Надворешна политика
САД смета дека оставките се позитивен чекор за решавање на кризата

Американската амбасада во Македонија порача дека оставките на досегашниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков како и на сега веќе поранешните министри за внатрешни работи, односно транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески се позитивен чекор за разрешување на политичката криза и развојот на Македонија.
„Од голема важност е лидерите во Македонија да создадат услови за да бидат истражени сите можни злоупотреби во управувањето на државата и да ги преземат неопходните чекори за реформирањето на демократските инстутиции и процеси. Како пријател на Република Македонија, САД се подготвени да помогнат во овие процеси“, се вели во пораката од американската амбасада./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Османи добил уверување од Макрон – со употребата на Северномакедонци направил ненамерна грешка

Министерот за надворешни работи Бујар Османи имаше телефонски разговор со Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон, од каде што доби уверување дека при употребата на придавката за граѓаните на Северна Македонија била направена ненамерна грешка, соопшти МНР.
Од Кабинетот на Макрон исто така бил потврден официјалниот став на Франција за целосно почитување на официјалното име на државата, државјаните на Северна Македонија, како и соодветните придавки, на начин како тие се дефинирани и прифатени во Обединетите нации во согласност со преспанскиот договор, соопштија од МНР.
Македонија
Маричиќ: Достоинствено ќе чекориме на патот кон полноправно членство на ЕУ

Нашата Влада направи сериозни напори и во изминатите години но особено во овој состав во изминатите неколку месеци на повеќе нивоа, да разговара отворено, искрено со Бугарија за да ги исполниме нашите надворешно политички цели, изјави заменик претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.
„ Нашата цел е пристапување во членство во ЕУ но секако во исто време заштита на нашите интереси во смисла на јазик, идентитет и започнување на преговори како процес кој ќе биде одржлив и партнер кој ќе можеме да го имплементираме на тој начин што ќе доведе до членство, одговори Маричиќ на новинарско прашање.
Тој смета дека во задачата којашто му е дадена од Владата e важно да се грижи за овие интереси и да работи за тоа и дека не можат ниту да се откажат од патот кон ЕУ, затоа што тоа е утврдено уште при нашата независност, но исто така не можат да се откажат од некои позиции кои се важни за секоја држава.
„ Заштитата на јазикот и идентитетот, за секоја држава е важно достоинствено да чекори кон патот на ЕУ, секако имајќи ги предвид добрососедските односи како битен критериум којшто ни е ставен во рамката, односно во критериумите за пристапување“, рече Маричиќ.
На прашањето во однос на цензурата, која се споменува во францускиот предлог, вицепремиерот истакна дека ние имаме законодавство кое приближно е усогласено со ЕУ, и за говор на омраза и за сè што важи за ограничување на слободата на говор.
„ Било што да се спроведува, би се спроведувало во рамките на нашето законодавство и преку нашите институции. Ниту министерствата се надлежни за тоа ниту пак може да го гонат. Целта на отворање на темата за говор на омраза е системски да се воспостават механизми за борба со говорот на омраза кон сите па вклучувајќи ги и Бугарите, истакна Маричиќ.
Маричиќ уште еднаш потврди дека во моментот кога ќе имаат каков било официјален предлог, тој секако ќе биде доставен на разгледување и во Владата и кај коалициските партнери во Владата и се разбира во некоја форма ќе биде консултирано и Собранието и комисијата за надворешни работи во секој случај.
Македонија
Османи: Усвојувањето на резолуцијата во Бугарија ќе го блокира европскиот процес и ќе го парализира договорот за пријателство

Два збора стојат помеѓу успехот и неуспехот на Европската Унија во регионот, напиша на социјалните мрежи министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во врска со вчерашните случувања во Брисел и одбивањето на францускиот предлог од македонска страна.
„Зборот ‘протокол’ во рамката како парадигма на историските прашања и зборот ‘отворање’ во параграфот шест од заклучоците на Советот. И двата збора не се во францускиот предлог како финални решенија, туку се ставени (дел од нив и во заграда) како прашања за кои не може да се постигне согласност поради позицијата на Република Бугарија“, прецизира Османи во напишаното.
„Усвојувањето денес на резолуцијата во бугарскиот парламент, во која се потенцираат токму овие две прашања, ќе го блокира долгорочно европскиот процес и воедно ќе ги парализира инструментите од договорот за пријателство на долг рок. Француското претседателство беше многу внимателно при срочувањето на текстот внимавајќи на сензитивностите на двете страни и затоа прашањата што не беа прифатливи за нас ги стави како недефинирани предлози (во заграда) за да потенцира дека тоа се прашања што не се решени. Оттука, ние само можеме да му се заблагодариме на француското претседателство, но моравме да го одбиеме нивниот предлог во ваква форма, токму поради деловите во него за кои бугарската страна без никаква аргументација не покажа разбирање“, пишува Османи на социјалните мрежи.