Контакт

Надворешна политика

Штајнмаер ја повика Македонија темелно да го испита инцидентот во Куманово

Објавено пред

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер ги повика во средата македонските власти да извршат „темелна и транспарентна“ истрага за текот на настаните при операцијата на полициските сили во Куманово и изрази надеж дека судирот со терористичката група не е почеток  на ескалација

dobivaj vesti na viber

„Инцидентот од минатата седмица предизвика стравувања во Европа. Се надевам дека она што го видовме не е почеток на ескалација, дека властите во Македонија ќе вложат напори, во прв ред, за да спроведат темелна и транспарентна истрага за сите околности и, второ, за да спречат натамошни инциденти од ваков вид“, изјави шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнамер на заедничката прес-конференција со неговиот албански колега Дитмир Бушати.

Специјалните сили на македонската полиција на 9-ти мај во кумановската Дива населба изведоа операција за неутрализирање на добро вооружена бројна терористичка група. Во судирите кои траеја повеќе од 24 часа загинаа осум македонски полицајци а 37 беа ранети, додека на страна на терористите имаше 14 загинати и повеќе од дваесет заробени. Според Министерството за внатрешните работи, станува збор за добро вооружена и обучена група, чии припадници влегле илегално во Македонија „од територијата на соседна земја“ со цел да извршат масивни терористички акти врз државни институции и цивили.

„Се надевам дека ситуацијата во Македонија ќе биде решена. Се надевам дека Македонија ќе искаже силна волја да се движи кон Европската унија, и не се сомневам во нејзиниот избор на тој пат“, заклучи Штајнамер./крај/мф/сн

 

Извор: Макфакс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

ЦУК: Гори на планините Кожуф и Добра Вода, под контрола четири пожари

Денеска, до 07:00 часот, на територијата на Македонија имало вкупно 34 пожари на отворен простор, од кои два се активни,...

Македонија3 часа

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Велес – Градско

Од 08 часот и 20 минути, утрово, сообраќајот на регионалниот пат Велес-Градско е нормализиран, извести АМСМ. Сообраќајот беше во прекин...

Македонија4 часа

Почувствуван земјотрес во југоисточните делови на Македонија, епицентарот во Грција

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет5 часа

Португалија ја призна Палестина

Португалскиот министер за надворешни работи, Пауло Рангел, изјави дека неговата земја ја признала државата Палестина. „Признавањето на државата Палестина е...

Европа5 часа

Русија: Украинците нападнаа одморалиште на Крим, има мртви и ранети

Украински дронови го погодија одморалиштето Форос на Крим, предизвикувајќи штета и жртви, според Сергеј Аксјонов, шефот на нелегалната окупациска влада....

Свет6 часа

(Видео) Заврши комеморацијата за Чарли Кирк; Трамп: Го уби радикализирано, ладнокрвно чудовиште

На Стејт Фарм стадионот во Аризона заврши комеморацијата за убиениот конзервативен активист Чарли Кирк. На комеморацијата пристигнаа и американскиот претседател...

Свет6 часа

(Видео) Вдовицата на Кирк: Му простувам на човекот што го уби

На Стејт Фарм стадионот во Аризона заврши комеморацијата за убиениот конзервативен активист Чарли Кирк. На комеморацијата пристигнаа и американскиот претседател...

Економија23 часа

Ќе има мерки за цените на прехранбените производи

Владата подготвува мерки за високите цени на прехранбените производи во маркетите. Премиерот Мицкоски вели дека екипи на Државниот пазарен инспекторат...

Економија23 часа

(Видео) Андоновска: ВМРО- ДПМНЕ ги враќа достоинството и сигурноста на македонскиот земјоделец

Развојот на земјоделството е стратешки приоритет на Владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ. Земјоделците се клучни за руралниот развој и економската...

Економија24 часа

(Видео) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

Бербата на винското грозје е при крај а состојбата со откупот на терен е алараманта, рече денеска на прес-конференција, Трајан...

Македонија1 ден

Дигиталниот Самит на Западен Балкан 2025 повторно во Скопје – 1 и 2 октомври во Музејот на современата уметност

Министерот за дигитална трансформација, на прес конференција, ја најави организацијата на Дигиталниот Самит на Западен Балкан 2025, кој повторно ќе...

Македонија1 ден

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ понуди само ароганција и лаги, ние нудиме чесни и компетентни кандидати на изборите

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средби со граѓаните на Струга порача дека власта на ВМРО-ДПМНЕ нуди само ароганција и...

Економија1 ден

Анализа на ССМ: Зголемувањето на минималната плата не води кон затворање на компании

Зголемувањето на минималната плата не придонесува за затворање на компаниите и не ја уништува економијата, туку создава услови за развој...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 80. Генерално собрание на ОН

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави по повод учеството на 80. Сесија на Генералното...

Свет1 ден

Во нови израелски напади врз Газа убиени најмалку 30 лица

Најмалку 30 лица денеска загинаа во воздушните напади на израелските сили врз Газа, објави Ал Џезира. Од 30 жртви, 28...

Македонија2 дена

(Фото) Ангелов: Пожарот над скопско Батинци е намерно подметнат, имаме целосна контрола над огнот

Големиот пожар над скопско Батинци е под целосна контрола, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. „Поради ветерот пожарот се ширеше...

Македонија2 дена

(Видео) Кузеска: Додека народот се гуши во канцерогени честички, власта на Мицкоски се занимава со измислени приказни за хибридни напади

Владата вчера го потврди скандалот кој го објавивме и призна дека среде најголеми пожари 400-те пожарникари, кои помпезно ги најавуваше...

Економија2 дена

Вредноста на синдикалната минимална кошница во септември намалена за 430 денари

За покривање на основните животни потреби, во септември на четиричлено семејство му се потребни 65.077 денари, пресмета Сојузот на синдикати...

Македонија2 дена

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 80. годишнината од основањето на ООН

Пред осумдесет години, Обединетите Нации се издигнаа од урнатините на Втората светска војна за да спречат идни војни, да го...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Се потврди труењето во Трубарево, барам истрага и оставки од надлежните министри

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска ја обвини Владата дека лажела за степенот на загадување и доцнела со реакција по...