Надворешна политика
Вељаноски – Баришиќ: Хрватска сака да ја види Македонија што поскоро во ЕУ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/veljanoski20barisic.jpg)
Собранискиот спикер Трајко Вељаноски во четвртокот се сретна со новоименуваниот амбасадор на Хрватска во Република Македонија, Данијела Баришиќ, при што двајцата соговорници изразија убедување дека досегашната успешна соработка меѓу двете земји и натаму ќе продолжи преку остварување нови заеднички проекти.
Вељаноски истакна дека Македонија и Хрватска имаат одлична билатерална соработка и дека Собранието на Република Македонија и хрватскиот Сабор имаат плодна соработка на сите нивоа, со можност во иднина да се зголеми интензитетот на остварени средби, како на ниво на претседатели на парламенти, така и на ниво на пратенички групи за соработка и на парламентарни комисии. Двајцата соговорници се согласија дека е потребно да се интензивира економската соработка што претставува предизвик за амбасадорот во следните години на мандатот во Македонија.
На средбата се разговараше и за моменталната политичка ситуација во Македонија, како и за тековната работа на Собранието.
Стана збор, исто така, и за предизвиците со кои се соочува Македонија во однос на евроинтеграциите, при што Баришиќ истакна дека Хрватска секогаш ја потенцира потребата за што поскоро приклучување на Македонија во Европската унија. Соговорниците се согласија дека интеграцијата на земјите од западен Балкан е од клучно значење за стабилноста и просперитетот на регионот и Европа во целина.
Вељаноски ја потенцираше отвореноста на македонското Собрание за соработка и континуирана комуникација со амбасадата на Република Хрватска за сите прашања од заеднички интерес./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/02/mucunski-viena.jpg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/mucunski-varheji.jpg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/Ukraina-1.jpg)
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.