Контакт

Надворешна политика

Попоски се обрати пред дипломатскиот кор

Објавено пред

Министерот за надворешни работи Никола Попоски во вторникот, традиционално, упати честитки за Нова Година до претставниците на дипломатскиот кор, соопшти министерството. 

dobivaj vesti na viber

 

 

“Почетокот на оваа година ќе остане врежен во нашите сеќавања. За жал, се соочивме со еден терористички акт, непоимлив за денешницата, во една пријателска земја. Варварскиот чин, во кој повеќе лица го изгубија животот, беше кукавички акт и обид за заплашување на вредностите кои ни се драгоцени. Во овие трагични опкружувања, кога Франција беше погодена во срцето, македонската држава и народ ја изрази својата солидарност. Ја реафирмиравме силната поддршка на Република Македонија за борба против тероризмот, рамо до рамо со Франција и сите наши партнери”, рече Попоски. 

 

Министерот Попоски истакна дека Република Македонија во целост ги споделува европските вредности. Стратешки приоритети во 2015 г. останува европската интеграција и економскиот развој. 

 

“Искрено, не гледам подобра опција за нас од членство во еден богат и среден клуб во светски рамки, како што е Европската Унија. Македонскиот случај е уникатен- земја која скоро 10 години има кандидатски статус со Унијата а сеуште не ги започнала преговорите. Во такви услови најкорисно е да бидеме реални. Има фактори врз кои потешко може да се влијае од надвор. Најмудро е да се посветиме на намалување на невработеноста, поттик на бизнисот, промоција на инвестиции-работи кои најмногу зависат од нас”, се вели во обраќањето на Попоски. 

 

Попоски подвлече дека НАТО останува стратешка цел и покрај досегашното одложување на заслужената покана за членство, заради добро познатата причина.

„Ние и покрај се, се солидаризиравме и сме партнери во глобалната коалиција за борба против Исламската Држава, а продолживме и со нашиот ангажман, кој не е за потценување, во новата мисија на Алијансата во Авганистан-Одлучна поддршка“, рече министерот.

 ”Факторот на сила го немаме, но со нашиот мирољубив пристап можеме само да придонесеме кон глобалниот светски мир. Очекувам повеќе разум во оваа година. Како мала земјa, во овој контекст придаваме значење и сме свесни за неопходноста од наша афирмација во мултилатералните форуми”, додаде Попоски

 

Република Македонија членува во Советот за човекови права како едно од најпрестижните тела во рамките на Обединетите нации, што претставува признание за нашите постигнувањата во сферата на промоцијата и заштитата на човековите права, во септември 2014 станавме и членка на Бордот на гувернери на Меѓународната агенција за атомска енергија. Продолжува и нашето членство во Извршниот одбор на УНЕСКО. Со подеднаков интензитет се ангажиравме и на интензивирање на регионалната соработка и во тој контекст, преземањето на претседавањето со Централно-европската иницијатива каде особено внимание, во текот на 2015 година, ќе посветиме на развојот на транспортната и енергетската инфраструктура и бизнис релациите во Регионот.

 

Попоски се осврна и на приоритетите на македонската дипломатија за 2015-та година. “Во фокусот на нашите активности остануваат односите со нашите соседи и нивно понатамошно унапредување. Економскиот развој на земјата е врвен приопритет и во таа насока дипломатијата ќе придава и понатаму посебно значење. За таа цел ќе се обидеме да ги опфатиме и оние земји и региони каде ќе нотираме долгорочни економски потенцијали, а можеби немаме дипломатско присуство”.

 

Министерот Попоски заклучи дека во остварувањето на надворешно-политички приоритети, ја охрабрува и високо ја цени работата и поддршката на дипломатските претставници на ценетите земји и организации, кои се пријатели и партнери на Македонија. /крај/

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

(Видео) Филипче до Мицкоски: Граѓаните ли се талог затоа што ја критикуваат власта?

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седницата за пратенички прашања во Собранието го праша премиерот Христијан Мицкоски дали кога...

Македонија2 часа

Мицкоски: Груби побара да се избрише балансерот и за тоа ДУИ им должи извинување на граѓаните Албанци

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна граѓаните треба да ја знаат вистината дека...

Македонија2 часа

(Видео) Дали Венко, кој има златна виза за Дубаи, е партнер на Заев во градењето на 40-катницата во Дубаи, прашува Манасиевски

„Денес откриваме нови факти за бизнисите на Зоран Заев и Венко Филипче во Дубаи. По сведоштвото од страна на Томе...

Македонија2 часа

Нацев кажа дека не бил во земјата кога се случи пожарот во „Пулс“ и се пожали на медиумски и јавен линч од безбедносни аналфабети

Судот ги слушна воведните зборови на сите 35 физички и три правни лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“,...

Македонија3 часа

Ѓорѓиевски за состојбата во која е затекнат Градот: Наследивме катастрофални 40, а сега имаме 400 милиони денари на сметка

На денешната седница на Советот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на град Скопје, се обрати со јасна и отворена...

Топ4 часа

(Фото) Спречен нелегален транспорт на оружје од Турција во Македонија

Вчера, со брза размена на информации преку центарот SELEC со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската...

Македонија4 часа

Денес завршуваат воведните зборови на одбраната и почнува сослушувањето сведоци за пожарот во „Пулс“

Со воведни зборови на бранителите на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, на компанијата „ММММ кафе“ и на Александар Нацев како неформален...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Наводите за висококатницата на Заев во Дубаи добија сведоштво: „Тоа се милиони евра“

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека, според нивни наводи, поранешниот премиер Зоран Заев инвестира во изградба на 42-катна зграда во Дубаи, а заедно...

Македонија6 часа

Тошковски: Прекршок ќе се регистрира од 57 километри на час при дозволени 50, толеранцијата како кај полициските радари

Толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“ ќе биде иста како онаа што се применува кај другите полициски радари, изјави...

Свет7 часа

Католиците во светот денес го слават Божиќ

Католиците, протестантите и другите верници кои се придржуваат до грегоријанскиот календар, денес ширум светот го одбележуваат еден од најрадосните празници...

Свет7 часа

Трката по суперинтелигенција: технологија што го менува светот или опасна илузија

Колумнистот на „Гардијан“, Рафаел Бер, пишува дека ако вештачката интелигенција не им го променила животот на луѓето во 2025 година,...

Свет8 часа

ФБИ пронајде повеќе од еден милион нови документи поврзани со случајот на Епстин

Американското Министерство за правда соопшти дека се откриени повеќе од еден милион дополнителни документи кои би можеле да бидат поврзани...

Македонија8 часа

Променливо облачно со дожд и снег на планините, од утре стабилизирање на времето

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во источните делови од земјата. На...

Македонија19 часа

Апелација ја зголеми затворската казна за двајцата директори поради пожарот во модуларната болница во Тетово

Апелационен суд Гостивар ја преиначи пресудата за случајот со модуларната болница во Тетово и на двајцата обвинети им ја зголеми...

Македонија19 часа

Бугарија понуди мазут за Македонија, од Владата уверуваат дека не е потребна надворешна помош

Бугарија ѝ понудила на Македонија итни залихи на мазут, со цел да помогне во надминување на кризата во снабдувањето со...

Македонија21 час

Мухамет Хоџа и Беким Сали се новите министри во Владата

Собранието ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање и Беким Сали за министер за европски...

Македонија23 часа

Вработените во Народниот правобранител алармираат: Се наоѓаме во безизлезна состојба

Вработените во Народниот правобранител и двајцата преостанати заменици на народниот правобранител велат дека се наоѓаат во безизлезна состојба и дека...

Македонија1 ден

Николоски: Владата ќе донира 100 нови комби-возила за „Пошта“

Работиме за Македонска пошта како државна пошта конечно да ја издигнеме со квалитет и да обезбедува најквалитетни услуги на пазарот....

Македонија1 ден

Мицкоски со порака до граѓаните што заминале во странство: Каде и да одите, колку и да сте успешни, таму секогаш ќе бидете дојденци

Вашето враќање е порака дека Македонија не е заборавена, корените не се пресечени и дека љубовта кон домот не исчезнува,...

Македонија1 ден

Наќе Чулев: Незаконски бев отпуштен од работа, со години трпев јавно понижување

Поранешениот директор на Агенцијата за разузнавање и министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, објави дека судот донел пресуда во негова...