Контакт

Надворешна политика

Стејт департментот ја оценува Македонија како 'искрен партнер' во борбата против тероризмот

Објавено пред

Американскиот Стејт деапртмент во својот Извештај за терористичките напади низ светот во текот на изминатата 2014 година, оценува дека Македонија била искрен партнер во борбата против тероризмот

dobivaj vesti na viber

Во Извештајот, кој беше објавен во петокот го пренесува во саботата агенциајта МИА, не се содржани настани од 2015 година, односно не ја вклучува операцијата на македонската полиција против терористичката групација во Куманово од почетокот на мај, и ги нотира гранатирањето на Владата и помалите бомбашки напади во близината на полициските станици во Тетово и Куманово извршени во текот на 2014 година. САД проценуваат дека неколку десетици македонски државјани заминале во Сирија и во Ирак и се приклучиле на исламистичките групи.

„Антитерористичките активности во Македонија го вклучуваат усвојувањето на законот со кој се забранува вклучувањето или помагањето на странски терористички групи. Десетици македонски граѓани заминале во Сирија и Ирак како странски борци во изминатите години, иако има индикации дека законот, кој беше усвоен во септември 2014 година, има некаков ефект да се обесхрабри оваа појава. Во Македонија немаше посериозни терористички инциденти во 2014 година. Зградата на Владата, каде е сместена канцеларијата на премиерот, беше оштетена во ноќта на 28-ми октомври од страна на непознати напаѓачи. Два проектила, веројатно од рачен фрлач на гранати, беа истрелани врз зградата која беше празна во тој момент, при што немаше повредени. Локалните медиуми објавија писмо од Ослободителната национална армија (ОНА), која презема одговорност за нападот, но некои аналитичари го отфрлија писмото, кое беше објавено една седмица по нападот и не содржеше барања. Истата наводна група презема одговорност и за двете помали експлозии пред полициските станици во Тетово и Куманово на 9-ти декември”, пишува во Извештајот кој беше презентиран од амбасадорката задолжена за координација на борбата против тероризмот Тина Кајданов.

Во Извештајот се наведува дека македонскиот безбедносен систем е добро подготвен за ефикасно да се справи со терористички напади, во прв ред преку Управата за безбедност и контра-разузнавање (УБК) и специјалните полициски единици. Дополнително, Македонија е оценета како земја која активно соработува во борбата против тероризмот. Што се однесува до финансискиот сектор, извештајот на Стејт департментот оценува дека Македонија не дозволува анонимни банкарски сметки и не е центар за оф-шор финансирање, но непрофитните организации се изземени од задолжителното пријавување на приходите.

„Македонија е искрен партнер во борбата против тероризмот, како регионално, така и на меѓународна сцена. Грчкото одбивање да го признае името на Македонија повремено ја ограничува можноста на Македонија да учествува на меѓународните форуми. Министерот за надворешни работи Никола Попоски учествуваше на тркалезната маса за балкански земји на Стејт департментот организирана при Генералното собрание на Обединетите нации, а во октомври, Македонија беше домаќин на регионалната конференција за разузнавање на која се дискутираше прашањето за странските терористи“, пишува уште во О извештајот.

Во извештајот дополнително се оценува дека неколку стотици граѓани на Косово и Албанија, како и од српскте области Санџак и Прешево, се приклучиле на исламистичките групи во Ирак и Сирија, а неколку десетини досега биле убиени. Наведена е големата операција во Косово пред една година, кога 59 осомничени терористи беа уапсени и ставени во долготраен домашен притвор, но без да бидат покренати обвиненија.

Бугарија, исто така, реагирала против информации за промовирање на исламистичката група Исламската држава меѓу Роми во градот Пазарџик. Наведено е дека и Грција се соочува со постојани терористички напади од помал обем извршени од анархистички групи, честопати насочени против западни цели и финансиски институции.

На глобално ниво, во извештајот се оценува дека бројот на терористички напади се зголемил за 35 проценти во текот на минатата година, при што 33.000 луѓе биле убиени. За разлика, во 2013 година, бројот на жртви на терористички напади низ светот се проценува дека бил околу 18.000.

Земјите во кои Стејт департментот вели дека има најголем подем на тероризам се Ирак, Авганистан и Нигерија./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....

Топ14 часа

Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка

Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка. Според информациите од МВР,  денеска во Полициската канцеларија...

Македонија15 часа

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија17 часа

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура18 часа

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија19 часа

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија19 часа

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија21 час

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Македонија22 часа

Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево,...

Свет23 часа

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет23 часа

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет23 часа

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија23 часа

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа24 часа

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија1 ден

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет1 ден

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет2 дена

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет2 дена

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет2 дена

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...