Контакт

Надворешна политика

Вајгл: Неподготвеноста за компромис, на крајот донесе неуспех за државата

Објавено пред

Откако Европската унија се тргна настрана, на македонските политичари им останува да најдат решение за кризата, но тоа можеби ќе биде доцна за добивање на негативен извештај на Европската комисија без препорака за отворање на пристапните преговори на Република Македонија со ЕУ, по што би следела и слична резолуција на Европскиот парламент, предупреди во четвртокот словенечкиот европратеник Иво Вајгл, кои е воедно и известувач за земјава во Европскиот парламент, по маратонските неуспешни преговори на македонските политички челници во Брисел да ги изнајдат модалитетите за надминување на политичката криза кои се водат под покровителство на ЕУ.

dobivaj vesti na viber

„Јас сум бесен и разочаран и не сакам да давам изјава на тој начин. Малку да размислам…“, вели Иво Вајгл на почетокот во разговорот со дописникот на МИА од Брисел.

Потсетува притоа дека како известувач на Европскиот парламент за Република Македонија и член на групата од тројцата пратеници, членови на ЕП, тој изминатите неколку седмици интензивно работел на тоа да се надмине политичката криза меѓу политичките лидери во Македонија.

„Не сакам да кажам дека сум разочаран со вчерашниот дијалог, туку со резултатот од развојот на настаните со дијалогот. Се разбира, големо е разочарувањето од односот на некои политички актери, кои очигледно немаат чувство за евроатлантската иднина на Република Македонија. Имено, и покрај заплашувањето од страна на некои европски политичари за блокирање на процесот на проширување на Европската унија, има голем интерес да ѝ се даде на Македонија почеток на преговорите, сега е на патот нова препрека. Потребен е политички договор и демонстрација на единствена волја на македонските политичари и тие да направат сé за државата да претендира кон ЕУ и почеток на преговори“, посочува Вајгл.

На прашање да го каже името на главниот виновник за неуспехот на дванаесетчасовните преговори, што според премиерот Груевски е лидерот на СДСМ Зоран Заев, кого претходно го обвини дека единствено пристигнал во Брисел со цел да не постигне договор, Вајгл, како и претходно комесарот Хан во својата порака на Twitter, одбива директно да каже име.

„Премногу сум искусен за да давам изјава за поедини личности и политичари, и тоа е работа на македонските политичари. Јас можам да говорам за интересот на Македонија и македонските политичари како целост и како целина, а со цел да успееме да излеземе од кризата. Па, дури ако и само еден од политичарите не е подготвен на компромисно решение, што беше случајот синоќа, сепак, на крајот резултатот е на штета на сите, а најмногу на државата“, вели Вајгл.

Тој порачува дека „топката сега е целосно во рацете на Скопје“ и на македнските политичари е сами да се договорат за излез од кризата. Но, според него, за жал, дури и да биде постигне договор во брзо време, можно е истиот да дојде предоцна за добивање на негативен извештај од Еврокомисијата и за првпат по шест години, Македонија да не добие препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

„Да се вложат напори за компромисно решение е потребно и за негово постигнување, никогаш не е доцна. Но, времето истекува и дури кога ќе дојде до договор, мислам дека ќе биде доцна кога станува збор за конкретното прашање, а тоа е извештајот во октомври на Европската комисија и потоа Резолуцијата на Европскиот парламент во однос на носење на одлука за напредокот на Македонија во евроинтеграциите. Тука времето е ограничено и потребни се сите напори. ЕУ не им стои туку­така на располагање на македонските политичари. Тоа мораат да го разберат сите релевантни политичари во земјата во однос на целиот процес“, порачува Иво Вајгл.

Словенечкиот европратеник посочува дека тој, како известувач од ЕП за Македонија, има намера за активно да учествува да се најде решение за излез од политичката криза на Македонија, бидејќи, како што вели ­ во прашање е кандидатурата на Македонија за членство во Унијата.

„Вчера, по завршувањето на разговорите, заклучивме дека дијалогот мора да продолжи. Решение има и мора да се договори, но сега е се до македонските полтиичари, заврши Вајгл,/крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија5 часа

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура6 часа

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија7 часа

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија7 часа

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија9 часа

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Македонија10 часа

Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево,...

Свет11 часа

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет11 часа

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет11 часа

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија11 часа

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа12 часа

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија20 часа

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија21 час

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет24 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет1 ден

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет1 ден

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет1 ден

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет1 ден

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет1 ден

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...