Контакт

Надворешна политика

Попоски разговараше со Аврамопулос за мигрантската криза

Објавено пред

Во рамки на Состанокот на Северно-атланскиот совет на НАТО со Република Македонија, што денес се одржа во Брисел, министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски оствари средба со еврокомесарот за внатрешни работи и миграциски прашања Димитрис Аврамопулос и со генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), Ален Лероа.

dobivaj vesti na viber

На средбата со Аврамопулос главна тема беше проблемот со големиот наплив на мигранти, за кој се заклучи дека не е проблем само на Република Македонија и индивидуалните земји кои се дел од рутата на мигрантите, туку европски проблем, кој бара европско решение.

Попоски притоа информираше за моменталната состојба со бројот на бегалците во Македонија, како и за мерките коишто ги преземаат македонските институции за нивна регистрација, транзит и соодветно згрижување за време на нивното привремено сместување. Шефот на дипломатијата ги потенцираше очекувањата за што поскоро добивање помош од Европската унија за справување со мигрантската криза, истакнувајќи дека земјата е под силен притисок како прва земја на влез на мигрантите од земја членка на ЕУ.

Воедно, беше потенцирано дека клучно за справување со проблемите на регистрација на мигрантите е меѓуграничната соработка, каде ЕУ има капацитети да помогне финансиски но и со споделување на искуства. Соговорниците се согласија дека е клучно за мигрантската криза да се одговори на причините за кризата и да се стабилизираат кризните региони кои се извор на мигрантско-бегалската криза./крај/мф/бс

Извор: Макфакс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет30 минути

Америка ѝ нуди на Украина заштита слична на НАТО, Путин, наводно, се согласил

Американскиот претставник Стив Виткоф изјави во интервју за „Си-ен-ен“ дека рускиот претседател Владимир Путин за прв пат се согласил да...

Свет38 минути

Зеленски во Брисел: Не гледам дека Путин е подготвен за средба со мене и Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не гледа индикации дека Русија е подготвена за трилатерален самит меѓу него, американскиот претседател...

Топ1 час

Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56...

Топ6 часа

Млада жена со перница се обиде да ја убие бабата на сопругот – ужас во Ѓорче

Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за обид за убиство. Пред два дена, во...

Свет7 часа

„Ројтерс“ со детали за планот за ставање крај на војната во Украина

Русија би се откажала од помали делови од Украина, а Киев би препуштил поголеми делови од истокот на земјата  –...

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Фрчкоски добил 200 илјади евра од Еразмус+, наместо младите

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека пари од програмата Еразмус+, наменети за образовни проекти за младите, завршувале кај поединци блиски до СДСМ. Во...

Македонија7 часа

Влен: Османи 20 години гради кариера, без проекти за Чаир

Коалицијата „Влен“ го критикуваше Бујар Османи, наведувајќи дека во изминатите 20 години тој градел лична политичка кариера, но не реализирал...

Македонија9 часа

Повеќето пожари изгаснати, под контрола еден – ‘Јасен’ сè уште гори

До 8 часот утринава регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од...

Регион10 часа

Запален штаб, солзавец, шок бомби – масовни протести во Србија

Синоќа имаше смасовни протести во повеќе градови низ Србија, меѓу кои Белград, Ваљево, Милановац, Книќ и Нови Сад. Пред седиштето...

Македонија24 часа

(Вознемирувачко видео) Полицијата на раце носи жена што се обиде да се самоубие скокајќи во Вардар

Денеска (16.08.2025) околу 14 часот во СВР Скопје е пријавено дека во реката Вардар во Скопје, под мостот на ул....

Македонија1 ден

Собранието не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик

Собранието денеска во рамки на 66. седница не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик со кои требаше да...

Македонија1 ден

Собранието одлучи по скратена постапка да бидат донесени измените и дополнувањата на Изборниот законик

Собранието денеска одлучи по скратена постапка да бидат донесени измените и дополнувањата на Изборниот законик, кои, меѓудругото, го регуралираат учеството...

Македонија1 ден

Им побарал 10.000 евра за да им среди во постапки во Кривичен и Апелационен суд во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донел Наредба за спроведување истражна постапка против...

Македонија1 ден

Левица: Штрајкот во пералната на Клинички центар е аларм за распад на јавното здравство

Штрајкот на вработените во пералната на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ е аларм за целосен распад на јавното здравство, предупредуваат од...

Македонија1 ден

(Видео) Кога во пожар не може пинцгауер, гранка му е мајката: Ангелов со малку шега го покажа херојство на четата на Цветко од Рогачево

Со лопати, стапови, гранки во рацете и светилки на главите седуммина доброволци од Рогачево заедно со екипите на Дирекцијата за...

Македонија1 ден

Лажна дојава за бомба ноќеска на скопскиот аеродром

Ноќеска во 02:41 часот, на телефонскиот број за итни случаи 112 е добиена пријава за поставена бомба во авион кој...

Свет1 ден

Владимир Путин доби писмо од Меланија Трамп за киднапираните деца за време на војната во Украина

Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија, го покрена прашањето за тешката положба на децата во Украина и Русија во...

Свет1 ден

Трамп и Путин се ракуваа, а во Украина се огласија сирени за воздушен напад преку руските беспилотни летала

Во Анкориџ, Алјаска, со надлетувања на борбени авиони, црвен тепих и слоганот „Стремеж за мир“, американскиот претседател Доналд Трамп го...

Свет1 ден

Трамп и Путин не постигнаа договор за прекин на војната во Украина

Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, не постигнаа договор за прекин на војната во Украина по...

Свет2 дена

(Видео) Прашањето за цивилите, возењето во лимузината и ракоплескањето во фокус во јавноста по стартот на средбата меѓу Трамп и Путин

За време на средбата во Алјаска, американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин, позираа пред собраните фоторепортери. Во...