Надворешна политика
Вељаноски – Хан: ЕП е подготвен да помогне во надминувањето на актуелната политичка состојба
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, во вторникот се сретна со комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, при што нагласи дека ваквите средби се одлична можност за разменување на мислења и ставови што е од големо значење за Македонија, особено во насока на остварување на една од приоритетните цели на државата, а тоа е интегрирање на земјата во Европската унија (ЕУ).
На средбата беше разговарано за посветеноста на Македонија во остварувањето на реформите за што поскоро отпочнување на пристапните преговори за влез во Европката унија, за актуелните случувања во државата и тековните активности на Собранието на Република Македонија.
Еврокомесарот Хан истакна дека неговата посета е со цел да се нагласи заинтересираноста на Европската унија и нејзините институции за што поскоро надминување на моменталните несогласувања настанати на политичко ниво. Комесарот потенцираше дека Европскиот парламент е подготвен да помогне со свое надворешно посредување, доколку тоа би придонело во надминување на актуелната состојба.
Вељаноски посочи дека, можеби, доколку се одржи заедничка средба на македонските политички партии заедно со сестринските европски партии, ќе почне полека да се работи на враќање на довербата меѓу нив, што е основа за натамошниот дијалог и надминување на несогласувањата.
Двајцата соговорници се согласија дека работата на Собранието и неговиот придонес во функционирањето на една држава е од исклучително значење од што произлегува потребата тоа да работи со полн капацитет.
Вељаноски истакна и дека досега сите пратеници заеднички работеле за постојано зајакнување на капацитетите на Собранието, за што секоја година македонскиот парламент добива позитивна оценка во Извештајот на Европската унија. Тој уште еднаш изрази надеж дека опозицијата ќе прифати да се врати и конструктивно да учествува во работата на Собранието.
Комесарот Хан се согласи дека во едно „зрело демократско општество“ дебатата треба да се одвива во парламентот, бидејќи „собраниската говорница е најдобар инструмент да се изразат мислењата и ставовите“. Истакна и дека очекува сите политички партии да придонесат во приближувањето на различните ставови и оти „се надева дека опозицијата ќе се приклучи во работата на Собранието“.
На крајот на средбата двајцата соговорници изразија надеж дека денешната посета и средбите на комесарот со сите засегнати фактори ќе бидат поттикнувачки импут во подобрување на политичката клима во државата./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.