Надворешна политика
Семинар за енергетика на Дипломатските академии Македонија и на Бугарија
Министерот за надворешни работи Никола Попоски ги посети македонските дипломати кои заедно со експерти за енергетика, претставници од Министерството за економија, СЕП и Регулаторната комисија за енергетика на РМ, последните три дена во Охрид присуствуваат на Семинар од областа на енергетиката организиран од Дипломатските академии на Министерството за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, спонзориран од баварската фондација „Ханс Зајндел“.
На предавањата од неколкумина бугарски експерти во оваа област, во фокусот беа ставени стратешкото значење на енергетиката и енергетските поврзувања во регионот. „Енергетските прашања имаат големо влијание врз светската геополитика, a истовремено претставуваат значајно стратешко прашање за секоја земја поединечно“ , истакна во своето предавање Амбасадорот Лачезар Матев од Република Бугарија. Славчо Нејков, експерт за енергетика од Република Бугарија во рамки на своето предавање ја нагласи важноста од зборувањето во еден глас на земјите од регионот. „Кога станува збор за енергетска соработка, не станува збор за мали и големи земји. Таа е особено релевантна за земјите од југоисточна Европа, при што заедничкиот пристап е неизбежен. Ако нашите народи сакаат да имаат големи инвестиции во овој сектор, да не заборавиме дека тоа ќе ни донесе поголема стабилност и просперитет во регионот. Република Македонија има и ќе има адекватно место во овој процес“, истакна Нејков. Во рамки на предавањата, дебатираа и дел од учесниците. „Како претставници од Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, учеството на семинарот за енергетска дипломатија е од голема корист за нас, бидејќи сме директно вклучени во процесот на примена на европското законодавство од областа на енергетиката кај нас. Преку искуствата што ги споделија предавачите, се запознавме со проблематиката од областа на енергетиката со кои се соочила Република Бугарија при исполнувањето на условите за влез во Европската Унија, како и со енергетските поволности кои ги ужива денес како членка на ЕУ”, истакна Маријана Костадиновска од Регулаторна Комисија за енергетика. За директорката на Дипломатската академија при МНР на РМ Аделина Марку, ваквите обуки се од особено значење како за нашата држава така и за регионот. “Овој семинар е уште еден успешен проект во серијата реализирани активности помеѓу дипломатските академии при МНР на РМ и Бугарија. Овој Семинар претставува пример за тоа како може да соработуваме меѓу земја членка и кандидат за ЕУ на стратешки значајни теми, воедно со германска поддршка“, заклучи Марку и најави нови вакви соработки./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.