Контакт

Надворешна политика

Самарас: Македонскиот јазик не постои, тој е измислица на комунистите

Објавено пред

Грчкиот премиер Андонис Самарас во средата во  Европскиот парламент (ЕП) во Стразбур изјавил дека не знаел дека македонскиот јазик постои, и дека тој бил измислица на комунистите.

dobivaj vesti na viber

 

Во одговор на прашање на дописникот на МИА, кое се однесувало на процесот за проширувањето на Европската унија (ЕУ) и напредокот на Македонија, Самарас изјавил дека Европскиот совет одлучил да не започне преговори со „оние земји кои не ги исполнуваат критериумите“.

 

„Игнорирав дека македонскиот јазик постои. Процесот на приклучување не е според распоредот, туку според заслугите. Во Европскиот Совет одлучивме да не отвориме преговори со земјите кои не ги исполнуваат критериумите, бидејќи со тоа се става во прашање кредибилноста на проширувањето и на целиот процес во Европска Унија. Кога ми го поставувате прашањето сакам да додадам дека кога непопустливоста го заменува дијалогот, нештата стануваат многу тешки за решавање. Крајно тешки. Тоа е политичката реалност денес. Што се однесува до Грција ние сметаме дека Скопје покажува голема  непопустливост  и тоа е лош знак не само за Грција туку и за целиот свет“, изјавил Самарас.

 

Грчкиот премиер додал дека македонскиот јазик бил измислен од комунистите, односно дека „има многу нешта што комунистите ги измислија самите“, без да даде дополнителен коментар.

 

Грчкото претседателство со Унијата заврши минатиот месец, а од јули нов претседавач е Италија, која најави дека процесот на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан ќе биде еден од главните приоритети на Рим./крај/мф/бс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 минути

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд...

Регион12 часа

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија13 часа

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...

Свет15 часа

Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно

Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и...

Свет16 часа

Пристигна првата реакција на ЕУ за укинувањето на царините на Трамп

Европската Унија повика на стабилност во трансатлантските трговски односи откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави пресуди со 6-3 гласови...

Топ17 часа

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја

Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска...

Топ17 часа

Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за...

Македонија18 часа

Се заканувал со напад со „калашников“, иснпириран бил од настан од САД: дваесетгодишник од Мала Речица под истрага за тероризам

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за...

Македонија20 часа

Од Струмица и Скопје, преку Свети Николе: под истрага шест лица за транспортот на осум тони марихиуана што заврши во Србија

Обвинителсството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица за неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога,...

Македонија21 час

(Видео) Поскапувањата во јануари и февруари го „изедоа“ владиното покачување на минималната плата, ССМ пресмета 969 денари поскапа кошничка за февруари

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за месец февруари пресмета зголемување на вредноста на минималната потрошувачка кошничка за 969 денари,...

Македонија22 часа

Искусните лекари ќе можат да работат до 70 години и да земаат пензија каде што има дефицит, предност за вработување ќе имаат најдобрите дипломци – подготвени законските измени

Министерството за здравство подготви повеќе значајни измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита, кои неделава се објавени на Единствениот...

Топ22 часа

Истрага за свирепо убиство во Челопек: Млад маж убил старица што живеела сама, се проверува и поврзаноста со слични злосторства

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...

Македонија23 часа

(Фото) Германија донира техничка опрема и возила од 600.000 евра на МВР

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на...

Свет23 часа

Украински генерал: Можеме да се бориме уште со години

Олександр Пивненко, командант на Националната гарда на Украина, изјави дека Украина е способна да води војна уште неколку години и...

Македонија1 ден

Ристоска со реакција на изјавата на Мицкоски дека таа не е во игра за нов државен јавен обвинител

Во врска со изјавата на премиерот, Христијан Мицкоски, дека Ленче Ристоска не е во игра за нов државен јавен обвинител, што...

Македонија1 ден

Ако сѐ било по пропис, зошто Владата не ги објавува листите со патници во авионот, прашува СДСМ

Доколку користењето на владиниот авион од било целосно согласно законите и прописите, тогаш зошто Владата упорно одбива да ги објави...

Свет1 ден

Европските дипломати претпазливи во врска со подемот на Венс, оценуваат експертите

Европските сојузници внимателно го следат политичкиот подем на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кого некои аналитичари го сметаат за поидеолошки...

Свет1 ден

Финскиот претседател: САД не можат да ни забранат да се бориме против Русија

Финскиот претседател, Александар Стаб, изјави дека САД не можат да ѝ наредат на Финска да се откаже од својата одбрана...

Свет1 ден

Принцот Ендрју е првиот член на британското кралско семејство уапсен по 400 години

Иако наводно бил омилен на неговата мајка, кралицата Елизабета II, поранешниот принц Ендрју долго време е извор на проблеми за...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Сакав да си го доделам Медалот на честа затоа што бев неверојатно храбар кога отидов во Ирак

Доналд Трамп рече дека сака да си го додели Конгресниот Медал на честа. 79-годишниот Трамп зборуваше на митинг во Ромео,...