Надворешна политика
Попоски – Питела: Европарламентот ги поддржува евроинтеграциите на Македонија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/poposki20mnr203.jpg)
Министерот за надворешни работи Никола Попоски во четвртокот оствари средба со делегација на групата на социјалистите во Европскиот парламент предводена од нејзиниот претседател Џани Питела од Италија и потпретседателот Кнут Флекенштајн од Германија.
Министерот за надворешни работи Никола Попоски во четвртокот оствари средба со делегација на групата на социјалистите во Европскиот парламент предводена од нејзиниот претседател Џани Питела од Италија и потпретседателот Кнут Флекенштајн од Германија.
На средбата беа разменети мислења за актуелната политичка ситуација во Република Македонија, нејзината европска перспектива, како и за предизвиците во справувањето со мигрантската криза.
Претседателот на групата на социјалистите Питела ја реафирмираше поддршката на Европскиот парламент и неговата политичка група за европскиот интегративен процес на Република Македонија. Беше истакната важноста од целосно имплементирање на Политичкиот договор и спроведување фер и демократски избори во април 2016-та година, што би го отворило патот кон отпочнување на преговорите за членство во Европската унија. Соговорниците се согласија дека конструктивното политичко опкружување во Република Македонија е многу знајчајно за избегнување на дополнителни пречки на патот кон ЕУ.
Попоски изрази благодарност за поддршката што Република Македонија ја добива во повеќе наврати од Европскиот парламент во правец на отпочнување на преговори за членство во ЕУ.
„Посакуваме поддршката да биде преточена во одлуки од страна на Советот на ЕУ, што сериозно би го зацврстило кредибилитетот на ЕУ перспективите за РМ“, констатираше Попоски.
Во однос на ставовите и политичкиот дијалог во Македонија, изнесени од СД во Европарламентот, Попоски истакна уверување дека ќе бидат поддржани решенија кои се над се, во интерес на државата и нејзините граѓани.
Осврнувајќи се на кризата со бегалците, беше нагласена конструктивната улога на Република Македонија во справувањето со ситуацијата, како и потребата од зајакната соработка и координација со соседните земји и ЕУ. Нема долгорочно решение без решавање на кризата во Сирија, истакна меѓу другото министерот Попоски./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/02/mucunski-viena.jpg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/mucunski-varheji.jpg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/Ukraina-1.jpg)
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.