Надворешна политика
Попоски во Дакар учествуваше на 15-тиот Самит на Франкофонијата
Mинистерот за надворешни работи, Никола Попоски, учествуваше на 15-от Самит на Франкофонијата посветен на темата: “Жените и младите, вектор на мирот и развојот“, што се одржа на 29 и 30 ноември, во Дакар, Сенегал.
Министерот Попоски ја поддржа економската стратегија на Франкофонијата која се усвои во Дакар и се заложи за посилни економски и трговски врски меѓу земјите членки. Попоски потенцираше дека од практичната примена на оваа стратегија, сите земји би можеле да имаат корист.
Министерот Попоски учествуваше и на политиките на седниците на франкофонијата посветени на тероризмот, епидемијата на вирусот ебола како и климатските промени низ призмата на економскиот развој.
Самитот во Дакар, донесе и проширување на организацијата со нови набљудувачи. Земјите кои се стекнаа со овој статус се: Коста Рика, Мексико и Косово.
Во Дакар, МОФ пристапи кон избор на нов генерален секретар, после 12 години поминати на чело на МОФ на поранешниот претседател на Сенегал, Абду Диуф. За нов Генерален секретар на Франкофонијата е избрана Микел Жан од Канада.
Попоски, на маргините на Самитот, оствари повеќе средби со шефовите на делегациите од земјите членки на франкофонскиот свет распространет на 5-те континенти вклучувајќи го и министерот за надворешни работи на Сенегал, Манкор Ндијае.
Република Македонија е членка на втората по големина светска меѓународна Организација после ООН. Франкофонијата е клуб во кој членуваат наши значајни евроатлантски партнери кои се исклучително активни како Франција, Белгија, Швајцарија, Канада но и голем број на азиски, африкански и латино американски земји.
Франкофонијата исто така нуди можност за отворање на долг рок кон африканските земји со оглед на тоа што се работи за континент со најголем економски и демографски потенцијал во следната деценија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.