Контакт

Надворешна политика

Величковски-Хоџис: Продлабочување на соработката меѓу АРМ и Вооружените сили на САД

Објавено пред

Kомандантот на копнените сили на САД за Европа, генерал-потполковник Фредерик Бен Хоџис, кој е за првпат во официјална посета на Македонија и АРМ, во вторникот оствари средба со началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски.
 

dobivaj vesti na viber

Хоџис изрази благодарност за сеопфатната поддршка на АРМ од Командата на Вооружените сили на САД за јакнење на одбранбените капацитети и подигнување на подготвеноста на АРМ преку поддршката на учество на АРМ на вежбовните активности како и спроведувањето на одбранбени проекти од регионално значење со акцент на Балканските медицински наменски сили.

Командата на Вооружените сили на САД логистички ја поддржа АРМ при учеството на мултинационалната вежба Анаконда -16, каде 157 припадници на АРМ имаа можност да ја докажат интероперабилноста со останатите армии од НАТО.

Меѓу другото за време на официјалните разговори стана збор и за капацитетите кои АРМ може да ги понуди за обука и тренинг како и заедничко учество на АРМ на меѓународните вежби со претставници од Копнените сили на САД за Европа во 2017 година.

Началникот на ГШ на АРМ во своето обраќање пред медиумите информираше дека капацитетите, можностите и достигнувањата на нашите припадници на вежбата Анаконда -16 беа високо оценети од армијата на САД  што ни дава за право да констатираме дека сме на правиот пат кон полноправно членство во НАТО.

Генералот Хоџис истакна дека е импресиониран  од ентузијазмот на питомците на Воената академија пред кои во текот на вчерашниот ден имаше обраќање и вети целосна поддршка за развивање на оваа институција во рамките на неговите можности. Исто така ја истакна посветеноста на АРМ и МО да се движат напред кон Евроатланската интеграција, каде членството на Република Македонија ќе придонесе за зголемување на безбедноста и стабилноста во Европа и регионот.

За време на престојот во ГШ на АРМ, генералот Хоџис оствари средба и  со министерот за одбрана, Зоран Јолевски. Генералот Хоџис денешната посета на АРМ ја заокружи со посета на баталјонот на воена полиција, каде беа презентирани структурата, задачите како и  дел од средствата со кои располага единицата./крај/мф/бс

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

Променливо облачно време со дожд за Божик, на планините снег

Времето денес променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во...

Свет2 часа

Трамп: Постигнавме договор за нафтата од Венецуела, ние ќе ги контролираме приходите

Каракас и Вашингтон постигнаа договор за извоз на венецуелска сурова нафта во САД во вредност до две милијарди долари, изјави...

Македонија2 часа

Денеска е Божик – денот на христовото раѓање

Православните христијани во светот, во Македонија и црквите кои се раководат по Јулијанскиот календар денеска го слават Рождеството Христово –...

Европа11 часа

Коалицијата на волните договори што по мирот во Украина

Триесет и пет земји од таканаречената Коалиција на волните во вторникот ја поддржаа Париската декларација во која се детално опишани...

Свет14 часа

Берни Сандерс: Шест причини зошто нападот на Трамп врз Венецуела е погрешен

Нападот на САД врз Венецуела во текот на викендот предизвика остри осуди од целиот свет, а критики беа упатени и...

Европа14 часа

(Видео) Маж избол до смрт кондуктер во Италија, па избегал со воз: во тек е масовна потрага по Хрват

34-годишниот кондуктер Алесандро Амброзио беше избоден до смрт синоќа на главната железничка станица во Болоња. Полицијата го идентификуваше осомничениот напаѓач...

Македонија16 часа

(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека...

Македонија16 часа

(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни

„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и...

Европа17 часа

Европа под мраз: Откажани летови, затворени патишта и жртви во сообраќајот

Смрзнувачки временски услови денес зафатија делови од Европа, а снегот и мразот предизвикаа откажување на стотици летови во Холандија, а...

Македонија18 часа

Сиљановска-Давкова: Божиќните празници ќе ја зацврстат нашата вера и надеж и ќе нè потсетат на човековата насушна потреба од чинењето добри дела

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Божиќ, упати честитка до граѓаните кои го прославуваат денот на Христовото раѓање,...

Македонија20 часа

(Фото) Ѓорѓиевски: Овој свет празник да ни донесе мир во душите и слога меѓу луѓето, заедно, со љубов и радост, да го дочекаме светлото Христово раѓање

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес присуствуваше на традиционалното одбележување на големиот христијански празник Бадник во Соборниот храм, каде во духот на...

Топ20 часа

Изгубил контрола врз возилото и удрил во бетонски ѕид: во сообраќајната незгода повредени двајца малолетници од Тетово

Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Емин Бојана“ во село Бојане, скопско, 47-годишниот М.Ш....

Европа21 час

(Видео) Барот во Швајцарија никој не го проверувал пет години: прскалките сега се забранети

Ски-барот кој изгоре на новогодишната ноќ не поминал низ безбедносни проверки пет години, открија швајцарските власти на прес-конференција. Во трагедијата...

Македонија22 часа

(Фото) Градоначалникот Георгиевски им подари пакетчиња на коледарите од општина Илинден

По повод големиот христијански празник Бадник, коледарите од општина Илинден со традиционални бадникови и коледарски песни ја најавија радосната вест...

Топ22 часа

Уапсен возачот што удри пешак на ГП „Долно Блаце“, следува пријава

На 06.01.2026 околу 01:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на меѓупросторот помеѓу Граничен премин „Хани Елези“ и Граничен...

Свет24 часа

(Видео) Клучен човек на Трамп: Никој нема да војува за Гренланд, тој треба да биде дел од САД

Заменик-шефот на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп и еден од неговите клучни советници, Стивен Милер, разговараше со Си-Ен-Ен за...

Свет1 ден

(Видео) Американскиот министер за одбрана се потсмеваше на руската воздушна одбрана во Венецуела

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ја исмеа ефикасноста на руските системи за воздушна одбрана распоредени во Венецуела откако американските...

Свет1 ден

Трамп: Нема да има избори во Венецуела во следните 30 дена, мора да ја средиме земјата

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не очекува нови избори во Венецуела во следните 30 дена. „Ќе потрае некое време“...

Свет1 ден

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени ја погоди западна Јапонија

Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди регионот Чугоку во западна Јапонија во вторник наутро, по што следеа низа...

Свет2 дена

Идентификувани сите жртви во пожарот во Швајцарија, повеќето од нив се помлади од 18 години

Швајцарските власти ги идентификуваа сите 40 жртви од ужасниот пожар што се случи во бар за време на новогодишната ноќ...