Контакт

Надворешна политика

Советот на ЕУ бара спроведување на реформите и почитување на договорот од 2-ри јуни

Објавено пред

Спроведување на пакетот за итните реформи кој го објави минатата седмица Европската комисија, како и почитување и спроведување на договорот од 2-ри јуни за надминување на политичката криза во Македонија, се бара во заклучоците на Советот на Европската унија, кој подоцча во четвртокот треба да бидат усвоени на самитот на министертите за надвореши работи .

dobivaj vesti na viber

На последниот состанок под летонското претседателство со ЕУ во вторникот, Советот за општи работи усвои шест заклучоци за Македонија, сите се поврзани со актуелната политичка состојба во нашата држава, пренесува дописникот на МИА

Потврдувајќи ги своите заклучоци во однос на Република Македонија што Советот ги усвои во декември 2014 година, како и во април 2015 година, во првиот заклучок за Македонија се нагласува посветеноста на ЕУ во рамки на Солунската агенда и кандидатскиот статус на Република Македонија, како и дека Советот ја повторува својата голема загриженост за ситуацијата во земјата, особено за тековната политичка криза. Притоа, Советот ги забележува позитивно напорите на локалните партиски лидери во последните средби да бараат и да достигнат решение и во овој контекст го поздрави олеснувањето на комесарот Хан, како и на членовите на Европскиот парламент.

Советот забележува, како значаен прв чекор во решавањето на политичката криза, договорот олеснет во Скопје на 2 јуни 2015 година. Овој договор ги утврдува обврските од страна на лидерите на најголемите политички партии за справување со сериозната загриженост за владеењето на правото и да останат посветени на процесот на пристапување во ЕУ и демократските принципи на земјата, вклучувајќи го и одржување на добри меѓуетнички односи преку целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор, како и со зајакнување на добрососедските односи. Советот смета дека договорот од 2 јуни е основа за идните дискусии. Советот ги повикува политичките партии, во интерес на граѓаните и на земјата, да преземат одговорност и да преземат итни мерки за одржливо решение, конструктивно да се вклучат во политичкиот дијалог и да продолжат со напорите за да се врати довербата во институциите, се наведува во третиот заклучок за Македонија.

Шефовите на дипломатиите на ЕУ-земјите, во заклучоците, исто така, потенцираат дека Советот ги повикува сите страни да го почитуваат нивниот договор од 2-ри јуни и да ги имплементираат сите препораки на Комисијата, почнувајќи со приоритетите за итни реформи во однос на системските прашања за владеењето на правото кои произлегуваат од актуелната криза, вклучително и во однос на прекршувањето на основните човекови права, слобода на судството, слобода на медиумите, избори, корупција, политизација на државните институции и држава/партија замаглување и неуспесите за надзор. Имплементацијата на овие препораки ќе биде внимателно следена од страна на Комисијата. Изборните реформи во согласност со препораките на ОБСЕ/ОДИХР се итно потребни и во врска со почетна системските реформи ќе придонесат за обезбедување на еднаквост пред идните избори, за слободно и фер спроведување од кој важен индикатор ќе бидат реформите во овој поглед. Згора на тоа е потребно да се обезбеди што е можно поскоро темелна и независна истрага на материјалот што откри било-каков кривичен престап, со целосно почитување кон самиот процес, принципот на независност на судството и пресумпцијата на невиност – се наведува во четвртиот заклучок за Македонија.

Во последните два заклучока, Советот за Македонија нотира дека се радува на седница на Советот за стабилизација и асоцијација во јули каде што ќе очекуваат детални извештаи за конкретно преземените акции што се предвидени во следните месеци.

Во последнито заклучок се наведува дека Нагласувајќи ја потребата за Република Македонија да направи лесен и видлив напредок кон исполнување на приоритетите за итни реформа во рамки на утврдената условеност и во согласност со заклучоците на Советот од 16-ти декември 2014 година и 21-ти април 2015 година, Советот реафирмира дела ќе го продолжи ангажманот на ЕУ, вклучително и преку редовно известување од страна на Комисијата и на Европската дипломатска служба (ЕЕАС) за ситуацијата во земјата, меѓу другото за приоритетите за итна реформа, како и на посветеноста на земјата на агендата на ЕУ, како и за процесот на проширување што произлегуваат од нејзиниот кандидатски статус. Советот останува посветен на ова прашање и ќе се наврати на истото во следните месеци, гласи завршниот, шести заклучок на Советот за општи работи за Македонија.

Доколку она што го бараат Советот на ЕУ и Европската комисија, вклучително и решавање на политичката криза, Република Македонија не го оствари до крајот на септември годинава, октомврискиот извештај за напредокот на земјата во евроинтеграциите, по шест години, првпат ќе нема препорака за отворање на преговорите за членство на Македонија во ЕУ./крај/мф/сн

Извор: МИА



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 часа

ЕУ ја потврди одлуката за замрзнување на руските средства на неопределено време

Денес, Европската унија ја потврди одлуката за замрзнување на средствата на руските централни банки лоцирани во Европа на неопределено време....

Македонија14 часа

Ѓорѓиевски: Скопје конечно добива Луна Парк

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес ја најави долгоочекуваната реализација на проектот за новиот Луна Парк, значајна инвестиција што...

Македонија16 часа

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива до советите за документ дека ќе нема мигрантски кампови

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговори на новинарско прашање во однос на се позачестените иницијативи по советите во општините во...

Топ17 часа

Двајца млади скопјани најдени починати – едниот во напуштена куќа во Центар, другиот во дом на пријател во Кисела Вода

Двајца скопјани на возраст од 25 и 36 години биле пронајдени починати во текот на изминатото деноноќие. Според информациите од...

Македонија18 часа

Мал авион се урна во Мавровското Езеро, едно лице повредено

Мал авион денес се урна во Мавровското Езеро. Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено, потврдија од...

Македонија20 часа

(Видео) „Наместо студен камен, никнуваат дрвја што ќе растат“ – засадени 63 јавори во спомен на починатите во „Пулс“

Во Кочани се засадени 63 јавори, по еден за секој млад живот згаснат во пожарот во дискотеката „Пулс“. „Овој чин...

Топ20 часа

84-годишник се обидел да убие жена во хотел во Куманово, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради обид да изврши кривично дело –...

Македонија21 час

Над 40 автошколи под сомнение дека договарале цени за обука

Постојат индиции дека 40 авто – школи во земјава договарале цените за обука на возачи. Комисијата за заштита на конкуренцијата...

Македонија22 часа

Спасовски 3 месеци го кочел затворањето на станицата за технички преглед во Сарај и овозможил незаконски профит од 90.000 евра, ЈО да реагира, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај, со што фирмата се здобила со противправна имотна корист во висина...

Македонија22 часа

Почината жена пронајдена во дупка во атарот на гостиварско Неготино: за едно осомничено лице одреден краткотраен притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во текот на ноќта изврши увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде...

Македонија23 часа

СДСМ: Милошоски најавува мигранти за пари, ама со променет статус во економски работници

„Планот на ВМРО-ДПМНЕ за примање мигранти во Македонија е целосно разоткриен. И не се само пишувањата на британските и светските...

Свет23 часа

(Видео) Шефот на НАТО: „Ние сме следната цел на Русија, немаме време“; Москва одговори

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес ги повика сојузниците да ги засилат одбранбените напори за да спречат војна што...

Свет24 часа

(Видео) Австралиец скокаше од авион, падобранот се заглави во опашката: драматичен инцидент на 4.500 метри

Австралиското биро за безбедност на сообраќајот (ATSB) објави снимка од падобранец чиј падобран се заплеткал во опашката на авионот среде...

Свет1 ден

(Видео) Убиецот на Чарли Кирк првпат се појави пред суд

Мажот обвинет за убиство на десничарскиот активист Чарли Кирк, 22-годишниот Тајлер Робинсон, се појави за прв пат лично на суд...

Свет1 ден

САД воведуваат нови санкции врз Венецуела, насочени кон внуците на Мадуро и нафтениот сектор

САД го зголемуваат притисокот врз Венецуела со нови санкции насочени кон тројца внуци на претседателот Николас Мадуро, меѓу другите. Двајца...

Свет1 ден

(Видео) Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди Јапонија, забележано слабо цунами: пристигнуваат снимки

Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди североисточна Јапонија, што ја натера Јапонската метеоролошка агенција да издаде предупредување за...

Свет1 ден

Трамп ја презеде контролата врз регулативата за вештачка интелигенција

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба насочена кон централизирање на регулирањето на вештачката интелигенција на федерално ниво за да...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски најавува враќање на празничниот дух, на 15 декември почнуваат настаните на плоштад „Македонија“

На 15 декември почнуваат предновогодишните настани на плоштад „Македонија“. „Градот Скопје со радост најавува дека годинава празничниот дух повторно се...

Македонија1 ден

„Јавноста бара одговори, а добива уште една сцена на политичка формалност“, велат од Блупринт групата за реформи во праводуството за комисијата за Кочани

Јавноста бара одговори, но наместо одговорност, добива уште една сцена на политичка формалност. Семејствата уште еднаш беа оставени да гледаат...

Македонија2 дена

Муцунски: Оваа Влада ниту водела, ниту ќе води политика за прифаќање мигранти во каква било форма

Владата е целосно посветена на економскиот развој и на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Градиме партнерства што носат...