Контакт

Надворешна политика

Стоиљковиќ: Путин е еден од најдоследните заштитници на слободите и светскиот мир

Објавено пред

Олеснување на визните процедури, отворање директна авионска линија, потпишување договор за избегнување на двојното оданочување на градежните работи се само дел од работите кои треба да се завршат за подобрување на македонско-руските односи, пишува Иван Стоиљковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија во поздравното писмо од средата до Сергеј Жељезнак, претседателот на Думата на Руската Федерација по победата на парламентарните избори на Единствена (Обединета) Русија.

dobivaj vesti na viber

„На овие избори со народна волја јасно е потврдена мудрата национална и државна политика, Руската Федерација на тој начин го продолжува континиутетот во зачувувањето и надградбата на најголемите православни и словенски вредности, што е од голема важност за земјите и народите на кои исто така им припаѓаат овие вредности“, пишува Стоиљковиќ, кој е и претседател на Комисијата за соработка на Собранието на Република Македонија и Думата на Руската Федерација.

„Во текот на минатата деценија, Русија под водството на Путин стана еден од најдоследните заштитници на слободата, меѓународното право и светскиот мир и стабилност, по што денеска ужива многу силен углед, посебно во изградбата на поправедни односи во светот. Вашата улога како секретар за меѓународна соработка во оваа поширока констелација на меѓународни односи се повеќе добива на значење, а сосема извесно станува клучна за нашиот регион“, додава Стоиљковиќ.

Потетува дека Русија е една од првите држави кои Република Македонија ја призна под нејзиното уставно име, и оти во односите меѓу двете земји не постојат никакви отворени политички прашања или нејаснотии, туку напротив постои исклучително меѓусебно уважување, како одлична појдовна точка од која треба да се тргне во понатамошната изградба на уште поквалитетни и поконструктивни односи на сите полиња.

„Цврсто верувам дека доаѓаат многу подобри денови за руско-македонските односи, не само во смисла на покренување на поактивен политички дијалог, туку и во остварување на конкретен напредок на културен, научен, економски и енергетски план. Народите на нашите држави ги поврзувааат повеќевековни духовни и историски врски, делиме многу заеднички вредности и имаме изразена културна блискост и почитување. Руската Федерација со години е меѓу првите десет трговски партнери на нашата држава“, забележуванатаму Стоиљковиќ.

Истакнува дека заживувањето на заедничкиот руско-турски проект „Јужен тек 2“ или попознат како „Турски тек“, има исклучително значење за Македонија и од економски и од безбедносен аопсект, имајќи предвид дека гасоводот преку Грција доаѓа во Македонија и понатаму оди за Србија. Стоиљковиќ оценува дека со реализација на овој проект Македонија се здобива со бенефитите кои ѝ припаѓаат како на земја транзитер на гас, но и државата и ѓраѓаните како конечни потрошувачи.

„Сосема сигурно вклучувањето на Македонија во сите енергетски проекти на Руската Федерација претставува исклучително добар стимуланс за развој на македонското стопанство, бидејќи со обезбедувањето на сигурен и ефтин извор на гасен енергент се отвораат перспективи за поголема конкурентност на македонските производи на светскиот пазар, што секако многу позитивно ќе се одрази на нашиот севкупен економски напредок… Неопходно ни е потребен договор за слободна трговија, договори од областа на културата, трудот, образованието, социјалната и даночна политика како и други договори кои ќе помогнат на нашите држави, и граѓаните да воспостават што подобра меѓусебна соработка“, смета Стоиљковиќ..

Според Стоиљковиќ, приоритети во наредниот период би требало да бидат олеснување на визните процедури, изработка на стратегијата за развој на транспортот, како и отворање директна авионска линија, потпишување на договор за избегнување на двојното оданочување на градежните работи, како и решавање на проблемот со непризнавањето на банкарските гаранции на македонските банки во Русија, кои се неопходни при склопување на инвестициони договори за настап на рускиот пазар…

„Демократската партија на Србите во Македонија како поединечен субјект на македонската политичка сцена не претставува одлучувачки фактор во политичкиот процес, но затоа како коалициски партнер во македонската влада ќе даде несебичен придонес, не само во остварувањето на соработката на Единствена Русија со најголемата владеачката македонска партија, туку и со другите учесници во политичкиот живот, со цел да се унапредат меѓусобните односи помеѓу нашите држави“, се додава во дописот на Стоиљковиќ до Жељезнак.

„Потпишувајќи ја Декларацијата за соработка со Единствена Русија, покажавме спремност и се обврзавме дека заеднички ќе ги бараме новите пристапи во осигурувањето на безбедноста во Европа, вклучувајќи ја и иницијативата за можно формирање на простор за воено неутрални и суверени држави во Југоисточна Европа и ќе вложиме сериозен напор да го искористиме секој слободен простор иницијативата да им ја претставиме на граѓаните на нашата држава“, додава.

На крајот Стоиљковиќ, како претствник на српскиот нарид во Македонија, изразува благодарност до Русија за сето она „што со векови го чини за српскиот народ, а посебно за нашите браќа на Косово и Метохија“, како и за зачувувањето суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Србија./крај/мф/бс

Извор: Макфакс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа6 часа

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија10 часа

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа10 часа

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет10 часа

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет11 часа

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија11 часа

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...

Македонија12 часа

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија14 часа

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија15 часа

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија15 часа

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија15 часа

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...

Македонија16 часа

Техничката влада мора да остане, велат од СДСМ

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, велат од...

Македонија20 часа

Со паричка во погача, голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како...

Топ21 час

Во Кавадарци се води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца

Кавадаречкото Обвинителство  споведува истрага за два одвоени случаи во кои има сомненија за силување на дете кое не наполнило 15...

Свет21 час

Словачките лидери едногласни: Крај на воената помош за Украина

Највисоките словачки функционери – претседателот Петер Пелегрини, премиерот Роберт Фицо и претседателот на парламентот Рихард Раши – потврдија единство околу...

Свет21 час

Претседателката на Молдавија: На референдум би гласала за обединување со Романија

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изјави дека би гласала за обединување со Романија доколку тоа прашање некогаш се најде на...

Свет21 час

Германија предупредува: Плановите на Трамп за Гренланд може да го загрозат НАТО

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека сојузниците во НАТО мора да соработуваат кога станува збор за безбедноста...

Свет21 час

Конгресмен предлага закон за анексија на Гренланд

Републиканскиот конгресмен Ренди Фајн предложи закон до американскиот Конгрес со кој на САД би им се овозможила анексија на Гренланд...

Македонија1 ден

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....