Контакт

Надворешна политика

Претставниците на цивилното општество од западниот Балкан упатија барања до европските лидери

Објавено пред

Со учеството на Виенскиот самит посветен на земјите од западен Балкан, цивилното општество за првпат станува партнер во дијалогот со политичките лидери од земјите во регионот и членките на Европската унија (ЕУ), а од владите на балканските држави се очекува да го прифатат цивилното општество како рамноправен партнер во евроинтеграциите, велат преставниците на организациите кои беа дел од Форумот за цивилното општество.
 

dobivaj vesti na viber

Со учеството на Виенскиот самит посветен на земјите од западен Балкан, цивилното општество за првпат станува партнер во дијалогот со политичките лидери од земјите во регионот и членките на Европската унија (ЕУ), а од владите на балканските држави се очекува да го прифатат цивилното општество како рамноправен партнер во евроинтеграциите, велат преставниците на организациите кои беа дел од Форумот за цивилното општество.

 

Виенскиот самит е продолжение на Берлинскиот процес кој во 2014 година го почна германската канцеларка Ангела Меркел, а за прв пат оваа година дел од самитот е посветен во целост на цивилното општество. Во рамки на Форумот на цивилното општество, учесниците имаа прилика да ги изнесат препораките и да дадат предлози за решавање на отворените прашања, станувајќи на тој начин „критички глас“ на самитот за западниот Балкан. Низата собири посветени на овој регион почна во Берлин 2014 година, а продолжува во Виена оваа година и во Париз наредната година.

Одржувањето на самитот во Виена е доказ за континуираните политички напори на австриската дипломатија, насочени кон натамошно проширување на Европската унија кон земјите од запоадниот Балкан. Во исто време, Форумот на цивилното општество претставува силен сигнал дека процесот на интеграција не може да се одвива без вклучување на цивилното општество.  

Форумот на цивилното општество се одржа на 26-ти август во просториите  Ankerbrotfabrik во Виена. Шест одбрани претставници на цивилното општество од земјите од западниот Балкан учествуваа во дебатата со шест политички лидери барајќи решение за основните теми на самитот – јакнење на регионалната соработка, обезбедување слобода на изразување, отворање работни места и јасни развојни перспективи. По воведното обраќање на министерот Себастијан Курц, учество во дебатата земаа политичките лидери – Еди Рама, премиер на Албанија, Александар Вучиќ, премиер на Србија, Јоханес Хан, европски комесар за политика на соседство и преговори за проширување, Игор Црнадак, министер за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Игор Лукшиќ, потпретседател на Владата и министер за надворешни работи на Црна Гора.

Претставници на цивилното општество кои учествуваа во дебатата се: Ардиан Хачкај, директор на Štetiveb платформата за јавни политики на Институтот за соработка и развој од Албанија, Мелиха Бајрамовиќ, координаторка на Пленумот на граѓани на Зеница од Босна и Херцеговина, Фаик Испахију, директор и извршен продуцент на БИРН и Интерњуз од Косово, Дона Костуранова, извршна директорка на Младинскиот образовен форум од Македонија, Дејан Миловац, директор на Центарот за истражување и заменик директор на МАНС од Црна Гора, Александар Симурдиќ, генерален секретар на локалниот совет за Европско движење на Нови Сад, Србија.

На денот на одржување на Виенскиот самит посветен на западниот Балкан, на 27 август, претставниците на цивилното општество своите конкретни предлози им ги претставија на политичките лидери на земјите учеснички. На овој начин се изнесени целите и препораките во рамки на континуираното ангажирање на цивилното општество, на чија реализација ќе се работи до наредниот самит во август 2016 година. Споменатите препораки се резултат на три подготвителни работилници на организациите од цивилното општество кои се одржани во мај и јуни, во Тирана, Белград и Сараево.

Регионалните мрежи и организациите на цивилното општество очекуваат широка поддршка, како дел од механизмите за изградба на доверба и јаклнење на регионалната соработка. За јакнење на регионалната соработка неопходно е и владите на земјите од западниот Балкан да се приклучат на слилчни иницијативи. Актерите на цивилното општество мораат да бидат вклучени во изработка на планови за економски развој, во подрачјето на регионалната соработка кои не се директно поврзани со областа на делување, како што се енергетиката и инфраструктурата, бидејќи на тој начин може да се забрза процесот на интеграција и спроведување на реформи на патот кон ЕУ.

Претставниците на цивилното општество побараа јавните емитери и регулаторни тела да бидат ослободени од директно или индиректно влијание на државата. Постапката на избор на членови на одборите на јавните емитери мора да биде транспарентна, непартиска и на темел на професионални стандарди, а методите на работа на овие тела мораат да бидат транспарентни. Сопственичката структура на сите медиуми мора да биде трајно достапна на јавноста на едноставен и транспарентен начин, а монополите во медиумите и во дистрибуцијата на медиумски содржини мораат да се спречат.

Земјите од регионот мораат да развиваат активна политика на поазарот на труд, активно вклучувајќи ги сите чинители како одговорни партнери, а наместо развојот на комерцијални дејности, акцентот  мора да биде на поддршката на високата стапка на производство и производствени дејности со додадена вредност, како и нивно вклучување во синџирите на снабдување внатре во Европската унија, земајќи ја предвид економската структура заснована на формите на нано, мали и средни претпријатија, порачуваат од организациите на цивилното општество./крај/мф/бс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет24 минути

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет2 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет4 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија6 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет8 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет9 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет14 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет17 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет18 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет18 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет19 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет19 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет19 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија20 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет20 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет20 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет23 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија1 ден

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет1 ден

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет1 ден

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...