Надворешна политика
Претседателот Иванов следната седмица во Њујорк на 69-то Генерално собрание на ОН
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов од неделата 21-ви септември, следната седмица до 28-ми септември ќе престојува во САД, по повод учеството на 69-то Генерално собрание на Обединетите нации, каде ќе има обраќање на генералната дебата на 26-то септември
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов од неделата 21-ви септември, следната седмица до 28-ми септември ќе престојува во САД, по повод учеството на 69-то Генерално собрание на Обединетите нации, каде ќе има обраќање на генералната дебата на 26-то септември
Во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН, македонскиот претседател ќе оствари средба со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, а ќе учествува и на приемот што за шефовите на делегации ќе го приреди американскиот претседателот Барак Обама, на приемот организиран од Постојаната мисија и Генералниот конзулат на Јапонија во Њујорк и на приемот организиран од страна на Кралот Фелипе VI и Кралицата Летиција од Шпанија.
На маргините на одржувањето на Генералното собрание на ОН предвидени се билатерални средби на претседателот Иванов со шефови на држави и влади.
За време на престојот во Њујорк предвидено е претседателот Иванов да присуствува на Климатскиот самит 2014, како и на приемот на „Клинтон Глобалната иницијатива“.
По пристигнувањето во САД, претседателот на Република Македонија ќе се сретне со претставниците на македонската дијаспора во Њу Џерси. За време на престојот во САД предвидена е и средба со претставници на македонската заедница во Њујорк, како и со претставници на Националниот aмериканско-aлбански комитет.
За време на престојот во САД, претседателот Иванов ќе биде придружуван од сопругата, Маја Иванова. Предвидено е Иванова да присуствува на приемот за сопругите на шефовите на делегации, организиран од сопругата на Генералниот секретар на ОН, Бан Сун Таек, на собирот на иницијативата Fashion 4 Development, како и на собир посветен на аутизмот Autism Speaks 7th Annual Focus./крај/мф/
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.