Контакт

Надворешна политика

Вељаноски: ЦЕИ и дава посебна димензија на регионалната соработка

Објавено пред

Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) е една од најстарите европски регионални организации, а денес таа здружува 18 држави од кои десет се членки на ЕУ, што секако дава и посебна димензија на она што го викаме регионална соработка, истакна претседателот на Сорбранието, Трајко Вељаноски во четвртокот на отворањето на Седницата на Парламентарното собрание на Парламентарната димензија на ЦЕИ.

dobivaj vesti na viber

„Во мај месец годинава, исто така, се одржа сесија на Парламентарниот комитет, а од тогаш па се до денес во регионот, а и во Европа се случија многу работи кои од една страна се загрижувачки за сите нас, но истовремено уште еднаш го потврдуваат принципот дека само преку регионална соработка на повисоко институционално ниво можеме да ги решаваме проблемите. Секако тука пред се мислам на бегалската криза и сите оние предизвици, проблеми и закани кои доаѓаат или подобро речено веќе се тука меѓу нас“, истакна собранискиот спикер.

Според Вељаноски, за жал трагичните настани во Париз ја потврдуваат реалната опасност од тероризмот кој доаѓа од таканаречената Исламска држава, а кој реално гледано нема никаква поврзаност со исламот како релегија. Должност на секоја држава и секоја влада е да ги заштити своите граѓани, но истовремено преку соработка да придонесе кон глобалната борба против тероризмот, додаде претседателот на македонскиот парламент.

„Во овој период откако започна бегалската криза низ Република Македонија поминати се стотици и стотици илјади луѓе. Сепак, благодарејќи на организираноста и ангажманот на државните институции, но и на невладиниот сектор успеавме на овие несреќни луѓе да им ги обезбедиме оние основни услови за живот, храна, вода, облека, средства за лична хигиена и секако медицинска помош на оние на кои им беше потребна. Односно да обезбедиме колку толку достојно и безбедно поминување низ Македонија на нивниот пат кон Западна Европа. Истовремено, почитувајки ги меѓународните норми и принципи, како и заклучоците на ЕУ, сите овие луѓе се регистрирани односно им се издадени соодветни документи. Секако, ова да биде направено во голема мерка зависи и од соработката на нашите надлежни институции со надлежните институции со државите во регионот“, порача Вељаноски.

Според него, за жал, таа соработка со Грција е далеку од тоа каква треба да биде, иако станува збор за заеднички проблем и предизвици за двете држави.

„Понатаму, морам отворено да истакнам дека од страна на ЕУ имаме добиено многу мала помош и средства за справување со бегалската криза. Патем, и на последниот состанок во Брисел беше истакнато дека на Македонија мора да и се помогне пред се материјално за да продолжи успешно да се носи со бегалската криза.  Затоа, сакам уште еднаш да апелирам до вас, пред се до нашите членки кои истовремено се и членки на ЕУ да не дозволат бегалската криза да се решава парцијално и на товор на одредени држави. Солидарноста е принцип врз кој се темели денешна Европа,  но да незаборавиме дека мирот и безбедноста се неделиви категории. Ако ги почитуваме овие принципи мислам дека секоја членка поединечно, но и на ниво на Европа ќе можеме успешно да се справиме со овие проблеми и предизвици“, заклучи собранискиот спикер.

Вељаноски на крајот додаде дека претседавањето на Македонија со ЦЕИ било особено активно и со конкретни резултати, и порача дека верува оти дека и новиот претседавач Босна и Херцеговина ќе продолжи во тој правец, посакувајќи и на оваа земја успешно претседавање./крај/мф/бс

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Преспанци ќе добијат можност сами да предложат како да се уредат 30 локации на кои досега на диво трупаа ѓубре

Купишта ѓубре безмалку на секоја улица и силна смрдеа ги пречекуваат и оние малкумина туристи што ќе одлучат да ја...

Македонија40 минути

Нормализиран сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар

Од 15:05 часот сообраќајот на регионалниот пат Р-1202, Маврово – Дебар, кај местото викано „Ростушко анче“ е нормализиран, извести АМСМ....

Македонија2 часа

(Видео) „Истрагата за Кочани се спроведува неселективно и во целост, а Филипче и ‘шарените’ знаат само да злоупотребуваат трагедии“, вели Манасиевски

„Истрагата за Кочани од страна на МВР е спроведена во целост и без поштедување кого било, како што тоа во...

Македонија3 часа

Новиот министер за хаосот со паркингот на Клинички: Имаме идеи, сè уште немаме решение

Краткорочно имаме идеи, сè уште немаме решение, но работиме на тоа и веруваме дека за кратко време ќе бидете известени,...

Македонија4 часа

(Видео) „Фирмата и сопругата на Салтировски донатори на ВМРО-ДПМНЕ, ете зошто власта ги штити“, вели Кузеска

„Македонија се соочува со најголемата измама и обид за затскривање на вистината за најголемата трагедија која се случи во поновата...

Македонија4 часа

Од денес до петок – пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Од денес до петок во попладневните и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер,...

Свет5 часа

Шефот на иранската атомска енергија: Нуклеарните централи се во добра состојба и покрај нападите

Иранските државни медиуми денес објавија неколку кратки изјави од страна на службеници задолжени за нуклеарната и за енергетската инфраструктура. Шефот...

Македонија6 часа

Арсовска: Не биди ѓубре, не биди криминалец, не биди Јулијана

Ако се прашувате зошто со месеци и години има проблеми со собирање на комуналниот отпад во Скопје, одговорот е поради...

Македонија7 часа

Евакуирани првите македонски државјани од Израел

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека првата група македонски државјани, кои побараа евакуација од територијата на Израел,...

Македонија7 часа

МОН го зголемува бројот на ученици во средните стручни училишта

МОН го зголемува бројот на упис на ученици во средните стручни училишта. Од речиси 28.000 места во учебната 2025/2026 година...

Македонија8 часа

Филипче за Мицкоски: Слаб говор, лоши пораки

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека премиерот Христијан Мицкоски, на 35-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ, имал слаб говор и...

Македонија8 часа

Мицкоски: Сите функционери во нашата партија мора да бидат свесни дека ова што го работиме не е лична игра, туку служба

ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на историското ВМРО, основано во 1893 година, кога нашиот народ, иако под туѓи потчинувања и под притисоци,...

Македонија21 час

Уште еден случај на семејно насилно – скопјанец со возило се обидел да ја прегази сопругата, па ја истепал

Уште еден случај на семејно насилство во Скопје, сопруг се обидел да ја прегази сопругата со автомобил, кога не успеал,...

Свет21 час

Трамп: Нема да го убиеме иранскиот лидер, барем не засега

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави низа пораки на социјалните мрежи во врска со Иран, вклучувајќи една во која бара...

Свет1 ден

Кремљ: Руската понуда сè уште е на маса, но Израел засега не е заинтересиран за мирно решение

Кремљ изјави дека гледа дека Израел не сака посредништво во конфликтот со Иран, кој влегува во својот петти ден по...

Македонија1 ден

40-годишен скопјанец ја истепал мајка си: со тупаници ја удирал по лицето и телото и ја гризел, предложен притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Телесна...

Свет1 ден

Шефицата на американската разузнавачка служба: Иран не гради нуклеарно оружје; Трамп: Не ме интересира што кажала

На летот при враќањето од самитот на Г7 во Канада американскиот претседател Доналд Трамп повторно инсистира дека Иран е многу...

Свет1 ден

Опасна најава од Израел: „Ќе видите некои изненадувања што операцијата со пејџерите ќе ви се чини едноставна“

Израел сè уште има некои изненадувања во ракавот во борбата против Иран, изјави израелскиот амбасадор во САД, Јехиел Лајтер. Тој...

Македонија1 ден

Истепал и влечел девојче по улица, кога дошла полицијата, се заканил дека ќе ги нападне со секира и тесла: предложен притвор за 23-годишен велешанец

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и предложи определување мерка притвор за едно лице осомничено за кривично дело – Насилство...

Македонија1 ден

(Видео) Ако Обвинителството не отвори постапка за Филипче за луксузниот џип, ќе докаже дека работи под негов диктат, вели Мицевски

„Ако ЈО не отвори постапка за Филипче за луксузниот џип, ќе докаже дека работи под негов диктат. Филипче добил луксузен...