Контакт

Надворешна политика

Теодоракис: Многу земји ја признаваат Македонија под уставното име и ова е проблем

Објавено пред

Лидерот на грчката партија Потами, Ставрос Теодоракис изјавил дека е голем проблем тоа што многу земји од светот Македонија ја признаваат под уставното име, и додал дека треба да се изврши притисок земајва да го прифати името „Северна Македонија“.

dobivaj vesti na viber

 

„Истиот проблем утре може да го имаме со други области, решението не е да ги затвориме очите. Грција е во центарот на Балканот, Македонија е тука, и тука постојат и археолошки наоѓалишта, и има некои области кои се во други држави. Немаме никаква грижа на совест бидејќи ние сме силни“, додаде лидерот на Потами, која е трета политичка сила во земјата.

 

Тој додал дека „од друга страна однесувањето на официјална Атина ја доведе земјата во овој ќор-сокак“.

 

„Вооружени со Европската унија, вооружени со нашето членство во НАТО, би требало да ги притиснеме малите земји да прифатат постоење на една држава без која нема да направат никаков чекор кон Европската унија и кон НАТО“, изјавил Теодоракис./крај/мф/бс

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија14 минути

Американскa компанија ќе инвестира во Македонија, објави Мицкоски од Вашингтон

По инвестицијата од 500 милиони долари на Алказар Енерџи во ветерен парк која е најголема во регионот и инвестицијата на...

Економија8 часа

Зголемување на цените на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука...

Македонија8 часа

Кривичен: Приговорите на обвинетите за убиството на Вања и Панче се одбиени, на таткото на девојчето ќе му се суди за грабнување

Советот за оценка на обвинителен акт со КООА 83/24 против обвинетите: В. М., Б. В. и В. К., обвинети за...

Македонија8 часа

Лефков со прашања до Филипче: Со какви туѓи перја се китиме, црни Венко, со перјата за запалената модуларна? Со каква плата направи хациенда на Водно

„Едно јавно прашање до претседателот на заробената СДСМ. Со кои перја се китиме црни Венко? Со тие ли перја со...

Македонија9 часа

Меџити на средба со пензионерите говореше за двете фази од покачувањето на пензиите: првата почнува од септември

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, заедно со министерот Фатмир Лимани, пратеникот Беким Сали...

Македонија11 часа

Царинската управа: Мобилен тим спречи шверцување два тона месо штетно за здравјето на граѓаните

Мобилен тим на Царинската управа викендов спречи шверцување два тона месо штетно за здравјето на граѓаните. Превозникот, воедно и сопственик...

Македонија11 часа

(Видео) Спасен маж од длабока тиња и кал како од жив песок на реката Пчиња

Центарот за управување со кризи објави дека утрово имало спасувачка акција на реката Пчиња, каде што човек пропаднал до гуша...

Топ12 часа

Тешка сообраќајна несреќа на патот Охрид – Ресен, во судир со автобус загина мотициклист

Вчера, во 19.40 часот, кај местото Прентов мост на магистралниот пат Охрид – Ресен, на крстосницата со локалниот пат за...

Македонија12 часа

Воз на релација Скопје – Гевгелија удрил во возило на излезот од Драчево

Регионалниот ЦУК Скопје информира дека од „Македонски железници“ известиле дека вчера, во 17.15 часот, патничкиот воз што сообраќа на релација...

Македонија13 часа

Која земја ќе ја претставува Мицкоски во Вашингтон, Северна Македонија или никогаш Северна, само Македонија, прашува Филипче

Христијан Мицкоски, кој во Вашингтон отиде со половина од своите министри, гордо преку видео ни порача дека е на самитот...

Македонија14 часа

Фрчкоски со најава дека е подготвен да се повлече од амбасадорското место: МНР нема потреба да измеќарува

Не е никаков проблем амбасадорот да се повлече од функцијата кога не е погоден на идеологијата на новите власти. И...

Македонија14 часа

Регистриран земјотрес во Охрид

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија на сеизмолошките станици инсталирани во нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Економија1 ден

Николоски: Трет мобилен оператор за граѓаните да добијат пониски цени

Министерот за транспорт и заменик претседател на Владата, Александар Николоски, најавува трет мобилен оператор во Македонија. Со тоа цените за...

Македонија1 ден

(Фото) Томовски: Вратите на Владата остануваат отворени за граѓаните, а оградата наместо да скапува, ја добива својата функција

Пет дена по владината седница на која беше одлучено да се врати оградата околу Владата, екипи уште од рано утрово...

Македонија1 ден

Премиерот и министрите со набиена агенда: почнува официјалната посета на САД

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со делегација од Владата во чиј состав се министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот...

Македонија1 ден

(Видео) Лефков: Филипче спроведе скандалозен тендер за стерилизација во 2019 година со контроверзна албанска компанија

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска на прес конференција ја нарече СДСМ „киднапирана“ и повика да се прочитаат медиумите во...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не расчисти ниедно убиство за шест месеци колку што е Тошковски министер

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска на прес конференција обвини дека Македонија се претворила во Див Запад откако Панче Тошковски...

Свет2 дена

(Фото) Париз во шок: татко си ги фрлил децата од петти кат, па се самоубил

Mаж ги фрлил своите две деца низ прозорецот на стан лоциран на петти кат од зграда во Париз, пред да...

Регион2 дена

Земјотрес ја погоди Хрватска: „Како да пукна бомба!“

Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Хрватска, јавува ЕМСЦ. Eyewitnesses reported shaking in #Croatia...

Свет2 дена

(Видео) Хорор во Австралија: три деца загинаа во пожар, таткото намерно ја спречувал полицијата да влезе во куќата

Три деца, меѓу кои и 10-месечно бебе, загинаа во пожар што рано утринава избувна во куќа во близина на Сиднеј,...