Контакт

Надворешна политика

Турција смета дека Македонија заслужува веднаш да стане дел од НАТО

Објавено пред

Министерот за одбрана Зоран Јолевски, при неговата посета на Турција оствари средби со министерот за национална одбрана на Турција, Исмет Јилмаз, и началникот на турските воени сили, генерал Неџдет Озел, пришто Јолевски изрази благодарност за несебичната поддршка и помош која Македонија ја добива од страна на Турција во напорите за целосна евроатланска интеграција.

dobivaj vesti na viber

 

Јолевски истакна дека од исклучително значење е поддршката која и овозможи на Македонија по самостојна инерција на делување да прерасне во придонесувач кон глобалниот мир и безбедност и при тоа да се изгради како рамноправен НАТО партнер. Воедно Јолевски ја потенцираше и помошта од Министерството за национална одбрана на Турција во опремувањето и модернизацијата на Армијата на Република Македонија.

 

На средбата двата министри заклучија дека постои исклучително добра соработка помеѓу Македонија и Турција која се огледува во фактот што постои постојан дијалог на највисоко ниво кој се пренесува во конкретни предлози од двете држави за континуирана понатамошна соработка. Министрите за одбрана се согласија дека соработката меѓу двете држави во областа на одбраната е на значајно високо ниво и истата преставува пример за меѓународни односи кои овозможуваат градење на мир и безбедност во регионот.

 

Министерот за национална одбрана на Турција потенцираше дека Турција целосно ја поддржува интеграцијата на Македонија во НАТО. Министерот Јилмаз истакна дека за поканата за членство во Алијансата нe треба да се чека надминувањето на разликите околу името со Грција кога Македонија веќе ги исполнува сите услови за членство во НАТО. Според Јилмаз Македонија заслужува во најкраток рок да стане дел од Алијансата.

 

Јолевски истакна дека заедничкото делување во „Одлучна поддршка“, размената на студенти и професори на Воените академии, редовните билатерални средби и чекорите за економски развој се само неколку од точките на соработка кои треба да продолжат и кои редовно го надминуваат примерот на билатерални односи помеѓу две држави кои се фокусираат на севкупен државен развој.

 

За време на средбата помеѓу министерот за одбрана, Зоран Јолевски, и началникот на воените сили на Турција, Неџдет Озел, постоеше взаемна согласност дека двете држави имаат одлична соработка на полето на одбраната и безбедноста. Јолевски истакна дека за заедничкото делување во мировната мисија на НАТО „Одлучна поддршка“ каде што офицери од Армијата на Република Македонија се вклучени во Кабул во рамките на Главниот штаб на командата за обука кој е предводен од Воените сили на Турција е пример и доказ за високо развиена меѓуармиска соработка.

 

Началникот на Воените сили на Турција подвлече дека со Македонија постои исклучителна соработка и дека Турција ќе продолжи со поддршката за Македонија во областа на одбраната и безбедноста.

 

Министерот за одбрана воедно заклучи дека и покрај високото ниво на соработка помеѓу двете држави постои взаемен интерес да се продолжи со зајакнување на меѓусебното партнерство и продлабочување на соработката.

За време на присуството на меѓународниот саем министерот за одбрана оствари средби и со директор на Национално вооружување, бригаден генерал Шабан Умут, и министерот за одбрана на Монголија, Церендашин Цолмон.

 

Министерот Јолевски и генералот Умут разменија мислења за можностите за дополнителна модернизација на Армијата на Република Македонија и можностите за обука на турски и македонски пилоти и офицери кои дополнително ќе ја зацврстат соработката помеѓу Македонија и Турција.

 

При средбата помеѓу министерот Јолевски и министерот Цолмон се разгледаа можностите и опремата за обука на воени пилоти кои ги поседуваат Македонија и Монголија. Министрите заклучија дека постои сериозна определба за идно релативизирање на соработката помеѓу двете држави./крај/мф/бс

 

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Го удрил со тупаница докторот што му давал лекарска помош, а потоа тепал и полицајци: предложен притвор за 28-годишник

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз...

Македонија4 часа

Арсовска со отворено писмо до Михалис Рокас: Во секоја држава има мафија, само во Македонија мафијата си има своја држава

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска упати отворено писмо до Михалис Рокас, Амбасадор на Европската Унија во Македонија. „Почитуван господин...

Свет4 часа

Трамп остро му одговори на Маск: Без субвенции, би се вратил дома, во Јужна Африка

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно јавно го нападна Илон Маск, тврдејќи дека без владини субвенции, шефот на „Тесла“, „Спејс Екс“...

Свет4 часа

Маск жестоко го нападна законот на Трамп: „Ќе изгубат, дури и ако ми е последно“

По објавувањето на неговото повлекување од политичкиот свет, милијардерот и основач на Тесла, Илон Маск, речиси веднаш се врати во...

Свет5 часа

Трамп потпиша укинување на санкциите против Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба со која се укинуваат санкциите на САД врз Сирија, со што се...

Свет5 часа

Палестинците во Газа протестираа со фотографии од убиени израелски деца

Група Палестинци во Појасот Газа покажаа слики од израелски деца убиени од Хамас на 7 октомври 2023 година, за време...

Македонија16 часа

Мицкоски-Кос: нагласена определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи

Премиерот Христијан Мицкоски, денес во Скопје оствари средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која престојува во...

Македонија19 часа

Достапни се лековите за третман на онколошки заболувања, сите пациенти ја добиваат потребната терапија, вели директорот

Од Клиниката за радиотерапија и онкологија информираат дека сите пациенти ја добиваат потребната терапија и дека се достапни лековите за...

Македонија20 часа

Нема повредени лица во запалениот глисер во Охридското Езеро

Денеска во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека на пловен објект глисер кој...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

СДСМ од првиот ден предупредуваше дека Владата на ВМРО ДПМНЕ ја става државата во заложништво на други држави – наместо...

Македонија22 часа

Директор и вработени во Општината и во Министерството пустошеле во Националниот парк Маврово, заработиле над 3 милиони денари

Полицијата поднесе кривична пријава за вработен во Општина Маврово Ростуше, директор во ЈУ Национален парк Маврово, раководител на одделение за одржливо...

Македонија24 часа

Пожар на глисер во Охрид

Утрово се запали глисер во Студенчишкиот Канал во Охрид. Според првичните информации, пламенот се појавил кога сопственикот го стартувал моторот,...

Македонија24 часа

Муртезани: 150 институции и над 800 експерти ќе учествуваат во подготовката на преговарачките позиции со ЕУ

Пред една година започнавме со јасна цел: да ѝ дадеме нов импулс на европската агенда на земјава. Денес, по 12...

Македонија24 часа

Опасен пожар во близина на границата со Грција: се слуша пукање од муниција, постои опасност од неоткопани гранати

Пожар се шири во близина на границата со Грција. Од Центарот за управување со кризи велат дека пожарот се развива на...

Македонија1 ден

Латас го спомена таткото на Костадин Костадинов, па доби закана: „Цела фамилија те чекаме, со наш суд“

Навреди и закани помеѓу Драган Павловиќ-Латас и струмичкиот градоначалник од СДСМ, Костдин Костадинов, откога новинарот во јавно излагање на поткаст...

Македонија1 ден

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во Италија

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во реката Пјаве, во близина на Тревизо. Како што јавуваат италијанскитее медиуми, девојчето се...

Регион1 ден

Полицијата во Белград ги отстрани блокадите: оштетено полициско возило, повеќе уапсени

Српското Министерство за внатрешни работи објави дека полицијата ги отстранила сите блокади на патиштата во Белград во текот на ноќта....

Свет1 ден

(Видео) Маж намерно запалил пожар во Ајдахо, па убил двајца пожарникари: пронајден мртов

Двајца пожарникари беа застрелани и убиени додека се бореа со шумски пожар во северниот дел на Ајдахо, соопшти канцеларијата на...

Европа1 ден

Кремљ: Брзината на преговорите за завршување на војната во Украина зависи од ставот на Киев

„Брзината на преговорите за завршување на војната во Украина зависи од позицијата на Киев, ефикасноста на американското посредништво и ситуацијата...

Македонија1 ден

Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...