Контакт

Надворешна политика

Ватикан ќе ги отвори архивите за македонските истражувачи

Објавено пред

Тајните архиви на Ватикан ќе бидат отворени за македонските истражувачи, договориле во сабота Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, во рамки на 40-минутната тет-а-тет средба со папата Франциск во Ватикан.

dobivaj vesti na viber

 

 

„Конечно, тајните архиви на Ватикан се отворени за нашите истражувачи. Значи, во најскоро време двајца наши истражувачи можат да дојдат да го истражуваат сето она што досега не ни било достапно“, изјави претседателот Иванов по аудиенцијата.

 

Тој информира дека разговарале за многу прашања од заемен интерес, актуелни кај нас, но и во Европа и светот.

 

„Извонредна посета исполнета со многу прашања од заемен интерес. Со Папата разговаравме и за прашања кои се актуелни како кај нас, но и во Европа и светот, оти неговата улога во денешно време, кога цивилизацијата се соочува со бројни предизвици, тој како личност настојува да се продлабочи мирот и да се шири идејата за она што е вредност негувана во христијанството и другите религии“, рече Иванов.

 

Разговарале и за актуелната состојбата со мигрантите и бегалците и за начинот на кој досега се реагираше за да се излезе во пресрет на сите тие луѓе. Станало збор и за прашањето за името и од каде потекнуваат сите наши блокади и отворени прашања.

 

„Пројавениот интерес лично од страна на Папата и за прашањето за името и за актуелните состојби кај нас и во регионот кажува дека ги следи сите настани и е заинтересиран каде што може да придонесе“, изјави Иванов.

 

Претседателот Иванов на папата Франциск му подари сребрен филигрански крст со македонски рубини.

 

По аудиенцијата, шефот на македонската држава оствари средба со државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пјетро Паролин, на која, како што рече, имале коструктивен разговор за сите прашања што се однесуваат на односите меѓу Македонија и Ватикан.

 

„Соработката, која и досега постои, ќе се продлабочи во сферата на образованието меѓу нашите два универзитета, меѓу академиите на Македонија и Ватикан, но и во можноста во здравствените установи на Ватикан, каде што има наши дечиња кои се третираат од тешки болести, да продолжат да се усовршуваат наши лекари“, рече Иванов.

 

Со државниот секретар ги разгледале сите прашања што се поврзани со билатералните односи и притоа му ја врачил поканата идната година да ја посети Македонија, кога слави 1.100 години од упокојувањето на големиот ученик на светите Кирил и Методиј, нашиот патрон Свети КлиментОхридски.

 

„Посакуваме да дојде до тоа чествување кое ќе биде во текот на целата година. Секогаш кога се остварува посета на државен секретар на Ватикан на некоја земја тоа на некој начин значи вовед во подготовка на посетата на Папата на таа земја“, истакна претседателот Иванов.

 

На средбата станало збор и за можна канонизација на мајка Тереза, која би требало да се реализира догодина.

 

Иванов во оваа пригода го најави и поставувањето спомен плоча за светите браќа Кирил и Методиј во понеделник во црквата Санта Марија Маџоре во Рим, негова неколкугодишна иницијатива.

 

„По неколкугодишен заеднички напор, мој и на Папата, се овозможи да ја имаме можноста да искажеме благодарност од македонскиот народ за чинот што е случен во Рим, во црквата Санта Марија Маџоре. Како што е познато, во тој храм првпат се осветени светите книги кои се преведени на старословенски јазик и на тој чин Папата ги осветува книгите кои ги донеле Кирил и Методиј. Кога видов дека другите народи искажале благодарност, ја покренав иницијативата пред неколку години да ни се овозможи нам, како македонски народ, да поставиме спомен плоча во која ќе искажеме благодарснот за тој чин“, појасни Иванов.

 

Инаку, ова е шеста негова посета на Ватикан, а прва на македонски претседател на Ватикан. Сите досегашни посети беа на денот на Свети Кирил и аудиенција на Папата во склоп на свеченостите поврзани со Свети Кирил.

 

„Ова е прва официјална посета која следува по 20 години воспоставени дипломатски односи и извонредните односи што ги гаиме со Ватикан во сферата на културата, образованието и здравството и архивското работење“, истакна претседателот Иванов. /крај/со/ст

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија2 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија4 часа

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија5 часа

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија5 часа

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...

Македонија5 часа

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија6 часа

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион7 часа

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...

Свет7 часа

Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече...

Македонија8 часа

МВР потврди: Уапсен Артан Груби

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. „Денеска (23.02.2026) во...

Европа8 часа

(Видео) Трамп го обвини дека е диктатор, Зеленски одговори со насмевка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски возврати на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп во кои тој сугерираше дека е диктатор...

Свет8 часа

Силна зимска бура во САД: прогласена вонредна состојба во пет држави

Силна зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што е издадено предупредувања за 59 милиони луѓе. Во Њујорк...

Свет9 часа

(Видео) Убиен Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико: избувнаа немири

Немесио Осегера Сервантес, попознат како „Ел Менчо“, најбараниот човек во Мексико и водач на моќниот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG),...

Свет10 часа

Иран и САД ќе ги продолжат разговорите в четврток

Иран и САД ќе одржат трета рунда разговори во Женева в четврток, изјави министерот за надворешни работи на Оман, поради...

Свет10 часа

Кина ја повика Америка да ги укине царините

Кина спроведува „целосна проценка“ на одлуката на Врховниот суд на САД за царините и го повика Вашингтон да ги укине...

Европа10 часа

(Фото) Полицајка убиена во Лавов, 24 ранети; Зеленски: Русија регрутирала напаѓачи преку интернет

Полицајка е убиена, а 24 лица се ранети откако неколку експлозивни направи беа детонирани во Лавов, западна Украина, соопшти полицијата...

Свет21 час

Иран e подготвен на компромис со САД за да избегне американски напад, објави Ројтерс

Иран кажал дека е подготвен да направи отстапки во својата нуклеарна програма во разговорите со САД, во замена за укинување...

Свет23 часа

Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат

Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида....

Свет1 ден

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет1 ден

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...

Свет1 ден

Индија го одложи патувањето на трговска делегација во Вашингтон поради нејасности околу царините на САД

Индија го одложи планираното испраќање трговска делегација во Вашингтон оваа недела, главно поради неизвесност по одлуката на Врховниот суд на...