Контакт

Надворешна политика

Русија загрижена за настаните во Македонија, смета дека се оркестрирани однадвор

Објавено пред

Русија е загрижена од развојот на ситуацијата во Македонија, и смета дека настаните во оваа земја се грубо раководени однадвор, изјави во средата рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

dobivaj vesti na viber

„Нас тоа многу нé загрижува. Македонските случување се прилично грубо управувани однадвор. Се обидуваат да ја обвинат владата на (премиерот Никола) Груевски за некомпетентност, дека не го исполнува своите обврски кон народот и за многу друго“, изјавил шефот на руската дипломатијата во рамките на неговото излагање пред Советот на Федерацијата, телото во кое седат по двајца претставници на секој од субјектите на Руската Федерација.

Лавров, како што пренесува агенцијата РИА Новости, додал дека зад сите тие настани „стои желбата да се влијае врз Груевски во врска со откажувањето да се приклучи кон санкциите против Русија“, како и за тоа што тој „своевремено го поддржа ‘Јужен тек’“, а сега „изразува подготвеноста за соработка во реализацијата на другите опции за испораки на енергенси од Русија до јужна Европа“, вклучително и проектот „Турски тек“./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ56 минути

Почина девојче во тетовската болница

Девојче на седумгодишна возраст починало вчера во болницата во Тетово. Од Обвинителството соопштија дека е издадена наредба за обдукција. „Јавен...

Македонија1 час

Уценетиот Асмир Јахоски ја прекина доставата на нафта за автобусите на ЈСП, велат од Град Скопје

Под силен политички притисок уценетиот Асмир Јахоски од „Пуцко петрол“ се приклучува на обидите за создавање хаос во Скопје. Иако...

Македонија4 часа

ЦУК: Гори на планините Кожуф и Добра Вода, под контрола четири пожари

Денеска, до 07:00 часот, на територијата на Македонија имало вкупно 34 пожари на отворен простор, од кои два се активни,...

Македонија5 часа

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Велес – Градско

Од 08 часот и 20 минути, утрово, сообраќајот на регионалниот пат Велес-Градско е нормализиран, извести АМСМ. Сообраќајот беше во прекин...

Македонија5 часа

Почувствуван земјотрес во југоисточните делови на Македонија, епицентарот во Грција

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет7 часа

Португалија ја призна Палестина

Португалскиот министер за надворешни работи, Пауло Рангел, изјави дека неговата земја ја признала државата Палестина. „Признавањето на државата Палестина е...

Европа7 часа

Русија: Украинците нападнаа одморалиште на Крим, има мртви и ранети

Украински дронови го погодија одморалиштето Форос на Крим, предизвикувајќи штета и жртви, според Сергеј Аксјонов, шефот на нелегалната окупациска влада....

Свет8 часа

(Видео) Заврши комеморацијата за Чарли Кирк; Трамп: Го уби радикализирано, ладнокрвно чудовиште

На Стејт Фарм стадионот во Аризона заврши комеморацијата за убиениот конзервативен активист Чарли Кирк. На комеморацијата пристигнаа и американскиот претседател...

Свет8 часа

(Видео) Вдовицата на Кирк: Му простувам на човекот што го уби

На Стејт Фарм стадионот во Аризона заврши комеморацијата за убиениот конзервативен активист Чарли Кирк. На комеморацијата пристигнаа и американскиот претседател...

Економија1 ден

Ќе има мерки за цените на прехранбените производи

Владата подготвува мерки за високите цени на прехранбените производи во маркетите. Премиерот Мицкоски вели дека екипи на Државниот пазарен инспекторат...

Економија1 ден

(Видео) Андоновска: ВМРО- ДПМНЕ ги враќа достоинството и сигурноста на македонскиот земјоделец

Развојот на земјоделството е стратешки приоритет на Владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ. Земјоделците се клучни за руралниот развој и економската...

Економија1 ден

(Видео) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

Бербата на винското грозје е при крај а состојбата со откупот на терен е алараманта, рече денеска на прес-конференција, Трајан...

Македонија1 ден

Дигиталниот Самит на Западен Балкан 2025 повторно во Скопје – 1 и 2 октомври во Музејот на современата уметност

Министерот за дигитална трансформација, на прес конференција, ја најави организацијата на Дигиталниот Самит на Западен Балкан 2025, кој повторно ќе...

Македонија1 ден

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ понуди само ароганција и лаги, ние нудиме чесни и компетентни кандидати на изборите

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средби со граѓаните на Струга порача дека власта на ВМРО-ДПМНЕ нуди само ароганција и...

Економија1 ден

Анализа на ССМ: Зголемувањето на минималната плата не води кон затворање на компании

Зголемувањето на минималната плата не придонесува за затворање на компаниите и не ја уништува економијата, туку создава услови за развој...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 80. Генерално собрание на ОН

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави по повод учеството на 80. Сесија на Генералното...

Свет1 ден

Во нови израелски напади врз Газа убиени најмалку 30 лица

Најмалку 30 лица денеска загинаа во воздушните напади на израелските сили врз Газа, објави Ал Џезира. Од 30 жртви, 28...

Македонија2 дена

(Фото) Ангелов: Пожарот над скопско Батинци е намерно подметнат, имаме целосна контрола над огнот

Големиот пожар над скопско Батинци е под целосна контрола, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. „Поради ветерот пожарот се ширеше...

Македонија2 дена

(Видео) Кузеска: Додека народот се гуши во канцерогени честички, власта на Мицкоски се занимава со измислени приказни за хибридни напади

Владата вчера го потврди скандалот кој го објавивме и призна дека среде најголеми пожари 400-те пожарникари, кои помпезно ги најавуваше...

Економија2 дена

Вредноста на синдикалната минимална кошница во септември намалена за 430 денари

За покривање на основните животни потреби, во септември на четиричлено семејство му се потребни 65.077 денари, пресмета Сојузот на синдикати...