Надворешна политика
Попоски: Поголем ангажман на ЕУ и НАТО за решавање на спорот за името
За да дојде до решение на спорот за името со Грција, потребна е конкретна ангажираност на земјите членки на ЕУ и НАТО, како и политичка мотивираност кај Атина, оценил шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски во средата по обраќањето на Петтата годишна конференција на иселеничките организации.
„Најголем ограничувачки фактор во моментов е што нема речиси никаков политички мотив во Грција сериозно да се седне и да се бара решение по однос на ова прашање. Причините се очигледни, бидејќи политичкиот фокус е на домашната сцена и предизвиците со кои се соочуваат, особено во делот на спречување на кризата во еврозоната ја апсорбираат практично целатата енергија која ја имаат. Дополнително, очигледно е дека сакаат да го избегнат ова прашање и да продолжат по патот на неносење одлука ниту во НАТО ниту во ЕУ и одлагање и на решението и на напредокот во однос на членството и почетокот на преговорите. За ова да се промени е апсолутно потребен поголем фокус од поголемите земји-членки на НАТО и на ЕУ“, изјавил Попоски.
Во однос на претстојната посета на посредникот Метју Нимиц на Скопје и Атина, Попоски изјавил дека засега нема најави дека медијаторот на разгледување ќе донесе и нов предлог.
„Нашиот аргумент се демократските стандарди и меѓународното право, затоа и инсистираме на нив. Тука многу е јасно кој и на кој начин може да ги идентификува и идентитетот и правото на самоопрделување и оние основни човекови права. Сите други кои го набљудуваат овој спор се свесни дека грчкиот пристап покрај тоа што е нелегален, навлегува и во параметри кои се однесуваат на идентитет“, потенцирал шефот на македонската дипломатија.
Запрашан околу напредокот во разговорите со Бугарија за потпишувањето на договорот за добрососедство, Попоски рекол дека на последната средба бил постигнат суштински напредок по однос на сите поставени прашања.
„Нашето чувство беше дека правецот и насоката која ја фативме во овие дискусии ветува дека можеме да постигнеме решение. Во овој момент мораме да се соочиме со политичката реалност – предвремените избори во Бугарија и веројатно формирање нова влада. Остануваме на располагање да го надминеме овој проблем, а поддршка за тоа се и изјавите на претседателите на двете земји дека проблемот може да се надмине“, рекол министерот./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.