацијата на Трамп

Агентите на американската гранична патрола вчера подигнаа бодликава жица меѓу градот Ел Пасо во Тексас и неговиот мексикански сосед Сиудад...

Свет1 час

„Тик-ток“: Утре се гаснеме во Америка

„Тик-ток“ синоќа предупреди дека ќе биде принуден да престане со работа во САД утре, освен ако не добие јасна изјава...

Свет1 час

Израел ќе ослободи 737 палестинци во замена за заложниците

Израел ќе ослободи 737 палестински затвореници во замена за првите израелски заложници, што е првата фаза од договорот за прекин...

Свет1 час

Мелони ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп, Орбан не доаѓа

Италијанската премиерка Џорџа Мелони во понеделник ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, соопштија синоќа претставници од...

Спорт15 часа

Ракометарите загубија од Холандија – Холанѓаните се пласираа во втората фаза

Фото/ facebook.com/rfmofficial Македонските ракометари загубија од Холандија 32:37 (15:18), во второто коло на 29.Светско првенство во ракомет. Избраниците на Кирил...

Македонија17 часа

Големи гужви попладнево на повеќе скопски улици – сообраќајот закочен

Огромни гужви има попладнево во повеќе делови од главниот град, а граѓаните се жалат дека се заглавени во своите автомобили...

Македонија20 часа

Николоски: Ја пуштаме за сообраќај новата пруга Куманово-Бељаковце, за две-три недели ќе имаме и нова железничка линија

Само со посветенот и одговорност, за две недели можат да се пуштат во употреба три крупни капитални проекти. Денеска ја ...

Македонија23 часа

Штрајк и тужби за државата се можни доколку Владата не го продолжи дијалогот со административците, кои бараат 30 отсто поголема плата

Вработените во неколку министерства и државни институции, кои и денес, четврти ден по ред, излегоа на протест за 30 отсто...

Македонија1 ден

Починаа две новороденчиња близначиња: трагедија во Прилепско

Две новороденчиња, близначиња, на околу 20 дена старост починале вчера околу пладне, а јавен обвинител од основното јавно обвинителство од...

Топ1 ден

Обвинение против 10 лица, членови на организираната криминална група, за посредување при проституција, перење пари и трговија со дрога

По завршувањето на истражната постапка која ја водеше Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а во...

Европа1 ден

(Видео) Институтот за проучување на војната: Борбите се брутални, сите Севернокорејци во Курск би можеле да бидат уништени за 3 месеци

Целиот севернокорејски контингент од околу 12.000 војници во моментов во рускиот регион Курск би можел да биде убиен или ранет...

Македонија1 ден

Груби крадеше додека на чело на МВР беше Оливер Спасовски, а обвинители и судии се избираа во Зајас и Струмица, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Филипче месец дена се препелкаат во лавиринтот на сопствените лаги за криминалот на Груби. Артан Груби направи милионски...

Македонија1 ден

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -9 степени, -8 било на Попова Шапка, -6 во Дебар, -5...

Регион1 ден

Потрагата по тригодишното дете во Сава во Загреб продолжува: уапсена мајката, сослушан е и сопругот

Потрагата по детето кое исчезна во Сава во Загреб продолжува и денеска. Во четвртокот, спасувачките служби го напуштија местото на...

Европа1 ден

Зеленски до Фицо: Пукаа во тебе зошто не прости?

„Словачката влада игра многу опасна игра критикувајќи ја воената поддршка на Западот за Украина и приближувајќи се кон Русија“, изјави...

Регион1 ден

(Видео) Илјадници студенти протестираа во Подгорица

Неколку илјади демонстранти се собраа вчера во Подгорица барајќи оставка од лидерите на црногорската влада кои раководат со безбедносниот сектор,...

Свет1 ден

Канцеларијата на Нетанјаху го потврди договорот за ослободување на заложниците

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека „постигнал договор за ослободување на заложниците“ кои се држат во Појасот Газа,...

Свет1 ден

Пронајдени пердуви и крв во моторите на авионот во кој загинаа 179 луѓе

Истражителите пронашле птичји пердуви и крв во двата мотори на авионот Jeju Air што се урна во Јужна Кореја на...

Свет2 дена

Израел сè уште нема да објави прекин на огнот во Газа поради условите што ги поствил Хамас

Израел нема да објави официјален крај на непријателствата во Појасот Газа додека Хамас не ги повлече условите наметнати во последен...