Надворешна политика
Развојот на родовата рамноправност е приоритет за Македонија и Шведска
Македонија и Шведска ги споделуваат современите вредности како мирот, демократијата и еднаквоста, а овие две земји заеднички ги поддржуваат и напорите за етаблирање на овие вредности на светско ниво, особено во проектот за родова еднаквост и рамноправност, заклучија министерот за одбрана Зоран Јолевски и амбасадорот на Шведска во Македонија, Мац Арне Стефансон.
Министерот Јолевски и амбасадорот Стефансон на средбата разговараа и за можноста за заедничка организација на семинар посветен на родовата рамноправност и резолуцијата 1325 на ООН.
„Ние сме целосно посветени на ова прашање и за нас рамноправноста на половите е приоритет. Тоа може да се види и преку застапеноста на женскиот пол на Воената академија, а неодамна во рамките на Армијата ја имаме и правата жена-пилот“, рече Јолевски. Во однос на семинарот, министерот истакна дека тоа е одлична идеја која ќе добие целосна поддршка од Министерството за одбрана.
Амбасадорот Стефансон се заблагодари за средбата и посочи дека резултатите на Македонија во оваа област се видливи, што е и поттик за идејата овој семинар да се одржи токму во Република Македонија.
Двајцата соговорници на средбата разменија мислења околу модалитетите за развој на меѓусебната соработка, како и за геополитичката состојба во регионот и Европа и мигрантската криза која го зафати континентот./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.