Контакт

Надворешна политика

Родс: Прерано е да се каже дека вратата на НАТО за Македонија ќе биде отворена во јули

Објавено пред

САД ја поддржуваат политиката на „отворени врати“ на НАТО, но да се каже дека вратата на Алијансата уште во јули годинава ќе биде отворена за Македонија е прерано, констатираше Бен Родс, главниот советник за надворешна политика на американскиот претседател Барак Обама во администрацијата на Белта куќа, на брифингот во средата вечерта со странските новинари во Вашингтон.

dobivaj vesti na viber

Изјавата Родс ја дал, како што пренесува агенцијата ТАСС, на барањето да ја коментира средбата во понеделникот во Белата куќа на американскиот потпретседател Џозеф Бајден и македонскиот премиер Никола Груевски, при што се констатира дека македонските новинари новинарите очигледно предвид го имале јулскиот самит на НАТО кој ќе се одржи во полската престолнина на Варшава.

„НАТО ги поддржува аспирациите на земјите коишто ги исполнуваат критериумите за членство. Но, што се донесува до Македонија и одлуката во јули, тоа би било некој мошне забрзан распоред. Сметам дека овој процес ќе трае уште извесно време“, рекол Родс без да ги прецизира причините, иако е познато дека нерешениот спор за името со Грција е главниот фактор за закочениот долгогодишен процес на влез на земјата во НАТО.

Родс во средата навел дека, на пример, во случајот на Црна Гора тој процес траел „повеќе години“, но, сепак, изразил убеденост дека во Варшава ќе биде дискутирано за аспирациите на Македонија.

На почетокот од ноември македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски неколку дена престојуваше во Варшава каде учествуваше на Безбедносниот форум, каде се дискутираше стратегијата за Самитот на НАТО јули годинава, при што имаше средба со заменикот генерален секретар на НАТО, Александар Вершбоу. Тогаш покрај настапот на Форумот, Јолевски имаше работен ручек со Роберт Копјецки, тогашен потсекретарот во полското министерство за одбрана, задолжен за организација на следниот Самит на НАТО, американскиот амбасадор во Варшава, Пол Џонс и потпретседателот на Атлантскиот совет и поранешен советник во Белата куќа, Дејмон Вилсон.

„Повеќе од две декади Македонија функционира како демократска земја во која се почитуваат меѓународните вредности и принципите на еднаквост. Демократијата е базата врз која градиме просперитетна држава чии стратегиски цели се полноправното членство во НАТО и ЕУ. Нашата посветеност кон мирот, демократијата и безбедноста е видлива и преку учеството на припадниците на АРМ во меѓународните мировни мисии предводени од НАТО, ЕУ и ОН“, рече тогаш Јолевски, во своето обраќање како еден од клучните говорници на Безбедносниот форум во Варшава.

Изјавите на советникот на Белата куќа за надворешни работи од средата се во контекстот на односите меѓу Вашингтон и Москва во врска со проширувањето на НАТО на Балканот, поради што и дописникот од Босна и Херцеговина побарал и неговата земја да биде земена во составот на Алијансата, наведувајќи ја изјавата на рускиот вицепремиер Дмитриј Рогозин кој претходно седмицава во Белград изјави дека Русија ќе ја разгледа можноста за испорака на Србија на противоздушните ракетни системи С-300. Сепак, изјавата на Рогозин беше дадена во контекстот на српските реакции на најавите на соседна Хрватска, членка на НАТО, дека ќе купува балистички проектили со среден дострел.

Родс одговорил дека САД, се разбира, го подржуваат правото на секоја земја самостојно да одлучуваат за нивните односи со НАТО и ЕУ, но додал дека „искрено говорејќи, не мислам дека е во интерес на регионот да се создава впечатокот дека тој се стреми кон некоја незначајна игра, во духот на ‘студената војна’ меѓу САД и Русија“.

„Според нашето мислење, овој пристап за вашиот регион е неконструктивен“, порачал советникот на Белата куќа.

Родс прецизирал дека прашањето за членство во НАТО на некоја земја не се решава во контекстот на односите или ривалството со Русија и дали земјите кандидатки се со или се против неа, туку дека Алијансата има определени критериуми кои треба да ги исполнат потенцијалните членки на планот на борбената способност, како и на „политичката и општествената поддршка за членството во НАТО“.

Тие критериуми ќе ги водат САД и во иднина, порачал претставникот на Белата куќа и повторил дека е „Важно да се избегне таквиот впечаток, дека станува збор за САД и Русија или, пак, за НАТО и Русија. Станува збор за безбедноста на конкретни земји, за безбедноста на трансатлантската заедница“, заклучил Родс./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија1 час

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија1 час

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија1 час

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...

Македонија2 часа

Техничката влада мора да остане, велат од СДСМ

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, велат од...

Македонија6 часа

Со паричка во погача, голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како...

Топ7 часа

Во Кавадарци се води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца

Кавадаречкото Обвинителство  споведува истрага за два одвоени случаи во кои има сомненија за силување на дете кое не наполнило 15...

Свет7 часа

Словачките лидери едногласни: Крај на воената помош за Украина

Највисоките словачки функционери – претседателот Петер Пелегрини, премиерот Роберт Фицо и претседателот на парламентот Рихард Раши – потврдија единство околу...

Свет7 часа

Претседателката на Молдавија: На референдум би гласала за обединување со Романија

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изјави дека би гласала за обединување со Романија доколку тоа прашање некогаш се најде на...

Свет7 часа

Германија предупредува: Плановите на Трамп за Гренланд може да го загрозат НАТО

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека сојузниците во НАТО мора да соработуваат кога станува збор за безбедноста...

Свет7 часа

Конгресмен предлага закон за анексија на Гренланд

Републиканскиот конгресмен Ренди Фајн предложи закон до американскиот Конгрес со кој на САД би им се овозможила анексија на Гренланд...

Македонија18 часа

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....

Топ22 часа

Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка

Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка. Според информациите од МВР,  денеска во Полициската канцеларија...

Македонија24 часа

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија1 ден

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура1 ден

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија1 ден

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија1 ден

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија1 ден

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Македонија1 ден

Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево,...